Aceva напиша:
Другарка и на ДаБиче била информирана за контрацепција, ама не купувала кондоми. Би се очекувало дека машкиот партнер (поготово тој волот од 38) ќе истрча со некое паковање, ама како шо вика ЗедисДед - не треба да се спие на тоа уво - ама ич.
А да почнеа женките малку посериозно да си ја сфаќаат кондомштината?
Можам да кажам дека скоро со сите партнерки досега, следувало разголување и ширење ноги без да знаат дали имам кондом. Облеката доле - фрц. Или јас налетувам на ептен промискуитетни, или па им личам на многу одговорна особа, ме читаат дека си носам... или...или до толку неможат да ми одолеат (сумљам).
Мислам дека девојките многу помалку обрнуваат внимание на заштитата, а на што се должи тоа незнам. Можеби на стравот од реакцијата на партнерот доколку побараат да стави презерватив, можеби се срамат да купат презерватив, да го носат со себе за во случај на зорт или пак да му го понудат на партнерот. Баш денес на работа колега ми раскажуваше случка, вика: "Абе алал да и е, идење кај неа дома и одма од ташна го извади (кондомот)".
Каква смешна случка сум имал пред неколку години... девојка со која бев во врска десетина дена, ситуација за секс и јас ја одбивам бидејќи немавме кондом. Абе љута, ифрит! Пцуе и вика: "Што ме мислиш ти мене бе, јас курва ли сум па се плашиш"? Реплицирам: "А од каде си ти сигурна дека недај боже јас нема да ти пренесам нешто"? Да ти ги имам цицките, да ти го немам паметот...