KIss goodbye your pensions -Се изгореа нашите пензиски фондови

Принцезичка

courage is contagious
Член од
12 декември 2008
Мислења
1.556
Поени од реакции
348
Поточно приватните пензиски фондови, а пошто држава има рејтинг едвај над junk статус прашање е на време додека го добие тој статус .... па ќе нема ни државни пензии....
Купувале обврзници од Грција, Ирска и од Португалија!
Друштвата што управуваат со двата приватни пензиски фондови „КБ прв отворен пензиски фонд“ и „НЛБ пензиски фонд“ лани вложиле околу 6 милиони евра во обврзници издадени од владите на Грција, Ирска и на Португалија, земји што се носители на должничката криза во Европа. Тоа е околу 3 отсто од вкупно 200 милиони евра со кои располагале фондовите во текот на 2010 година. Во Народната банка велат дека вложувањата во овие високоризични хартии од вредност биле извршени и покрај тоа што меѓународните рејтинг-агенции јавно укажале на лошата финансиска состојба во овие земји и најавиле намалување на вредноста на обврзниците.

„И покрај сознанијата добиени преку објавите на меѓународните рејтинг-агенции дека вредноста на обврзниците издадени од владите на овие земји почнала да се намалува уште од јануари 2009 година и таквиот тренд продолжил во текот на целата година, друштвата што управуваат со пензиските фондови сепак одлучиле дел од средствата на задолжителните пензиски фондови да вложуваат во овие обврзници“, се вели во последниот извештај за финансиската стабилност во Македонија, издаден од Народната банка.

Во НБМ велат дека голем дел од вкупната загуба на фондовите во минатата година во износ од околу 1,8 милион евра се должи на овие вложувања.

„Вториот вид инструмент што значително придонесе за порастот на неостварената капитална загуба на задолжителните пензиски фондови е вложувањето во обврзница издадена од Владата на Грција во 2010 година. Оваа обврзница учествува со 40,1 отсто во порастот на неостварените загуби на овие фондови“, велат во НБМ.

Инаку, според нашите сознанија, во обврзници издадени од Грција средства вложувале од „КБ прв отворен пензиски фонд“, додека во обврзници од Ирска и од Португалија вложувале од „НЛБ нов пензиски фонд“.

Во друштвата што управуваат со пензиските фондови потврдуваат дека мал дел од средствата на фондовите бил вложуван во обврзници издадени од земјите-должнички. Сепак, во двете друштва велат дека станува збор за маргинални загуби и додаваат дека најдобар доказ за тоа е што фондовите лани значително ја зголемиле добивката.

Јанко Тренкоски, директор на „КБ прво пензиско друштво“, кое управува со „КБ прв отворен пензиски фонд“, вели дека станува збор за минимални средства, кои немаат сериозно влијание врз годишните финансиски резултати на фондот.

- Двата фонда минатата година ја завршија со значително зголемување на добивката. Имаше изложеност кон овие хартии од вредност, но затоа постои диверзификација на ризикот и вложување во повеќе финансиски инструменти. Нормално е на 99 отсто успешен пласман на средствата, да има 1 отсто промашување - вели Тренкоски.

Во „НЛБ нов пензиски фонд“, друштвото што управува со „НЛБ пензиски фонд“, велат дека овие средства не се целосно загубени, туку дека се намалени.

- Вложувавме во овие хартии од вредност во период кога тие имаа висок рејтинг. Денес, за разлика од тогаш, има драматични промени на рејтинзите, кои навистина никој не ги очекуваше. Сепак, станува збор за маргинални средства, кои немаат никакво сериозно влијание врз финансиските резултати на фондовите - велат во фондот.

Во НБМ дополнително укажуваат дека токму од овие вложувања произлегува најголемиот ризик на кој се изложени фондовите имајќи предвид дека станува збор за странски обврзници издадени од земји што се соочуваат со исклучително силна должничка криза и чиј меѓународен кредитен рејтинг се влошува.
„Тоа придонесе за веќе споменатата неостварена загуба што произлегува од обврзницата издадена од Владата на Грција. Со оглед на тоа дека кредитниот рејтинг на Грција, Ирска и на Португалија продолжи да се намалува и во 2011 година, во иднина може да се очекува зголемување на капиталните загуби од вложувањата на фондовите во обврзници издадени од владите на овие земји. И покрај тоа што вложувањата во хартии од вредност издадени од Грција, Ирска и од Португалија се во согласност со регулативата за капитално финансираното пензиско осигурување, сепак друштвата што управуваат со пензиските фондови со овие вложувања ги изложиле фондовите на голем ризик. Поради тоа, друштвата за управување со пензиските фондови, а особено нивниот регулатор, треба да воведат поголеми ограничувања за овие вложувања“, велат во НБМ.
http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=71411833393&id=10&&prilog=0setIzdanie=22330
Се прашувам како можеле да не знаат за Грција , Португалија и Ирска
Кога се трубеше уште од 2009 дека се капут.
Мамицата нивна корумпирана па одозгора државните регулатори се прават даллајки
Вадете ги парите сместа од таму !!!
Во Агенцијата за супервизија на капитално финансираното пензиско осигурување (МАПАС) велат дека имаат контрола на работењето на пензиските друштва и на пензиските фондови и следат дали е тоа извршено во согласност со законот. - Одговорност на друштвата е да вршат инвестирање на средствата на задолжителните пензиски фондови во согласност со Законот за задолжително капитално финансирано пензиско осигурување, а за остварување највисок принос единствено во полза на членовите на пензиските фондови врз принципите на сигурност, ликвидност и диверзификација. Притоа, заради заштита и поголема диверзификација, постојат поголем број ограничувања и услови за тоа во кои инструменти и во кој максимален износ можат да се инвестираат средствата - велат во МАПАС.
Оттаму истакнуваат дека на глобално ниво инвестирањето во државни обврзници издадени од земји-членки на ЕУ или ОЕЦД се смета за една од најсигурните инвестиции.
- Во согласност со нашата регулатива има и дополнителен услов земјата-издавач да има долгорочен кредитен рејтинг за долг во странска валута „А“ или повисока според „Фич инвестор сервис“ или „Стандард и Пурс“ или „А2“ или повисок во согласност со „Мудис“. Инвестирањето во државни обврзници издадени од владите во Грција, Ирска и во Португалија беше во законските рамки за инвестирање, бидејќи нивните обврзници го имаа нивото барано со нашата регулатива во моментот на инвестирањето од страна на пензиските фондови - велат во МАПАС.
Оттаму информираат дека потоа следувало намалување на кредитниот рејтинг на овие држави.
- Законот предвидел вакви случаи бидејќи во пазарни услови се случуваат пораст и пад на рејтинг. Имено, во вакви случаи пензиските друштва имаат законски рокови за усогласување од 6 месеци до 24 месеци заради заштита на интересите на членовите на задолжителните пензиски фондови - велат во МАПАС.
Во агенцијата велат дека дополнителна сигурност е што најмногу 5 отсто од вредноста на средствата на задолжителниот пензиски фонд можат да се инвестираат во инструменти, издадени од држава-членка на ЕУ или на ОЕЦД.
- Заклучно со 30.6.2011, во портфолиото на КБ, грчката обврзница е со учество од 1,6 отсто од средствата на пензискиот фонд, додека во портфолиото на НЛБ, заклучно со 30.6.2011, учеството на ирската обврзница е со 2,2 отсто од средствата на пензиските фондови, што значи не станува збор за клучно влијание врз средствата на пензиските фондови - велат во МАПАС.
Аха да им верувам јас
 

THE_CHOSEN_ONE

1903-2012
Член од
13 август 2007
Мислења
3.718
Поени од реакции
1.326
Тие со мала пензија се оние кои ќе кои останат со куси ракави.
Треба како македонци да сме горди што самиот систем создава мехазнизми да го изрециклира општествениот отпад.

Повеќе работа за погребалните друштва ЈЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЈ!
 
Член од
16 април 2011
Мислења
607
Поени од реакции
154
Јас сум во НЛБ нов пензиски фонд 5-6 години и што нема да ми важат тие?
 

karan

бивш поет, плукач, вљубеник во слободата
Член од
31 мај 2006
Мислења
3.593
Поени од реакции
2.709
Јас сум во НЛБ нов пензиски фонд 5-6 години и што нема да ми важат тие?
А кој го рекол тоа?? Тхе Биг Бротхер??

Купувале обврзници од Грција, Ирска и од Португалија!
Друштвата што управуваат со двата приватни пензиски фондови „КБ прв отворен пензиски фонд“ и „НЛБ пензиски фонд“ лани вложиле околу 6 милиони евра во обврзници издадени од владите на Грција, Ирска и на Португалија, земји што се носители на должничката криза во Европа. Тоа е околу 3 отсто од вкупно 200 милиони евра со кои располагале фондовите во текот на 2010 година......

Во друштвата што управуваат со пензиските фондови потврдуваат дека мал дел од средствата на фондовите бил вложуван во обврзници издадени од земјите-должнички. Сепак, во двете друштва велат дека станува збор за маргинални загуби и додаваат дека најдобар доказ за тоа е што фондовите лани значително ја зголемиле добивката.

Јанко Тренкоски, директор на „КБ прво пензиско друштво“, кое управува со „КБ прв отворен пензиски фонд“, вели дека станува збор за минимални средства, кои немаат сериозно влијание врз годишните финансиски резултати на фондот.

Аха да им верувам јас
Ти можеш да си веруваш во што сакаш.. Еве ти и листа, па избери си:
http://en.wikipedia.org/wiki/List_of_new_religious_movements
 

Принцезичка

courage is contagious
Член од
12 декември 2008
Мислења
1.556
Поени од реакции
348
А кој го рекол тоа?? Тхе Биг Бротхер??

Ти можеш да си веруваш во што сакаш.. Еве ти и листа, па избери си:
http://en.wikipedia.org/wiki/List_of_new_religious_movements
Fala Karane одамна сум зачленет во думс деј култот :D
Ако стокиве во 2010 инвестирале во обрврзници во Ирска , Грција и Португалија .. Нејќум да мислам каде се не се инвестирало...или ќе почекаме да објават дека средствата се ерм... сериозно намалени ...
Веќе ја отворивме темава со малце сензационализам . Онака ме интересира има ли некаде податоци каде све се не инвестирани парите од фондот или не?
 
Член од
16 април 2011
Мислења
607
Поени од реакции
154
Тогаш не само на корисниците туку и на фондовиве црно им се пишува. Ќе избегаат луѓе од нив сигурно!!!
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.595
Поени од реакции
11.926
Fala Karane одамна сум зачленет во думс деј култот :D
Ако стокиве во 2010 инвестирале во обрврзници во Ирска , Грција и Португалија .. Нејќум да мислам каде се не се инвестирало...или ќе почекаме да објават дека средствата се ерм... сериозно намалени ...
Веќе ја отворивме темава со малце сензационализам . Онака ме интересира има ли некаде податоци каде све се не инвестирани парите од фондот или не?
годишен извештај за 2010, по фирми, држави, % од вк средства.
http://www.mapas.gov.mk/?ItemID=037385D17EA8B6499EADDAEDAA5A125F
најдолу, пдф формат
Уште некој да ги растумачи шифриве и податоциве...и овој податок подолу, арно би било. за мене ова е португалско село

Република Грција Државна евро-обврзница; 10 год.; 6,00%; 19/07/19 ЕУР 3.700.000 154.434.281 2,29%

баш ме интересира дал ќе остане некој денар за во пензија
 

leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.629
Поени од реакции
38.556
Мислам дека нема простор за паника во делот кој е контролиран од НБРМ. Имаат минимални ризични вложувања,но остатокот од 95% го вложуваат во сигурни пласмани со помала камата. Да немаат контрола,поради алчноста на човековото око може да се случи да ги изгорат пензиите на граѓаните. Но во случајот на Р.М и додека на некое глупо оФче не му текне да направи измени во регулативата на НБРМ секој денар е сигурен и заштитен.
 
Член од
14 мај 2009
Мислења
1.581
Поени од реакции
1.847

concrete

alte Esel
Член од
22 март 2005
Мислења
12.248
Поени од реакции
1.699
Мислам дека нема простор за паника во делот кој е контролиран од НБРМ. Имаат минимални ризични вложувања,но остатокот од 95% го вложуваат во сигурни пласмани со помала камата. Да немаат контрола,поради алчноста на човековото око може да се случи да ги изгорат пензиите на граѓаните. Но во случајот на Р.М и додека на некое глупо оФче не му текне да направи измени во регулативата на НБРМ секој денар е сигурен и заштитен.
......................i toa do sega bese edinstvenata SVETLA tocka vo TEMNATA Makedonska prikazna...Na onoj Gosev treba spomenik na plostad , barabar so Samuil da mu se naprai. Se nadevam deka novoto dete ke ostane na nivo na prethodnikot i kako sto e red, ke se trudi da bide i podobar.... :)
 

gade

Augustus
Член од
12 април 2008
Мислења
4.825
Поени од реакции
5.090
Повеќе треба да се секирате за природниот демографски тек отколку за ризичните вложувања.Кога ке стасаме до пензија, разликата меѓу работници и пензионери ке биде 1:1, еден вработен ке издржува еден пензионер.Пензиите ќе ви се доволни да си купите јамка и евентуално некој да ви помогне до најблиското дрво.
 
Член од
16 април 2011
Мислења
607
Поени од реакции
154
Повеќе треба да се секирате за природниот демографски тек отколку за ризичните вложувања.Кога ке стасаме до пензија, разликата меѓу работници и пензионери ке биде 1:1, еден вработен ке издржува еден пензионер.Пензиите ќе ви се доволни да си купите јамка и евентуално некој да ви помогне до најблиското дрво.
Можеби затоа е подобро да се вложуваат истиве пари во странски банки. Еднаш рачунав колку би изнесувало пензиските приходи до пензија. Ми излезе дека е околу 40 илјади евра. Тие да се во банка би имал околу 250 евра месечна камата.
 
Член од
14 мај 2009
Мислења
1.581
Поени од реакции
1.847
Не гледам ни поголеми турбуленции кај *КБ прв задолжителен пензиски фонд*.....
http://www.anicazna.com/Fond.aspx?ID_Portfelja=KBPRV-DMF&Tab=Grafovi
ако се смени датумот те месеци за колку бараме анализа, ќе видиме (график за 48 мес.) дека ни во Светската криза (2008) немаат голем пад туку стагнација поголемиот дел од годината, а падот е крајот на истата и во почетокот на 2009...скоро цела девета и десета... па еве и пола единаесетта се воглавно ОК, поред должничката криза со Гр. и поред сите Армагедон сценарија за Еуропа и за Мк....
 

Струмикс

Еден...не го знаеш!
Член од
9 декември 2005
Мислења
13.792
Поени од реакции
3.336
Значи... да не стравуваме (барем засега) за нашите пензиски заштеди?
 

Kajgana Shop

На врв Bottom