KEXP-FM

Erich Zann

Модератор
Член од
13 мај 2012
Мислења
14.612
Поени од реакции
31.819
KEXP-FM e радио станица со седиште во Сиетл, која е посветена и фокусирана на алтернативната музичка сцена, вклучително и инди рокот. Често пати кога вртам низ јутуб ваква музика се погодува да налетам на некој настап снимен токму за оваа радиостаница, која да бидам искрен им пружи и дава прилика на одлични бендови да се покажат, докажат, а со квалитетна обработка и снимање на настапот, да привлечат интерес кај народов.

Нема многу да должам со преведување и објаснување, доколку некој повеќе го интересира еве линкче. ЌЕ се посветам на музичкиот дел и настапите. Кој е ваш омилен настап, бенд кој ви оставил впечаток во ова студиско издание? Воедно во темава ќе може слободно да се постираат настапи на бендови досега реализирани, како и најнови кои следуваат во иднина.

Еве јас ќе го скршам мразот со ова ремек дело.

 
Последно уредено:
Член од
17 октомври 2011
Мислења
13.714
Поени од реакции
33.356
Исланѓаниве :love:


Аууф, да, сакав и јас да ги постирам. Но не се само тие од Исланд. Со оглед на тоа што веќе неколку години исландската (алтернативна) музичка сцена ми е „преокупација“ (читај: хоби), многу исландски изведувачи ми се допаднале токму поради настапите на KEXP. Arstidir, на пример, така ги открив. Еве уште некои од нив:

Of Monsters and Men сите ги знаеме по хитот Little Talks и деби албумот My Head Is An Animal. Little Talks сепак не беше песната со која јас ги открив и ми се допаднаа, туку Lakehouse, уште кога не беа толку популарни, и со настапот на KEXP:

Некои од вас веројатно се сеќаваат и на исландскиот состав Gus Gus, пред се на хитот од деведесетите, David, но и од настапот како „предгрупа“ на Faithless на еден од двата нивни концерти во Скопје, на Сајмиште. Ова е од нивниот албум Arabian Horse од 2011. Се мислев што да постирам, зашто неколку нивни изведби се прекрасни, но, ајде, еве, насловната од албумот:

А за Ólafur Arnalds сте чуле? Ако не, тој еден од оние кои мора да се слушнат. Музиката (инструментална, амбиентална) му е вистински лек за душа.

...to be continued.
 
Член од
5 јануари 2008
Мислења
2.801
Поени од реакции
3.053

Настапов пуштен на одмор во 3 саат сабајле седејќи на тераса лом, стонирајќи со друштвото со чувство дека единствено нешто на светот во моментот што постои сте вие
 

Erich Zann

Модератор
Член од
13 мај 2012
Мислења
14.612
Поени од реакции
31.819
@Zlatikevichius Olafur е гениј. Веќе неколку години го пратам, страшно добра музика има. Особено ми помага за концентрација при учење, читање и слично. Искулиран е скроз.


 
Член од
22 јуни 2010
Мислења
3.688
Поени од реакции
5.444

Подобро од студиската верзија
 

Erich Zann

Модератор
Член од
13 мај 2012
Мислења
14.612
Поени од реакции
31.819
Легендарен настап на Woven. Избезумив дека во студиото беа ови изведби иако ми се слушани преку 10 пати со сигурност, пошто вистинско уживање се.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom