The`bItCh
AdJuStAbLe mAdNeSs
- Член од
- 22 јануари 2005
- Мислења
- 4.605
- Поени од реакции
- 115
Делиција за едни, знак на престиж и показател на богатство за други, афродизијак за трети, главно јадење после мезе за четврти итн. = кавијар. Сте јаделе? Не сте јаделе? Го обожавате? Не можете да го поднесете? Идеја за темава ми даде ова подолу..
- Не би сакале вашите деца да не го осетат вкусот на кавијарот? Епа затоа престанете да го купувате наредните шест години - предупредуваат членовите на WWF (Светска организација за заштита на природата), тврдејќи дека во последните 15 години бројот на јесетри во Каспиското езеро, најчесто поради илегален лов, се намалил за 40%.
Симболот на Русија покрај далеку познатата вотка или пак калашников, кавијарот може сериозно да го снема - предупредуваат од WWF.
Економската криза која се појави после распаѓањето на СССР во 1991 година, доведе до масовен илегален лов на јесетри во делтата на Волга без гајле околу нивната големина. Оваа појава локалните власти не можеа да ја спречат.
Едноставно дојде до многу брзо истребување на овие ретки риби. Според податоците со кои располага WWF, секоја година само на Руското подрачје се конзумираат повеќе од илјада тони кавијар, од кои 92% доаѓаат од илегалниот лов.
Кавијарот на советите им беше достапен се до шеесетите од кога стана редок и скап. Како и да е, илегалната продажба на кавијарот во Русија ќе допринесе за негово исчезнување, а цената на овие мали кутиички што може да ги видите во некој поснабдени дисконти ќе биде уште повисока.
Заработката во секој случај е одлична, а за тоа дали нашите деца ќе можат да пробаат барем малку од него, ќе остане да видиме.
Јас имам јадено кавијар неколку пати. Прекрасен е!:je: