Карактер (имам свое јас!!!)

  • Креатор на темата Креатор на темата Сатори
  • Време на започнување Време на започнување
&

Разбираме,ама не менуваме зашто тоа е веќе дел од тоа што не прави нас-НАС!:smir:

Напротив!
Банално ми е да се повторувам веќе но ајде еве повторно да повторам, сите се менуваме под силно и долготрајно влијание!
А ако сме доволно среќни можеме сами да го избереме тоа влијание, во тој случај промената ќе биде конструктивна, значи на овој или оној начин сите ние постојано се менуваме, можеби само ситници, но сепак е промена.

А карактерот може да поприма и може да губи, тоа зависи од толку многу фактори но сигурно е дека не е константен во целиот наш живот!

:salut:
 
Ако некој и тие околу него не се труделе за тој да се изгради како подобра личност,секоја проба за промена би била залудна зашто тој веќе се оформил во личност каква што е...Промени може да претрпи личноста додека е во фазата на развој и не може сама да ги разграничи работите.
Тоа е мое мислење,сите се силни на зборови...кога некој ќе ми докаже дека може да се смени некоја веќе оформена личност ќе праиме муабет.

Зарем навистина веруваш дека постои такво нешто како оформена личност?
 
I'm seriously ко шо би рекол Картмен.

Зборот оформена личност некои си го сфаќаат премногу буквален.

Формирањето на карактерот оди цел живот. Само основата е оформена, а потоа според неа се вајаме понатаму.
 
Токму така, сите сме подложни на промени, на дополнувања, на одземања и понекогаш дури и не зависи од нас/само од нас, склуптурата која ќе ја направиме.
А таа склуптура никогаш не е завршена, па сега пресметајте.
 
Уште еднаш...Не,личност не се менува кога е стабилна веќе и се држи до она во кое верува,ако е лабилна може шо сака да праи...
И да,може да се надополнува личноста-учи додека е жива АМА НЕ И ДА ГО МЕЊА ТОА ШТО ВЕЌЕ Е!
 
Нормално дека се менува. Темелите на личноста се поставени врз емоциите и искуството. Сакаш да ми кажеш дека при притрпено разочарување, на пример, или после некоја случка која ти го променила животот ти ќе останеш ТОТАЛНО непроменета? А што си ти? Имаш дефиниција за себе? Стриктно објаснување, јас сум ова ова и ова и тоа сум била од кога сум се родила па се до денес. Не, со учењето нови работи (што е нормално за секоја жива индивидуа се додека си го дишуфка воздушулето) се доаѓа до поинакви сознанија и воедно доаѓа до поинаква перцепција, општо кон животот, кон самите себеси и кон другите, што на крај резултира со промена на одредени принципи кои сме ги имале дотогаш.
 
Памти Mawecko што си кажала, и види се за 5 год.

Ти со твојот пост идеш од крајност во крајност. Значи демек ке смени карактер ако е лабилна, во спротивно нема никакви!!! шанси да се сменела. Нема средина.

Не се фаќај ко слеп за стап. човек се менува, се дооформува, дали кон лошо, или кон подобро. Треба да бидеш тежок инат и да не се промениш.

Значи според тебе кога ке, или веќе ако се сметаш за оформена личност, нема веќе менување? Дури ни кон подобро?
 
Мене искуството само ме научило да не ги правам истите грешки во иднина,а не и да се сменам како личност...Едно е кога се надополнуваш со искуства,а друго е кога го менуваш сопственото ЈАС.
Додека не се случи нешто што би ме сменило си останувам до мојот став...
 
Значи според тебе кога ке, или веќе ако се сметаш за оформена личност, нема веќе менување? Дури ни кон подобро?

Која е поентата некој воопшто да се оформи како лоша личност и после да се менува...?
Да,сум инат и никој не може да ми го смени мислењето со негов збор или дело...и горда сум!:)Шут ми:smir:

А и да додадам дека јас за 5 години,а може и повеќе ќе бидам оформена личност...кога ќе имам семејство,работа и ќе треба самостојно да опстојам без некој да ме турка...сега уште се оформувам.
 
Мене искуството само ме научило да не ги правам истите грешки во иднина,а не и да се сменам како личност...Едно е кога се надополнуваш со искуства,а друго е кога го менуваш сопственото ЈАС.
Додека не се случи нешто што би ме сменило си останувам до мојот став...

лоооол

Па токму тие искуства ти го дооформуваат карактерот, со други зборови ти го менуваат, карактерот после тие искуства може да не ти е повторно ист, променет. Да се попраам, Не, не ти е повторно ист.

се надевам нема да останеш покрај твојот став откако ке се случи...
 
Нормално дека се менува. Темелите на личноста се поставени врз емоциите и искуството. Сакаш да ми кажеш дека при притрпено разочарување, на пример, или после некоја случка која ти го променила животот ти ќе останеш ТОТАЛНО непроменета? А што си ти? Имаш дефиниција за себе? Стриктно објаснување, јас сум ова ова и ова и тоа сум била од кога сум се родила па се до денес. Не, со учењето нови работи (што е нормално за секоја жива индивидуа се додека си го дишуфка воздушулето) се доаѓа до поинакви сознанија и воедно доаѓа до поинаква перцепција, општо кон животот, кон самите себеси и кон другите, што на крај резултира со промена на одредени принципи кои сме ги имале дотогаш.

Маwечко, читај, и одговори со аргументи, ако веќе одговараш, а познатиот став (не само твој, туку и на многу други - Јас сум таков и сега шо да прам) не е баш форумски настроен.
Многу си контрираш самата себеси. Ама твој избор, ако веруваш во тоа, и ако си задоволна со тоа што си сега, ти пожелувам да немаш многу прилики да се смениш (значи да живееш изолирана од останатите, иако кога ќе размислам подобро и тоа си носи последици..).
 
ЈАс не сум изолирана и тие што ги сакам-ме сакаат,среќна сум,имам успех во школо...тоа што некој ојле-дојле мисли дека не сум форумски настроена мене не ми значи ништо...тие што треба ме прифатиле каква што сум.
А за аргументи,си пишав јас уште во првиот пост и не мислам да се повторувам.
 
Повтори се за доброто на муабетов. Бидејќи аргументите што ги пиша во првиот пост, се малце, не, малце поише не-аргументирани (нејкам да употребам збор со кој би се навредил човек).
 
Ако на некој не му е јасно тоа што сум го напишала...
bk.gif

Првиот пост ми е страна поназад...си кажав јас убаво,а тоа што вие не се сложувате е друга работа.

:smir:
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom