Kako Vardar ke dotecam na race ke te...

Anco

За солун ДА, ЗА срем НЕ
Член од
1 ноември 2011
Мислења
8.603
Поени од реакции
15.403
...moz trebase drug naslov... ili samo kratko Zavir Hagjimanov.... malku ve ima svedoci na ovakov Vardar, pa vo negova ces i sekavanje prikazna za Vardar.
Jas ova dobro go pametam i skoro site skopjani,toa vreme ne ni trebase Ulcinj,Slncev breg ili Halkidiki i bevme srekni duri i presrekni/ i ova da go znate za toj Vardar kolku bese cist,nie ne nosevme voda so nas, tuku iskopaj edna slajka vo pesokta i pocekaj malku da se izbistri i napise.
-----------------------
LESNA TI ZEMJA - POCIVAJ VO MIR, A VARDAR KE DOTECE I SE KE ODNESE..
------------------------

Текстов е преземен од Пoрта3 а го постирашe проф. д-р Владо Симовски од Арxитектонски факултет,, одѐмнѐ у пензија. . ПРЕУБАВО!
НЕКОГАШ ВАРДАР БЕШЕ ЧИСТА РЕКА (Љ. и В. Симовски)
>>>>>>> Vlaldo Simovski - Ова што ќе го прочитате го напишала ќерка ми, уште како ученичка, според мое кажување. Случајно го пронајдов, го прочитав и не можев да издржам да не го понудам за објавување.
Оние кои се на моја возраст и кои како мене минувале дел од времето на реката Вардар во Скопје сигурно ќе се потсетат на тие времиња...
Татко ми често сака да се шета покрај Вардар. За мене тоа е неразбирливо бидејќи не можам да ги сфатам тие негови прошетки. Од време навреме застанува на определени места на речниот брег. Ништо не зборува. Стои така замислен. Како да сака нешто да види, нешто што го нема, што постоело, но исчезнало. Многу пати сум се обидувала да дознаам за што се работи, но тој секогаш го одбегнуваше објаснувањето велејќи: - Времето одмина, треба да се враќаме дома.
Сепак еден топол јулски ден, кога речните води знаат да предизвикаат неодолива желба за капење неочекувано тој, веројатно не можејќи да издржи повеќе, занесено и растреперено почна да ја раскажува својата приказна од детските и младешки денови.
- Еве на ова место постоеше плажа по име †руска∏. Тука се капеа похрабрите - започна тој.
- Зар на Вардар сте се капеле? Погледај ја водава, да не речам смрдлива и речиси безживотна. Во неа не е возможно никакво капење - побрзав да му речам.
- Не брзај, почекај да ја довршиме прошеткава, па сî ќе ти објаснам - ме смируваше татко ми.
Потоа, продолживме натаму, долж реката. Пријатен вардарец н¢ разладуваше, помагајќи ни полесно да ја поднесуваме летната горештина. Тогаш татко ми пак застана и рече: - На ова место беше градската плажа, она беа кабините. Како што гледаш тие се жив спомен за нашиот летен живот овде. Во јули и август тука вриеше од капачи, особено млади. А потоа фаќајќи ме под раката ми рече: - А сега ќе продолжиме и ќе дојдеме до плажата што беше најблиска до еден дел на градот. Се викаше †Опатија∏.
- Знам! - му возвратив. - Ти тука секогаш седнуваш на едно место, се загледуваш во речните води и како да воздивнуваш. А горе, над реката гордо се издигнува нашата градска тврдина.
- Види, види! Добро си забележала - ми рече зачудено и додаде: - На †Опатија∏ сум поминал повеќе од десетина лета, тука сум научил да пливам, тука го познавав секое вирче, секое камче. Ми се чини дека дури и речното дно би можел да го нацртам. Ех, што убаво ни беше! - силна воздишка му се оттргна од градите. - Онака, од утро до самрак сите дечиња од нашето маало, по цел ден на Вардар, од завршување на училишната година до почеток на новата, вљубени во својата плажа и река. Сончање, капење, детски игри, смеа... ех, да може тоа да се врати. Не само за мене, туку и за вас. Колку би сакал да можев да ве учам тука да пливате ти и твоите браќа. Да ви кажувам каде најлесно се плива, да ви објаснувам како да ги одбегнувате брзаците. Да се капеме сите заедно на истото место, онака како што сум се капел јас со мајка ми и татко ми, вашите баба и дедо. Ех, да може тоа да се врати. Но...
- Но за тоа треба, пред с¢, чиста и незагадена речна вода, сигурно онаква каква што била тогаш - ги продолжив неговите мисли.
- Да, така е - прифати тој. - С¢ до земјотресот од 1963 година, а и можеби малку после него, нашата река Вардар немаше што да ја загадува на потег од речиси дваесет километри, некаде од Ѓ. Петров, па скоро до Автокоманда. Беше започната градбата само на дел од населбата †Карпош∏, ништо повеќе. Тоа значи дека во Вардар се испуштаа канализациски води некаде под †Опатија∏, а се сеќавам дека за нив постоеше посебен канал, одделен од речните води. Исто така, не беа изградени ни индустриски капацитети што би биле причинители на загадување на нашата сакана река. Но, напредокот не н¢ одбегна ни нас. Решивме да изградиме модерен град, не знаејќи дека набргу ќе сфатиме дека ќе ја изгубиме реката, куќите со убави дворови и зеленилото кое н¢ чуваше од неподносливата летна жега, чистиот воздух... Сигурно дека сме добиле многу, но и дека сме изгубиле. Најверојатно повеќе сме добиле отколку што сме изгубиле. Но како натаму? Ние ја изгубивме нашата река во која дури живееја и убавите речни ракчиња, а за рибите и да не зборуваме! Вам ви оставаме обичен тек во кој се влева градската канализација, разни отпадни води со сомнителна природа. За другите видови загадувања на градот сега и да не разговараме. Ние потрошивме дел од животот, но, тој е пред вас, вие треба да живеете во здрава и чиста средина, на здрава и чиста планета, на нашата драга Земја.
А потоа тој наеднаш престана да зборува, како да ги беше истрошил зборовите. Само рече: - Доста беше, ајде се враќаме дома. Многу зборував. Ако ме чуе некој ќе си рече: - Сите овие, штом направат повеќе години почнуваат да тажат за младоста. С¢ нешто зборуваат.
Не му реков ништо. Враќајќи се дома забележав некои луѓе кои, како татко ми, им објаснуваат нешто на оние со нив. Веројатно и тие жалат за својот Вардар што го изгубиле.
Не му реков ништо обидувајќи се да не обрнувам поголемо внимание на неговата исповед. Но не можев. Таа во мене како да започна да буди нешто, како да почнав да размислувам и сфаќам дека човекот како најразумно битие на планетава носи голема одговорност за иднината на Земјата. Па, ако се продолжи вака, со грешење, каде ќе стигнеме? Зошто самите да се самоуништуваме?
И решив цврсто. Ќе се обидам да се борам да се врати чистотата на водите на Вардар. Барем моите идни деца, внуците на татко, ми да ги продолжат дедовите традиции.
Љ. и В. Симовски <<<<<<
Може да биде слика на body of water
 
Последно уредено:

Луси

extreme
Член од
17 септември 2008
Мислења
6.678
Поени од реакции
19.589

Татко ми, ми има раскажувано за плажите на Вардар, и како со точак оделе друштво, никогаш ние тоа не го доживеавме..

Почивај во мир Зафир, песната секогаш ќе остане да не потсетува на тебе.
 
Член од
24 април 2008
Мислења
10.445
Поени од реакции
11.450
Бог да го прости !!!

https://www.radiomof.mk/pochina-zafir-hadzhimanov/

Почина Зафир Хаџиманов

27/03/2021 - 16:00

На 77 години, во Белград , почина Зафир Хаџиманов, филмски актер, пејач и композитор.

Хаџиманов, кој е роден во Кавадарци, речиси целиот животен век го поминал во Белград, во брак со една од најпознатите југословенски пејачки Сенка Велетанлиќ – Хаџиманов, со која го имаат синот Васил Хаџиманов, познат џез-музичар.

Зад себе, Васил Хаџиманов оставил над 5.000 записи од македонски изворни песни. Автор е на стихозбирките „Шансони на хартија“, „Азил“, „Народен пејач“, „Пес-Пејачка“ и „Брат“, објавени на македонски и на српски јазик. Исто така, тој играл главни улоги во неколку филмови, како, на пример, „Македонска крвава свадба“. Носител на повеќе награди и признанија на фестивали за поезија и музика, меѓу кои на Струшките вечери на поезијата, во 1975 година и на Интернационалниот фестивал на шансони во Загреб, во 2003 година.

Од бројните песни што ги испеал, најпознати се: „Како Вардар“, „Љуби ме и главата горе“, Од љубов не се бега“ . Во 2007 година, Зафир Хаџиманов бил промовиран во почесен амбасадор на културата на Македонија во Србија.

https://off.net.mk/net-roulette/video/zafir-hadzhimanov-1943-2021

Зафир Хаџиманов (1943-2021)

27 Март 2021 - 16:28

Зафир Хаџиманов, музичар, актер, поет, почина на 77-годишна возраст од последици на Ковид-19.

Зафир Хаџиманов
25 декември 1943 - 27 март 2021

Лесна му земја
нека почива во мир

R.I.P. :(
 
Kajgana Shop

На врв Bottom