Kajgana Song Contest (KSC Special Edition) #123

Член од
17 октомври 2011
Мислења
13.707
Поени од реакции
33.343
Одамна прекинавме да ги правиме овие Кајгана-визии, ама мислам дека е редно време да пробаме да ги рестартираме. И тоа, имам мнооогу јака тема, па затоа. :P Крајот на коронашкава и карантинска 2020 мора да го одбележиме како што доликува - со коронашка и карантинска музика. Значи KSC 123 ќе биде:

KSC 123: COVID-19 EDITION

Правилата се следни:

1. Право на учество има секој член на Кајгана форумот кој има напишано минимум 200 мислења во било која тема на форумов. Ова е за да спречиме да се појават дупли акаунти, нормално. :P
2. Песните мора да се објавени премиерно во 2020. Постари песни не се прифаќаат.
3. Песните мора да се на некој начин поврзани со коронавирусот, карантините, пандемијата, маските, миењето раце, и сл.
4. Песните мора да се оригинални песни напишани за короната. Cover верзии од типот на „Корона чао“ од Александар и Дац - не се прифаќаат. Исто така, не се прифаќаат и cover-и на песни од истите изведувачи, само реобјавени со сменет текст за време на корона-пандемијата, како „Пандемија је курва“ („Бријуни“) на Дубиоза Колектив. Мора да се ОРИГИНАЛИ!
5. Се пријавувате со само една песна, најдоцна до среда, 23.12.2020, 19:00 часот.
6. За начинот на гласање ќе ви објаснам во среда вечер.

И нормално, немаше да ја отворам темава, да немав јас песна која ќе победи, мухахахахаха! Затоа јас предложувам прв. :P


Ајде да видиме што се ќе чуеме тука. :pos:
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
13.707
Поени од реакции
33.343
ОК, ајде да гласаме! Еве го линкот:


Со курсорот ги повлекувате песните нагоре-надолу, и ги сместувате до бројот на поени кои сакате да им го дадете.
2 поени - ставете за вашата песна
1 поен - ставете 1 поен (мораше да има минимум 10 учесници, а тука има само 9)
Кај Choose a country, одберете Тунгузија, сеедно.
Најдолу напишете го вашиот никнејм и кликнете Submit.

Гласаме најдоцна до недела, или порано, ако гласаат сите учесници, во меѓувреме.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom