Kajgana Song Contest - KSC #348 - Песна која Ви буди непријатни спомени

  • Креатор на темата Креатор на темата П²
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
15 јануари 2020
Мислења
1.162
Поени од реакции
3.789
Да одиме малку емоционално, општа тема - Песна која што кога ќе ја чуете Ви се будат непријатни спомени (тага, носталгија, стара љубав, починато лице, сте доживеале блам додека свирела песната и сл.)

*Жанр - Неограничен



**(Опционално)

Раскажете во кратки црти 2-3 реченици, какво (непријатно) сеќавање Ви нуди песната.
 
Иако песнава е напишано за женско лице, 2021 ми почина доста близок другар (ок повеќе не баш од детство, ама се спријателивме преку трети лица додека студирав и доста убаво заживеавме 4-5 години) од тумор во абдомен метастазиран на тестиси.
Нејсе, кога почина тоа ми беше прв другар/познаник од мојата генерација.
Песнава ја убив од слушање периодот уз доста алкохол и уз стихот - Све је у животу пролазно мој друже и љубави и туге и сви сречни дани...
 
Некаде кон средината на '90-тите години бев некаде второ или трето одделение, дете кое летата ги поминуваше во село, кај бабата. Тоа лето, во куќата под нашата се досели семејство Босанци, бегалци од војната таму. Имаа три деца: најстариот - Предраг, една година постар од мене, Иван - мој врсник и Горан - штотуку родено бебенце. Морале да го напуштат родниот дом таму и да избегаат во држава во која никого не познаваат, само за да си ги спасат животите. Тоа лето го поминавме со Предраг и Иван од утро до мрак. Можеби не делевме и постела како Реми и Лео, но скоро секој ден децата беа и на ручек кај нас. Буквално си најдов уште двајца браќа. Тоа е едно од летата кои засекогаш ќе ги паметам во животот. Но, летото помина, таткото на децата најде работа како шумар (поточно - доставувач на дрва од планината до Шумското во градот), па честопати за викенд ги земаше и жената и децата во шумската куќарка во која престојуваа шумарите. Тој септември врнеа многу дождови. Една ноќ сонував сон како во една бандера блиску до игралиштето каде најчесто игравме со Предраг и Иван удрил гром додека јас бев потпрен на неа и целата бандера, заедно со мене стана црна, јагленосана. Не дека верувам во соништа и дека мислам дека имаше некаква поврзаност, само го спомнувам ова за да дадам целосно објаснување за емоциите на едно осум-деветгодишно дете. Утрото сите дома се однесуваа чудно, дошепнуваа нешто, како да сакаат да сокријат нешто од мене. Се сеќавам дека надвор се уште врнеше дожд. Подоцна дента ја дознав тажната вест. Утрото, пред да тргне на работа, додека децата и жената уште спиеле, татко им сакал да им го запали шпоретот за да им биде топло кога ќе станат. Во ходникот на шумската куќичка имало туби со бензин за камионите со кои ги доставуваа дрвата. Не знам дали го палел огнот со бензин или некоја искра случајно одлетала, но се запалил целиот ходник и таткото избегал надвор без да може да влезе во собата и да спаси некое од децата. Се обидувал од надвор, низ прозорецот, но на истиот имало метални шипки кои не можел да ги исече. Изгореле сите внатре, угушени од чадот во сон. Мајката и трите деца. Невидена трагедија. По таа вест се поврзував со сонот кој го сонив претходната вечер. Се плашев да седам сам во соба, се плашев сам да излезам надвор, се плашев од дождот, се плашев кога грми... А најмногу од се, чинам, се плашев од бандерата во која удри громот. Бегав од тоа игралиште што подалеку. Се повлеков во себе сам со сопствените стравови. Моите дома не беа некои со кои би можел да разговарам за чувства. Се сомневам дека воопшто нешто и забележаа дека не е во ред со мене. А во тоа време (не верувам дека и сега е многу поразлично) на училиште немавме советувалишта и разговори со психолог за загубата која ја доживеавме. Морав сам да се справам со се, и со моите мисли, и со моите чувства. Ми требаа месеци, можеби дури и години, не се сеќавам, за да се вратам во колосек. Затоа можам да замислам како му е на Лео по загубата на најдобриот другар. Подоцна, многу подоцна, кога имав 20-21 година загубив уште една блиска личност која болеше уште повеќе од загубата на Предраг и Иван, но тогаш имав со кого да разговарам, не ги потиснав чувствата во себе и некако излегов силен, иако и ден денес ми фали и и ден денес боли...

Денот кога се случи несреќата оваа песничка ми беше во главата, веројатно сум ја слушнал некаде на радио или телевизија утрото. Од тој ден, па и целото мое детство ме асоцираше на тој неубав ден и ми навраќаше лоши спомени. Едно време дури и се плашев од неа, мислејќи дека ако ја слушнам некаде, нешто лошо ќе се случи. Подоцна, кога потпораснав, песната само ме потсетуваше на трите дечиња кои ја немаа таа среќа да пораснат со мене. И секогаш носеше тага во мене. Денес, повеќе од 30 години потоа, само ме потсетува на моето детство, но на секое слушање не може да не ми текне на настанот, на Предраг и Иван (и Горан кој уште беше бебенце). Нека почиваат во мир.

Пее - Ана Христовска, за кога ќе ја спремите темата за гласање.
 

Лето-Есен 2015. Различен живот. Различни ние. Одбравме различни работи. 12 години подоцна двајцата среќни со своите животи.
Но... Единствената одлука во мојот живот за која никогаш нема да сум сигурен дали одбрав правилно.
Единствената одлука во мојот живот на која знам да се навратам... Генерално Лана али специфично песнава секогаш ме носи во тие моменти... На тие одлуки... Секогаш се меланхолични... Тешки... Тажни...
 
Последно уредено:

Истрауматизиран од се поврзано со оваа серија како дете, најавната и одјавната шпица црно-белите гротескни и одвратни ликови и брзото дејство на камерата. Органата како инструмент и ден денешен ми е може единствен музички инструмент што не можам да го поднесам и ме ежи на многу лош начин како чкрипење на стиропор.
 
Знам едн пут кд се скара сс едну девојку и не зборесмо 3-4 д'на, овај трака ми беше на рипит и ме ежеше емоционално ептен.
Љубаф, грутка у грло, пеперутке у стомак.
Ја ву гу прати траку да гу слуша, после тој едноставно незнам, смирисмо се.
Ск тај девојка е мајка на две мои преубави деца.

Како и да е трака е праф мастерпис.
Ке иду сс лајф верзију, повише емоцие буди.

 
Омилена песна од овој бенд му беше на еден комшија, повозрасен од мене и човек што ми стана пријател кога почнав да се интересирам за рокенрол, муабетите кои најчесто ги правевме беа за оваа музика. Почина пред неколку недели и знае да ме фати тага кога ќе ја слушнам песнава овој период сега додека е уште скоро неговото заминување.

 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom