Sussaro
Southern comfort, southern sun
- Член од
- 27 декември 2005
- Мислења
- 6.216
- Поени од реакции
- 26.305
Ако под тоа подразбираш вибрафони, чинели, камбани/ѕвона во смисла ова:Ако се само перкусии?
Интересна тема btw

секако дека може.
Целата поента ми е дека тапанот во одредени песни ми го ебе mood-от на самата песна и не секогаш е потребен. И ова за мене било од секогаш, од кога слушам музика. Најчесто се работи за балади ама не мора да значи.
На пример во Road Trippin од Red Hot што ми е бај д веј омилена песна од нив темата е патување и позитивни вибрации па е прекрасно скоцкана и тапанот само би ја ебал атмосферата.
Во Whorehouse Blues на Motorhead темата е боемскиот живот низ годините на бендот па е убаво направена со изоставен тапан.
Бас линија кај рап или електронски песни го "рачунам" како тапан затоа што тоа му е и функцијата во песната, имитација на тапан, наместо некој да ти свири тапан и да ти држи бит додека ти рапуваш или миксаш винили, бас линијата ти ја прави таа мимикрија на тапанот.
Од друга страна контрабасот и електричната бас гитара се друго башка.
Мајсторијата на музичарот/музичарите е да знае дека не секогаш има потреба од тапани, да го препознае тој момент кога ќе дојде и да ги тргне и така да ја склопи песната без нив, а ние тука да одбереме која ни е најубава од таквите. Ете ова би било малку подолго појаснување што поконкретно ми е замислата, иако како што гледам од досегашните песни постирани се си е во ред, сфатиле луѓето на што мислам.