Kajgana Song Contest #235 - Македонска музика 2021+

Статус
Затворена за нови мислења.
Член од
17 октомври 2011
Мислења
13.714
Поени од реакции
33.356
Според Kajgana Song Contest History, ова е мојата 7 победа на KSC, ама прв пат по подолго време без да го делам првото место со некого. Имав милион идеи претходно ако победам што да одберам како тема, ама сега ни една не ми доаѓа. Па така, одам со првото што ми текна: пред некое време имавме ваква тема за странски песни, па ајде да видиме како стоиме со новата македонска музика. Искрено, јас сум закржлавен тука, не знаев ни дали има нешто ново на нашата музичка сцена, до пред некој ден кога запознав некои имиња за кои пред тоа немав слушнато (како Лара Иванова, Лина Пејовска или Теа Трајковска, на пример) и некои песнички ми влегоа во уво, а бев изненаден и што една песна која мене лично не ми се допаѓа има навистина забележителен успех на Балканот (особено во Србија и Бугарија). Пајак и Лара - Бела има преку 17 милиони прегледи на Youtube! Па да видиме дали има нешто друго што е популарно кај нас.

Значи правилата се јасни, бараме:
  1. македонска песна,
  2. на македонски јазик,
  3. да не е постара од 2021,
  4. да не е Пајак и Лара - Бела
И една молба: не дека не се дозволени, но ве молам не се пријавувајте со песни од Каролина, Тамара, Нокаут, Калиопи, Влатко Лозаноски... Најдете нешто добро од некое не толку познато име.

 

Miss.Independent

Me,Myself & I
Член од
26 јуни 2013
Мислења
1.362
Поени од реакции
3.345
јас 3тото правило не го испочитував поради причина што Лина ми е број 1 од најновите кои се имаат појавено на македонската сцена но нема македонска песна од 2021г па до сега.
Не мора да учествувам но сакав да го споделам ова, добра балада и добар глас.
г
 

Darklady

Модераторка
Член од
29 октомври 2011
Мислења
5.541
Поени од реакции
34.841
Текст и музика на Ристо Самарџиев и освоено второ место на Макфест 2021. Одлична интерпретација на Мартинијан

 
Член од
26 февруари 2016
Мислења
5.419
Поени од реакции
13.587
Многу потценет бенд кој заслужува поголемо внимание
 
Член од
29 јуни 2014
Мислења
23.598
Поени од реакции
38.747
не знам дали живеам под камен, но на ниедна не ми текнува.
 
Ф

Флеш

Гостин
Дибеци на форумов .... Цццц .... Мора Лозано,Таско,Слаткар .... Пу бе пууу .... Бруки .... Отворете златен ВБУ .... Одберете некој непознат и по слух ако ви се допадне промовирајте на натпреваров .... Ццццц ах бе помодари сегде и шминкери ...


 
Член од
4 јануари 2016
Мислења
115
Поени од реакции
207
Случајно ја отворив темава и прв пат ќе бидам дел од "натпреварувањево". Како некој кој што слуша и промовира што е можно повеќе македонска музика, ќе се обидам да издвојам една песна, а верувајте ги има многу од последните години кои за жал не се толку познати а вредат да се слушнат!
Мој избор е "Само сврти се" од Лара и Касапски.

 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom