Kajgana Song Contest #230 Македонски One Hit Wonders

Член од
5 август 2008
Мислења
557
Поени од реакции
180
Овие мислам дека не се баш one hit wonder, беа „популарни“ на почетокот на 90-тите, имаа и албум. Да, Слуга и цар им беше најголем хит, ама Бојана, Моја душо неверна беа исто „хитови“:

Да не знае некој како се викаат ликовиве?

Овој високиот многу ми личи на Дарио.
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
13.703
Поени од реакции
33.339
Да не знае некој како се викаат ликовиве?

Овој високиот многу ми личи на Дарио.
Гитаристот е Стевче Грозданов. Чат пат се појавува со по некоја инструменталка како овaa:


а во 2018 со друг пејач се обиде да го „воскресне“ Дуо Коктел, ама мислам само на оваа песна останаа:


Пејачот е Блаже Темелков. По Дуо Коктел веќе не пее, ама пишува песни. Веројатно најпозната негова е „Зошто отиде“ од Тоше (и музиката и текстот се негови):


Има пишувано песни (и музика и текст) за Џокси, Силви Бенд, Јоце Панов, Филип Јордановски, Наташа Малинкова... но честопати пишува и новокомпонирана народна музика за Наум Петрески и Благица Павловска. Најчесто работи со Јоце Панов. Многу од песните на Јоце Панов се негови.

Инаку на Дуо Коктел им беше „култен“ и спотот за „Слуга и цар“, не само песната. Во тоа време ретко се правеа спотови, всушност тогаш почнуваа спотовите да пркнуваат кај нас. Во нивниот спот се појавуваше Марија Радуловиќ, манекенка која трагично си го одзеде животот неколку години потоа. Преубава беше:

 

Kajgana Shop

На врв Bottom