Kajgana song contest #224 - Песна поради која сте почнале да слушате некој жанр

Darklady

Модераторка
Член од
29 октомври 2011
Мислења
5.544
Поени од реакции
34.850
све нешто ти пречи што постирам, не гледам дека некого друг прашуваш и затоа го сметам за провокација од твоја страна
Не знам зошто го сметаш за провокација од моја страна. И зошто го сфаќаш лично?
Сите предходно постирани песни како жанрови, совршено добро ги разбрав.
Ја разбрав и песната која што ти си ја постирала, НО не го разбрав тоа што си го напишала „Ромски чочек“, па затоа фино лепо си прашав.
Навистина не знам како оваа песна ја смести во ромски чочек.
 
Член од
29 јуни 2014
Мислења
23.644
Поени од реакции
38.835
оваа од бијонс не е нашава народна Стани моме да заиграш?
 

Darklady

Модераторка
Член од
29 октомври 2011
Мислења
5.544
Поени од реакции
34.850
оваа од бијонс не е нашава народна Стани моме да заиграш?
Ајде кога веќе почнавме, барем да научиме нешто :icon_mrgr:

Песната во оригинал е грчка песна на авторот Стелиос Казанцакис под оригинален наслов Siko horepse koukli mou. Кај нас препеана во 1966 година од Есма Реџепова под наслов „Опа Нина Нина нај“, а подоцна препеана од многумина и денес попозната како „Стани моме да заиграш“.

И песната како песна воопшто не е спорна да оди чисто како под народна музика. Ама НИКАКО не може да оди како ромски чочек.
И од кога „ромски чочек“ е жанр?:cautious:
 
Член од
7 септември 2016
Мислења
19.604
Поени од реакции
34.798
... штом фламенго, како емотивен танц што настанал од шпанските Роми како танцовен жанр без или придружена со специфична музика и специфични инструменти кои дадоа најдобри дела во музички жанр, значи музички жанр.
...што не би и ореинталниот танц кои го видоизмениле Ромите со специфичен препознатлив ромски ритам кои се вметнува во такви музички жанр да биде препознатлив како ромски чочек танцовен жанр, со специфичен ритам како музички жанр при тој танцовен чочек жанр, впрочем самата кажа кој ја препеа песната „Опа Нина Нина нај“ од грчкиот композитор и тектописец, кај нас, Есма Реџепова, македонска Ромка, нели, да не би должела зошто токму ова песна била избрана од неа, а не било која друга!
 

Cthulhu^

your neighbourhood weirdo
Член од
17 јули 2006
Мислења
1.384
Поени од реакции
1.860
Годината е негде 2005-та. Ставивме дома кабелски интернет и киснев на MSN и mIRC цел ден, поточно на каналот мкметал. Прашуев за препораки и се искинав од симнување песни на Limewire. Вируси катаљарда ал нема везе. Господ да ги поживее Телекабел.

Не ми текнуе која точно песна ме освои од тие катаљон песни шо ги симнав, ама ова би било a good guess. Можно е и прв пат да го глеав спотот уствари на MTV и емисијата Headbangers Ball. Тука најверојатно ја видов/слушнав прв пат и Лив Кристин, одличен вокал. Theatre of Tragedy/Leaves' Eyes се доста добри.

Летово што помина конечно ги глеав ѕверовиве у живо и ја свиреа песнава. Се уште ми е омилена, се уште се еден од моите омилени бендови. Вечно ќе сум им благодарен.

 

Darklady

Модераторка
Член од
29 октомври 2011
Мислења
5.544
Поени од реакции
34.850
впрочем самата кажа кој ја препеа песната „Опа Нина Нина нај“ од грчкиот композитор и тектописец, кај нас, Есма Реџепова, македонска Ромка, нели, да не би должела зошто токму ова песна била избрана од неа, а не било која друга!
Што е спорно?

Песнава што ти ја постираше е препeна од Levon Кhozian. Молим те слушни ја и ќе видиш дека песнава нема апсолутно никаква врска со ромски чочек. Па дури и да ја постираше песната на Есма, ни тогаш немаше да биде класифицирана како ромски чочек. Само затоа што изведувачот е ром, тоа не ја прави песната чочек. Ромски чочек не е вокална композиција, туку е чисто инструментална.
Ако веќе инсистираш да е ромски чочек, можеше да го ставиш Ферус Мустафов на пример и ќе беше ок.

Песнава што си ја постирала единствено може да стои во народна музика како жанр и никако поинаку.
Доколку во описот не стоеше ништо, ќе мислевме дека мислиш на народна музика и толку. Ама си нагласила дека е ромски чочек, а не е, ете тоа е спорното.
Исто ко под Guns N`Roses да пишува турбофолк, под Аца Лукас да пишува рап или под Бетовен да пишува метал.

 

Kajgana Shop

На врв Bottom