Kajgana song contest #223 - Најпесна за одјава

Sussaro

Southern comfort, southern sun
Член од
27 декември 2005
Мислења
5.700
Поени од реакции
22.020
Од овој свет. Пред да ве стават 2 метра под површина и да ве поклопат со 2 кубика земја, која песна би сакале да ве одјави од овој универзум и/или да ве испрати на следниот? Песната може да е личен ваш избор, или специфична песна што одговара на таа тематика, како милувате вие така, иако мислам дека втората опција ќе ви донесе повеќе гласови.

Едно правило, не може My Way на Синатра. Да, таа е класика за оваа намена, ама донекаде веќе е станата и клише, па ајде да го разбиеме малце и да бидеме покреативни, иначе можев и јас за мене да си ја "наместам" и да победам, ама па тоа ич не е поентата на ваквите натпревари.

Епа ајде, почнуваме или завршуваме, кој како си го има сфатено :D.

 

Џонтра Волта

Qué miras, bobo?
Член од
20 јули 2020
Мислења
9.001
Поени од реакции
55.210
На Six Feet Under интрото. :icon_lol:

Ја имам размислувано темава пошто имам малце настран мозок, одма ми текна на оваа од Мишо, ама знам дека имаше уште една. Не ми текнува у моментов, деновиве ако ми текне ќе ја постирам и таа. Сеа за сеа нека иде ова.

 
Член од
26 јануари 2009
Мислења
11.614
Поени од реакции
18.058
Имам повеќе, ама ќе се важи само последната







 

Kajgana Shop

На врв Bottom