Kajgana Song Contest #193-Најдобра Македонска Народна Песна 1980-Денес

Sussaro

Southern comfort, southern sun
Член од
27 декември 2005
Мислења
5.666
Поени од реакции
21.730
Еднаш пишав дека обично под народна музика повеќето како да подразбираат дека песните треба да се многу стари и/или да не им се знае авторот. Епа ајде да го разбиеме тој мит. Во поновата историја има премногу преубави македонски народни песни кои се веќе општоприфатени и се пеат по свадби, крштевки, собири и останати настани и не се ништо поневредни од оние дамнешните народни. 1980-та е одбрана како некој мој замислен пресек да биде неколку години пред Фолк Фест Валандово, а во 80-ти почува полека да слабее југословенизмот и да се прават повеќе македонски песни. Условите се следни:

-Песната да е прв пат отпеана од 1980-та па наваму
-Песната да е во народен мелоз

Јас ќе почнам со за мене најубавата македонска патриотска песна во тој период. Направена од дуото Миле и Ѓорѓи Барбаровски кои се највредното нешто што село Дабиле ни го дало заедно со биртијата над сите биртии Шабан(о), а отпеана од незаменливиот памук глас на славејот од Баир Маало, неповторливиот Пепи Бафтировски. Пепи е еден од низата Македонци кои овој народ и оваа држава го потфрли, запостави и заборави. Умира во немаштија во САД, далеку од татковината, а никој не се најде да му помогне да му се исполни последната желба да се врати и почива во Македонија. Повеќе за неговиот живот тука:

https://glamur.mk/тажниот-живот-на-пепи-бафтировски-пеј/

Заветна...

 

Darling

High Value
Член од
5 јуни 2009
Мислења
13.247
Поени од реакции
27.598
Ovaa pesna e ezenje. Zadolzitelna za site svadbi.
Uste edna pesna koja bugarite si ja zimat, si menuvaat 2-3 zborchinja, i ja kradat poleka...


@Sussaro predlog, da se smeni naslovod das e dodade edna crticka "Novo Komponirani" da nema zabuni
 
Последно уредено:

STEALTH

God is a DJ
Член од
25 ноември 2011
Мислења
10.626
Поени од реакции
14.398

Има Зоки повеќе популарни песни (што македонски, што српски), оваа му е прва и безвременска.

Испеана на „Цветници“, 1993 година.
Музика и текст - Мирче Кикиритков
Аранжман - Благоја Десковски
 
Последно уредено:

Darklady

Модераторка
Член од
29 октомври 2011
Мислења
5.541
Поени од реакции
34.841
Оффф, понеделнички

Гоце Николовски со „Мојата серенада“ и „Дајте ми ја, Гоце Арнаудов“ со „Ќе пијам со лумпувам“ и „Штом ноќта помине“, Евто Пупиновски со „Туѓа си бескрајно“. Па Блага Петревска со „Свени ми свени невене“ и „Пеам да не заплачам“, Атина Апостолова „Цела Вечер ќе ти пеам“, Перо Христов „Во црно вино утеха нема“, Виолета Томовска и Наум Петревски „За многу години Македонци“, Пепи Бафтировски со „Само една песна“ :love: и новчаникот во минус :icon_mrgr:

Сепак се решив за безвременскиот хит напишан од Огнен Неделковски, посветен на неговата сопруга Соња, а музиката е на Тоде Спасовски. Отпеана на фестивалот „Тетовски филиграни“ 1996

 

TrendS

Work Smart, Not Hard
Член од
14 декември 2018
Мислења
4.405
Поени од реакции
29.797
Една од моите омилени, за прв пат испеана на Гоце Фест - 1996
"ЕДНА МИСЛА ИМАМЕ"

Каде и да одиш каде и да шеташ
не се срами, не се плаши Македонец да си. x2

Една мисла имаме, еден живот живееме,
Македонија цела да е, секој да ја знае. x2

Ако некој рече Македонија е мала,
има уште два, три дела за да биде цела. x2

Една мисла имаме, еден живот живееме,
Македонија цела да е, секој да ја знае. x2

Ние не сме Грци, Бугари ни Срби,
чеда сме на Александар гордост македонска. x2

Една мисла имаме, еден живот живееме,
Македонија цела да е, секој да ја знае. x2

Македонија цела да е, секој да ја знае!
 
Ф

Флеш

Гостин
Све је то блгарски песни .... У духот на добрососедските односи .... Сфе е то .... :sramezliv: :oeoeoe::popce:

Морам зезање у духов на глупово време и Бугарија .....

res_0dd6caf50c44c01e7b37cb5f0a77c0ce.jpg
 
Член од
30 мај 2019
Мислења
1.852
Поени од реакции
3.320
Мислам дека е ова еден од најдобрите сценски настапи наши во било кој жанр. Женава цела сцена ја користи, имаш осет дека цела сала се движи. Харизма - еден тон! А и сите нејзини песни од Барбаровски и се врв! Така да тешко беше да се избере една, било која. :love:
 

курајбер

млад, потентен
Член од
29 јануари 2007
Мислења
16.274
Поени од реакции
45.674
Како не би се повторувал со горепоставените бенгери, би ја навел оваа



Просто везе вокалот на госпожа Славка по музикава. На ова Вариника без мезе се дере и четири келнери од столче симињаат човек.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom