Kajgana Song Contest #191 - Песна за летно возење/патување

STEALTH

God is a DJ
Член од
25 ноември 2011
Мислења
10.620
Поени од реакции
14.357
Пребарувајќи низ историјатот на KSC, имаше една тема „Песна што потсетува на лето“. Епа овој натпревар нека биде песна што се доживува најдобро - на лето.
Бидејќи веќе сме јуни и дојде/доаѓа период каде ќе се вози до и низ летни дестинации...

Замислете едно сценарио:
Остров некаде на Медитеранот. Рандом ден во август. Се будиш, се завршуваат утринските ритуали, се качувате во автомобилот со вашата љубов и тргате кон зацртаната плажа. Додека од лево се слушаат цикади, од десно имаш непрегледно небесно-сино море кое мами да му се фрлиш што побрзо.
Со спуштени прозори, мирисот на летни тревки, борови, асфалт и море се меша во воздухот.

Замислете друго сценарио:
Сонцето веќе почнало да паѓа под хоризонтот, џагорот од плажата исчезна. Дотепан од пливање и сончање, со тешко срце (и со уште потешка волја) си ги пакуваш работите, се качувате во автомобилот и тргнувате назад кон сместувањето.

Која песна би си ја пуштиле без размислување и во двата случаи?
Во првиот како најава за денот што следува.
Во вториот за умствено освежување и окрепување.

За мене, убедливо е следнава од grande Julio:

 
Последно уредено:

Kajgana Shop

На врв Bottom