Kajgana Song Contest #165 Староградска музика

Член од
13 април 2021
Мислења
3.124
Поени од реакции
10.468
Проблемот е што не знаеме која песна има автор која не :D
Да, дефинитивно ова е проблем.
Чепнав нешто утрово по google па за ниту една песна која јас ја знам дека е староградска нема никаков податок на википедија.

Пробав со една штипска песна, нели Штип е познат по староградската музика, покрај Битола и Велес... и не најдов никаков податок, ниту кога е создадена, ниту кој е авторот на песната.

Инаку целосно се согласувам и во право се и Darklady и Златко. Многу малку време поминуваме слушајќи ја нашата музика. Морам да признаам дека малку се засрамив самата себе си затоа што навидум лесниот музички предизвик, предизвика толку прашалници кај мене. Одлична паралела направи Дарк, со француската шансона и италијанската канцона...и самиот факт дека повеќе време посветуваме на оваа музика, на жалост отсликува колку ние не си го познаваме и си го потценуваме своето.

Кај мене дома песнава се пее доста, татко ми има доста префинет музички вкус. Мислам дека песната што јас ја постирав е староградска. Еве друга верзија:


Ако не одговара, навистина не знам што би одговарало:
- за кого ти цути Дано лицето?
- са ноќ ле Надо?
- дали знаеш мило либе?
- бор садила Евгенија?
- слушам кај шумат шумите?
 
Член од
3 март 2020
Мислења
2.413
Поени од реакции
5.063
Тоа лесно се проверува. Кај некои од авторските песни дури и на youtube имаат пишано кој е автор. Другите со едноставен Google search може да се најдат.
Па не е баш така, на Јутјуб вели "од" и дава кој ја пее. Посебно пребарување на име на песна+автор на гугл, ми покажа за некои прифатено народни дека се авторски всушност.
 
Член од
13 април 2021
Мислења
3.124
Поени од реакции
10.468
Па не е баш така, на Јутјуб вели "од" и дава кој ја пее. Посебно пребарување на име на песна+автор на гугл, ми покажа за некои прифатено народни дека се авторски всушност.
Буквално рефлексија на животот во Македонија. И на youtube не сме организирани. :D
 

Darling

High Value
Член од
5 јуни 2009
Мислења
13.260
Поени од реакции
27.670
Последно уредено:

Darklady

Модераторка
Член од
29 октомври 2011
Мислења
5.544
Поени од реакции
34.850
слушам кај шумат шумите?
Ајде вака да пробаме да објасниме :pipi:

Што е градско во “слушам кај шумат шумите“?
Тоа е патриотска песна, комитска.

Злате убаво објасни „Во песната да се споменуваат имиња на градови или нешта од тогашниот градски живот: сокаци, занаетчии, еснафи, пајтони, параходи, куќи или делови од куќи (чардаци, пенџериња...), делови од женска облека, накит или шминки и сл“.

Староградските песни ги пееле и под пенџере, посветувајќи ги на некоја девојка.
Е сега штом отишле да и пеат серенада на некоја девојка, дали би пееле „Слушам кај шумат шумите“ или ќе и ја пеат „За кого ти цути Дано лицето“ :pipi:Логично нели?
Значи ќе пеат за Дана, каде ќе ја воспеваат нејзината рамна мермерна снага, нејзината руса коса и меденото усте. Само како пример.
Или некоја срцепарателна песна за невозвратената љубов кон некоја девојка или љубен.

И пак Злате убаво објасни „Значи не секоја народна песна е староградска, туку само онаа која настанала во градската средина. Песните за села, жетви, сеење, копање, орање, тикви, берење тикви, волови, коњи, магариња, чифлици, трла, овци, кози, свињи... комити - не се староградски. “

Се надевам сега е појасно :pipi:
 
Член од
3 март 2020
Мислења
2.413
Поени од реакции
5.063
Ајде вака да пробаме да објасниме :pipi:

Што е градско во “слушам кај шумат шумите“?
Тоа е патриотска песна, комитска.

Злате убаво објасни „Во песната да се споменуваат имиња на градови или нешта од тогашниот градски живот: сокаци, занаетчии, еснафи, пајтони, параходи, куќи или делови од куќи (чардаци, пенџериња...), делови од женска облека, накит или шминки и сл“.

Староградските песни ги пееле и под пенџере, посветувајќи ги на некоја девојка.
Е сега штом отишле да и пеат серенада на некоја девојка, дали би пееле „Слушам кај шумат шумите“ или ќе и ја пеат „За кого ти цути Дано лицето“ :pipi:Логично нели?
Значи ќе пеат за Дана, каде ќе ја воспеваат нејзината рамна мермерна снага, нејзината руса коса и меденото усте. Само како пример.
Или некоја срцепарателна песна за невозвратената љубов кон некоја девојка или љубен.
Според темата мислев дека Во Струмица на улица е староградска, плус ја знам од многу одамна, излезе има автор со име и презиме. :)
 
Член од
27 април 2009
Мислења
2.499
Поени од реакции
3.317
Не играм ја.

Ме мрзи детално да барам песна, а и рака на срце глупи ми се овие песни и никогаш не ми се свиѓале ниту пак сум уживал да ги слушам на пијанка.
Истово го мислев ама ми беше срам да го изјавам :sramezliv: Затоа и ја избришав песната и не би учествувал на изборов ама добро ми дојде како едукација, реално појма немав кој се сметаат за староградски од овие ама ете ме просветлија поискусните.
Сум седел 1000 и еден пат в кафана ама секогаш ме мавало серка од ваква музика и сите песни ми звучеле слично, јебига нејќам да се фолирам ама и најглупиот турбофолк појќе ми изазивал нагон за пиење од овие песни, да знам жално и срамно е кога сум од Охрид град кој доминира со ваква музика и го имаше најдобриот Ансамбл некогаш кој еве после 60-70 години уште пробуваат да го зачуваат и негуваат некој од внуците на оригиналниот состав и се одлични ама тоа е што е...

Еве ќе објавам една песна која стварно ми се допадна последно ко ја слушнав в кафана ама не сум сигурен дали е староградска (на некој му делува прилично едноставно ова ама верувајте е збунувачки за повеќето)
Во секој случај добро е да се негува оваа музика и се поактуелно е низ градов баш вакви свирки низ повеќето ресторани навечер, па дури и почнаја со денски свирки во последно, нема Охрид за што да стравува има одлична младина во ова поле.
 

Џонтра Волта

Qué miras, bobo?
Член од
20 јули 2020
Мислења
9.004
Поени од реакции
55.231
Добро бе, зарем не е кеиф да седиш во кафана и на увце да ти свират чалгии? Виолинче, мандолинче, кларинет, тарабука, гитара, дајре, уз пат да ти ја пеат „Срце ме боли“:vozbud:
Ако ова не е за пијанка :toe:
Не. :D
Да, нека си свират у позадина ваквите неам проблем, не дека не ми се свиѓаат сите, далеку од тоа, али не ми предизвикуваат нагон и мотивација за пиење и веселење.

Иам едно друштво што коа ќе седнеме пуштаат строго македонска народна музика, и се веселат и убаво им е на истите песни што исто звучат и што се слушани едно 50 милијарди пати.

Сум седел 1000 и еден пат в кафана ама секогаш ме мавало серка од ваква музика и сите песни ми звучеле слично, јебига нејќам да се фолирам ама и најглупиот турбофолк појќе ми изазивал нагон за пиење од овие песни
Исто.

Не е фолирање ова брат, сељачење е, сеа уште толку се обележавме да не гледаат со други очи. :D

Шабанар сум јас што се тиче пиење и веселење.
 

Емкаа

the worst thing about prison was the dementors.
Член од
14 мај 2008
Мислења
4.918
Поени од реакции
12.408

Омилена засекогаш.

Како оди пријавувањево, само со една песна? Пошо можам уш 5 да наредам @Darklady. :D
И дај една кафана да напрајме :D
 
Последно уредено:

Kajgana Shop

На врв Bottom