Kajgana Song Contest # 146 Кафанска песна

Член од
3 март 2020
Мислења
2.413
Поени од реакции
5.062
Има многу кафански, ама еве една што ме потсетува на време пред многу години, кога еден скопски дечко (не кажувам имиња) доаѓаше на свирка да ја порача, плаќаше 50 марки за песнава и си заминуваше одма кога ќе завршеше песната :D
Ги запамтив и песната и бендот што му ја свиреше :)
п.с. Ја имав ставено на Youtube пред години, ама ми ја избришаа

Zeljko Joksimovic - Ne dam nikom da te dira

Член од
28 март 2015
Мислења
5.428
Поени од реакции
11.336
По кој пат е оваа тема?
 
Sussaro

Southern comfort, southern sun
Член од
27 декември 2005
Мислења
5.668
Поени од реакции
21.741
Тешко, тешко е ова. Рикен на пример ја стави по мене кафанската химна и мојата најомилена кафанска песна на сва времена. Повеќето би рекле дека изборот на шутрак е кафанската химна, ама ако убаво ги преслушате двете ќе сфатите дека на Тома е фемицентрична, додека на Аца е кафаноцентрична односно во првата песна обраќањето е кон жената, главната улога ја има таа и нејзиното страдание како резултат на боемскиот живот на протагонистот. Во песната пак на Аца главниот лик не е одредена жена или личност туку самата кафана слично како што во Мостот на Дрина, мостот е во главна улога. И токму во тоа појаснување дека е на Балкану лежи целата моќ на песната. Како на небалканец ќе му го објасниш концептот на кафана? Како место кај се јаде? Тоа е ресторан. Како место каде што се пие? Тоа е бар. Место каде што се јаде и пие? Тоа е лаунџ бар. Само на Балканот кафаната може да се сфати во целата нејзина потполност не само како конкретен објект, нешто што е тангибилно и ограничено во физички рамки и мерни единици туку како апстрактен поим кој излегува од просторот на реалноста и трансендира како идеја, како емоција, како состојба на умот.
Има барем 40-50 песни кои заслужуваат да влезат во куќата на великаните и евергрините на кафанската антологија. Би можел цела посебна тема само тоа да пишувам опис песна по песна и зошто токму таа песна сум ја одбрал. Малку е овој простор тука.

Бидејќи Рикен ја одбра најдобрата, јас ќе ја одберам најубавата или еве една од најубавите. Текстот е најчиста поезија. Одамна и форумски и во живо цврсто стојам на ставот дека ако турбофолкерските текстови ги преведеме на англиски ќе добиеме текстови кои се во најмала рака на исто а неретко и на далеку повисоко рамниште од она што го слушаат либтардските лакањшки музички снобови. Сега ќе го направам токму тоа. И тоа не со мој превод, ќе го ставам автоматскиот превод на самиот Јутуб, да доловам колку магично звучи макар и со Гугл Транслејт.

1626266337823.png
1626266402310.png
1626266446087.png
1626266544315.png
1626266593233.png
1626266633551.png

Алмир Нино Решиќ, пеачиште, боемчина, човек кој сменил вера за жена, умрел од цироза поради алкохолизам и last but not least бил љубовник на славната Жаки Макарена. Кој друг би бил позаслужен да ги отпее овие стихови, кој друг може да ја долови таа емоција, таа лирика?
Песна која те тера да ги сакаш жените покрај се. Песна чијшто текстуален оптимизам е во најизразит контраст со мелодијата во форма на балада, а сепак се вклопува совршено. Песна која е рокенрол со автентично рокенрол гитарско соло. Песна полна со надеж, песна носилка на среќен крај после долгите лутања, катарзи, душевни лузни произлезни од погрешни и тажни љубови. Песна која сака да сакаш, да го славиш животот и да пиеш. Песна која е светлото на крајот од тунелот каде што царува љубовта во цветните ливади преку идеалот на неискварената жена моделирана само за тебе како во Ex Machina (yeah, good luck with that). Песна која вешто те мами дека отпеаното може да ти се случи токму тебе, како што мултилевел маркетингот вешто ги мами своите жртви дека ќе се збогатат преку ноќ. И песна на која ќе се навратите кога ќе ја најдете "правата" во првите неколку месеци т.е. honeymoon фазата во врската, за после да ве акне како Зидан со глава на Матераци директно во ребра, после кое ќе се навраќате ама на другите песни од оваа тема.

Нино-Донеси Дивље Мирисе

П.С. На турбофолк сцената Македонија дала свои великани. Ангел Димов, Џеј Рамадановски, Мухарем и Ајнур Сербезовски, Ипче и Јашар Ахмедовски... Токму од родното место на овие последниве двајца село Лажани Прилепско ќе се појави уште еден фолк џедај кој ќе направи феноменален кавер на оваа песна поради кој ќе го добие најдобриот коментар и комплимент што може да се даде за изведба на ова ремек дело:

Dj Eno Official

4 years ago
Nino pa Alen i neka se vise niko, nikad ne usudi pjevati ovu pjesmu. Poslje njih dvojice sve če da zvuči kao totalni promašaj. Doktore, moje postovanje i duboki naklon!

Attachments

Прегледај го приврзокот 301464
Прегледај го приврзокот 301466
Прегледај го приврзокот 301467
Прегледај го приврзокот 301468
Прегледај го приврзокот 301469
Прегледај го приврзокот 301470

Имаш лајк за текстот, а песнава не сум ја чула до сега :)
 
Ska Maniac

Бараба
Член од
2 октомври 2013
Мислења
9.239
Поени од реакции
22.431
Одам со одличен кавер на рандом Пинк шабан што најголем успех во кариерата му е овој кавер кој е изработен сосема случајно и не по негова желба и избор.

Notable mentions :

Единстевни сплетови што ме стануваат од маса. Голем репект за овој човек што е единствен до сега што ме има натерано да се почуствувам пријатно во кафанска атмосфера.

И како што спомна @shutrak , тамбураши секогаш пред сите останати.
 
Член од
7 септември 2016
Мислења
19.534
Поени од реакции
34.686
...седење во кафана без ниедна патриотска песна не признавам!
 
Kajgana Shop

На врв Bottom