Драга Кајгана (виртуелен дневник)

Erich Zann

Модератор
Член од
13 мај 2012
Мислења
14.612
Поени од реакции
31.819
ДК

Нз дали некој некогаш размислувал кое олеснување се наоѓа при изговарање на едноставната реченица „Жими куров"?

Па тоа е некоја притаена нихилистичка филозофија, некое сеопшто негирање на сите срања, на се' и сешто со еден удар, еднорози, дрва и камења, политичари, капитализам, пресолено јадење, недоварен грав, нео-либерали, чак и левичари.

Го практикувам еднаш-до два пати во денот. Некогаш на глас, некогаш во мене.
 
Член од
29 март 2021
Мислења
6
Поени од реакции
37
Драга,

денес во парк случајно ја видов другарка ми што во средно и малку потоа ми беше како сестра, со која како по некоја многупати видена животна инерција, ми се намалуваше комуникацијата и контактот избледна како неквалитетен полароид. И покрај вируснава ситуација не можев а да не ја гушнев, а да можев, би ја држела така гушната уште цел ден. Многу ми недостасуваше, и се' уште ми недостасува; таа и муабетите со неа кои никогаш не беа форсирани, напротив беа муабети во кои се чувствував како да зборувам со себе. И кога ја видов, така убава и насмеанка, како блиц пред очиве ми се појавија сите моменти поминати со неа, од првтото awkward запознавање, до последниот збор кој си го напишавме. И мислите ми се збркаа, не знаев што да кажам, дали тоа што чувствувам или она стандардното „како си, што правиш“.. и можеби да имав барем малку повеќе храброст би и го кажала првото, но останав во мојот комфорен круг. Ја сменила бојата на косата, сега е виолетова и прекрасно и' стои, некако ја отвара и го покажува нејзиниот игрив и никогаш досаден карактер. На крајот рече „ќе се видиме“, ама и јас и ти Драга знаеме дека тоа го кажа од култура. Нејсе. Бидна што бидна.
 
Член од
31 март 2019
Мислења
37
Поени од реакции
46
Мај прешас ДК. До ју лајк ридалс? Уат из ит? Иц а тиииииф мај прешас. Тиииииф....
 

Византиецот

what you looking at, ass
Член од
14 март 2021
Мислења
2.600
Поени од реакции
6.019
Драга,
одново имам UNHEALTHY опсесија со античките македонци, мисирам во мозаик од Алeхандро и Хефестион на лов и во фрески на гробот од Филип Втори. Дури и архитектурата им е различна од грчката. Многу помала и посталожена, во споредба со масивните Дорски храмој на Грците.
Од каде ли потекнува оваа опсесивност за толку мал народ? За народот кој во ептен рана антика се простирал и живеел од Халкидики до кај денешен Велес - максимум. Онака баш сконцентриран во Егејска Македонија, која денес ако го исклучиш Солун, делува по пусто и од Пелагонија. Можеби од фактот што не биле Грци, а никој не кажува што се. Најголемата тајна во историјата на Западната Цивилизација.
Не не, знам дека не биле Словени. Ама колку ние што сме смешни кога се повикуваме на нив, толку смешни се и Грците кога се повикуваат на нив. Мора да е до православниот аспект:
- Јас сум во право.
- Не. Jас сум.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom