Kajgana Shop (shop.kajgana.com)

Acid

Frontman
Член од
22 јануари 2005
Мислења
35.169
Поени од реакции
34.281
Можеби забележавте, но за тие што се' уште не знаат, пред неколку дена официјално ја отворивме нашата онлајн продавница shop.kajgana.com :vozbud:

1608595183256.png

Веб продавницата на kajgana.com e основана од тим на дигитални стручњаци специјализирани за интернет трговија. Нашата цел е на купувачите да им обезбедиме најдобро искуство при купување во склад со нивните потреби, желби и очекувања. Од нас секогаш можете да очекувате пријателски совет, разбирање и целосна дискреција.

Зошто да купувате кај нас?
  • Квалитетни производи - вршиме селекција на производи и ги бираме само најдобрите, кои и сами би ги користеле.

  • Се грижиме за вас - се трудиме користењето на веб продавницата да биде едноставно и да ви понудиме најповолна цена на производите, за да заштедите со секое купување преку нашата веб продавница.

  • Бесплатна испорака - испорачуваме брзо и безбедно, а за голем дел од производите испораката е бесплатна.

  • Гаранција и сервис - обезбедена гаранција и сервис за голем дел на IT, домашни и Smart уреди.

  • Безбедно плаќање - Системот за безбедно плаќање овозможува сигурност и тајност на вашите податоци.

Нашиот каталог со производи секојдневно се зголемува, а во моментов имаме над 40 топ зделки!
Паметни уреди, фитнес опрема и часовници, интернет уреди, домашни и кујнски уреди, безжични слушалки, алат и тн...

Ве поканувам да се регистрирате и освен тековните намалувања, можете да искористите и некој од ваучерите за попуст кои се активни до 31.12.2020:
  • Код: KAJGANA600 (Попуст од 600 денари за нарачка над 15.000 денари)
  • Код: 1200S9 (Попуст 1.200 денари за 360 Vacuum Cleaner S9)
Бонус:
Форумџиите кои се активни корисници на нашата е-продавница (остварена нарачка) имаат можност ПРВИ да добијат верифициран статус на форумот verified.png

* Беџот во моментов е само симбол за благодарност и потврда за автентичност на корисникот, а во иднина најверојатно ќе овозможува и пристап до одредени привилегии (кои ќе ги објавиме дополнително). ** За верифицирање на профилот, испратете ми директна порака со шифрата од направената нарачка.
 
Acid

Frontman
Член од
22 јануари 2005
Мислења
35.169
Поени од реакции
34.281
Честито.
Еден совет, немојте да станете како Групер со 10.000 продукти во посебен таб кај што не можеш крајот да го најдеш + сомнителни продавачи.
Фала за честитката и сугестијата @beneamata :)
Вршиме детална селекција на производите и ги одбираме само оние кои и ние самите би ги користеле, така да убеден сум дека никогаш нема да има нешто тотално бескорисно, колку да се брои дека „го има во понуда“ - како онлајн курс за форензика или обликување на веѓи! :)
 
Член од
8 јануари 2013
Мислења
5.035
Поени од реакции
12.892
Една мала индиректна замерка, веројатно свесно е имплементирана за промовирање на работи што треба повеќе промоција од форумот, ама секогаш се збунувам во navigation bar кога сакам да се вратам на почетна на форумот, кликам навикнат на првата опција во менито и ме носи на страната на Кајгана. Таман се навикнав да кликам на втората, сега на втората е продавницата и дури трето е форумот. Ќе потрае дур се навикнам да е трето.

Иначе со среќа, повеќе застапници да сте на продукти што ги има ексклузивно кај вас, попристапни цени гледајте да профитирате со ефтина продажба на многу продукти, а не со скапа продажба на еден продукт, бидејќи првата варијанта многу поголем маркетинг и пенетрација до поголем број на луѓе ви носи. А секогаш од старт потребен е добар буст.
 
Riken

the power of imagination makes us infinite
Член од
9 декември 2008
Мислења
12.034
Поени од реакции
28.670
Една мала индиректна замерка, веројатно свесно е имплементирана за промовирање на работи што треба повеќе промоција од форумот, ама секогаш се збунувам во navigation bar...
Истото и јас ќе го кажев.
@Acid прашува дали сме забележале...и те како :pos:
 
Член од
22 јуни 2010
Мислења
3.688
Поени од реакции
5.444
Една мала индиректна замерка, веројатно свесно е имплементирана за промовирање на работи што треба повеќе промоција од форумот, ама секогаш се збунувам во navigation bar кога сакам да се вратам на почетна на форумот, кликам навикнат на првата опција во менито и ме носи на страната на Кајгана. Таман се навикнав да кликам на втората, сега на втората е продавницата и дури трето е форумот. Ќе потрае дур се навикнам да е трето.

Иначе со среќа, повеќе застапници да сте на продукти што ги има ексклузивно кај вас, попристапни цени гледајте да профитирате со ефтина продажба на многу продукти, а не со скапа продажба на еден продукт, бидејќи првата варијанта многу поголем маркетинг и пенетрација до поголем број на луѓе ви носи. А секогаш од старт потребен е добар буст.
+1
 
Линкот е отстранет од менито, забелешката е на место :)
 
Kajgana Shop

На врв Bottom