Kajgana Movie Awards 2016

Член од
17 октомври 2011
Мислења
13.714
Поени од реакции
33.356
Драги наши,

Како што ветив, дека ќе се потрудам ова да прерасне во традиција, така и станува. По втор пат (неофицијално трет) ги избравте номинираните филмови, актери и режисери во петнаесетте категории од Кајгана филмските награди каде ги прогласуваме најуспешните филмски остварувања во годината што измина. Кајгана Филмската Академија во изминативе десетина дена преку посебен формулар предложуваше кои филмови да се најдат меѓу номинираните, со што - ВИЕ одлучивте кои филмови беа меѓу најдобрите во 2016.

Пред да почнам, само да се заблагодарам на сите кои номинираа, дадоа поддршка и на сите кои ни ја направија филмската 2016-та поинтересна на форумов. Благодарност до @Goodfella , @Хоуп , @Anon , @Хефест , @Џонтра Волта , @Васил МКД , @Dejan <3 Viola , @ob1 , @Corvus , @grande-juve , @Dr. Gonzo , @MyloXyloto , @Tegla , @Freddy Krueger , @Leo Bonnie и сите останати кои номинираа свои предлози (нека ми простат тие кои ги имам испуштено), потоа на членовите на филмскиот клуб и најмногу од сѐ, благодарност до @wot и @џимеј - модераторите на подфорумот Филм и ТВ за целата поддршка која ми ја даваат при преземањето на сите чекори во нивното катче.

Ќе ве замолам само да го проследите со внимание објавувањето на номинациите, а за гласањето ќе бидете известени веднаш потоа. Па да почнеме:
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
13.714
Поени од реакции
33.356
2. Најдобар странски филм

Мало појаснување: во оваа категорија, во недостиг на филмови кои не се англиски јазик, минатата година беа вклучени два филма (еден од Франција и еден од Канада) кои беа на англиски јазик. Еден од нив дури и победи во категоријата. Оваа година немаме филмови на англиски јазик, исклучена беше опцијата да влезат филмови на англиски јазик при номинирањето.

 

Kajgana Shop

На врв Bottom