Kaмпања за борба против злоупотреба на децата. Промоција на химната "Сонувај"

Како најдобро може да им се помогне на жртите на сексуална злоупотреба ?


  • Вкупно гласачи
    18
Член од
26 октомври 2008
Мислења
8
Поени од реакции
0
Воочи 19 ноемри, Светскиот ден за борба против злоупотреба на децата, сакам да ве информирам дека во тек е Голема Кампања за поддршка на децата и младите жртви на сексуална злоупотреба, која ја спроведуваат Центарот за институционален развој-ЦИРа (www.cira.org.mk) и Првата детска амбасада во светот Меѓаши(и www.childrensembassy.org.mk).

Во Македонија околу 1000 деца и млади годишно се жртви на различни полови напади.

Група на музичари направија прекрасна песна “Сонувај”, на која комплетен автор е Александар Масевски и истата е снимена со поддршка на Two Hearts продукцијата. Музички ѕвезди кои учествуваа во снимањето на песната се: Александра Пилева, Браво бенд, Бени Шаќири, Мартин Србиноски, Некст тајм, Елена Петреска, Даниел Стојмановски, Мартин Вучиќ, Андријана Јаневска, Иле Спасев, Тања Б, Џемини, Дејана и Александар Масевски. Песната ќе биде промовирана на 20 ноември 2008г, Светскиот ден за заштита на децата, во 13:00 часот , во Англискиот Пап (дел од Македонсата опера и балет).

Видео записот на песната го подготвува продукцијата на Дарко Антоновски, а истиот ќе се промовира на 23 ноември 2008г, во рамките на Отворенaто ТВ програма-Телетон “Сонувај мирно”, која ќе се емитува на Македонската радио телевизија (прва програма) во периодот од 14:00-18:00 часот, како еден од настаните во рамките на кампањата. Во неа преку 100 медиумски познати лица ќе одговараат на телефонските повици на гледачите, и тие ќе бараат донаци за поддршка на жртвите на педофилите.

Снимената песна е веќе достапна на web страниците на ЦИРа и амбасадата Меѓаши: www.cira.org.mk и www.childrensembassy.org.mk.

Со вртење на 143-404 се донираат 100 мкд + 18% ддв. Средствата од фондот ќе бидат наменти за индивидуална психолошка терaпија на жртвите на сексуална злоупотреба (препораката е да се почне најдоцна 72 часа по сексуалното напаствување), покривање на трошоци за правно застапување, поддршка во образовниот процес за жртвите, како и за реализација на едукативни активности во основните и средните училишта за децата и младите полесно да ги препознаваат првите знаци на заведување од педофили или врсници кои се обидуваат сексуално да ги малтретитраат.

Повеќе за целата кампања можете да видите на web страниците на ЦИРа и амбасадата Меѓаши: www.cira.org.mk и www.childrensembassy.org.mk.

Подржете ја оваа граѓанска иницијатива, која е одговор на зголемиот број на случаи на секусуална злоупотреба на децата и младите во Македонија.

поздрав,

Зоран С
 

Акаша

Hydra
Член од
28 мај 2006
Мислења
1.684
Поени од реакции
128
Мислам дека темава треба да се префрли во некој друг подфорум или да се стави како важно да биде забележана и повеќе да се стави акцент на акцијата за донирање а не на песната.
 

Tonchie

BATTERY +
Член од
15 јуни 2005
Мислења
13.341
Поени од реакции
7.453
Ја немам слушнато песната, ама претпоставувам дека е од оние, ај праиме наменска песна проекти, и ќе се заврти 2-3 пати по радио-ТВ песната и после ќе ја снема.
Туку.. Вакви работи... ќе префрлам во Општи муабети, па другите модератори, или евентуално администраторите, нека смислат што со темава. Во музика, не ја оставам.
 

Serpico

Сковинистратор / I'm Batman
Член од
25 јануари 2007
Мислења
11.166
Поени од реакции
691
Бидејќи поентата на темата не е песната како песна, туку песната како дел од проект, нека стои тука. Ќе го видоизменам насловот малку...
 

GoGo*

LSS
Член од
10 јуни 2008
Мислења
564
Поени од реакции
18
Со повискои казни за педофилите :nerv:
 

Kajgana Shop

На врв Bottom