K1-Fight Club, Ultimate Fight, Бокс, Кик-Бокс...

  • Креатор на темата DJ_DEXTER
  • Време на започнување

Која боречка вештина најмногу ве привлекува?

  • Karate

    Гласови: 27 4,6%
  • Taekwondo

    Гласови: 36 6,2%
  • Judo

    Гласови: 11 1,9%
  • Aikido

    Гласови: 38 6,5%
  • Boks

    Гласови: 68 11,7%
  • Kick-Boks

    Гласови: 189 32,5%
  • Muay Thai

    Гласови: 44 7,6%
  • Kung Fu(Wing Chun,ShaoLin,Mantis...)

    Гласови: 74 12,7%
  • Ninjitsu

    Гласови: 30 5,2%
  • Ја нема на листата

    Гласови: 65 11,2%

  • Вкупно гласачи
    582

Partizanen banditen

Психијатриски случај
Член од
24 август 2016
Мислења
5.453
Поени од реакции
15.992
Даириуш - козојебон, Колби - Масвидал, Ракиќ - Блахович, ако ги иземеме борбите за појасите, убаво шоу уште на почетокот ни спрема господин Дена.
 

курајбер

млад, потентен
Член од
29 јануари 2007
Мислења
16.230
Поени од реакции
45.359
Прес-конференцијата ќе биде појака од борбата. Колби очекувам да го расштрафи.
 
S

sim4e

Гостин
Каква борба на Кејтар и Чикадзе! Колку само се зборуваше за тоа каков ќе се врати Кејтар по оној нечовечки, домородно-хавајски ќотек што дваесет и пет минути му го удираше Макс. И Кејтар се враќа со ваков импресивен настап. Секогаш сум запрепастен од тоа за што се способни овие луѓе. Воини!

Кејтар со константен притисок го тераше Чикадзе да се движи наназад и со тоа ефективно му ги неутрализираше киковите како негово најсилно оружје. Понекогаш стратегијата не е којзнае колку сложена, само треба да си мудоња да ја имплементираш во текот на цела борба. Кејтар знаеше дека со константното одење напред и влегување во покет ќе изеде по некој чист удар од Гига, но знаеше и дека тоа му е патот до победа. За малку не го заврши на крај. Браво и за Грузиецот што се бореше до последен атом и до крај не се предаде.
Одлично отворање на годината.

Нареден викенд тешкашите за обединување појас. Мојот тип оди на Ган. Мислам дека нема да биде погоден од Енгану и систематски ќе го решава. Сепак, сѐ што му треба на Френсис е една да помине за да му облече пижами на Ган. Ќе биде јако.
 
Член од
17 јануари 2019
Мислења
3.303
Поени од реакции
7.434
Девојка му Кристина е од Македонија и за нова година прв пат пробал кифли и зелник...
Автоматски споено мислење:

 
Член од
20 јули 2014
Мислења
3.133
Поени од реакции
8.226
Колку утепано изледаше Ган, не ми се верува. Нгану се бореше со повреда на лигаментите и уште во втората рунда веќе беше истрошен и преспор, очекував да направи притисок Ган и да почне да доминира, ама продолжи со резервираност и калкулираше. Мислам дека кој било шампион во тешка категорија, од Веласкез па навака (плус Џон Џонс), ќе го добиеше Нгану во онаква состојба.
 
Член од
23 ноември 2011
Мислења
1.520
Поени од реакции
3.656
Ова беше скоро исто лошо како Нгану-Луис. Не знам колку влијаела евентуална повреда на настапот на Нгану ама делуваше дека и двајцата се поденакво исплашени од силата на другиот за да влезат во размена на удари. На партер и двајцата беа смешни, соборувањата на Нгану реално не беа ради некаква добра техника туку резултат на поголемата физичка сила, али се гледа дека ни едниот ни другиот да ги оставиш 25 минути само да се борат не знаат како да завршат борба во таква позиција.
 

Partizanen banditen

Психијатриски случај
Член од
24 август 2016
Мислења
5.453
Поени од реакции
15.992
И јас за момент се зачудив како Нгану му правеше тејк дауни, ама после се сетив на видеото со Шек на кој го дига и Шек кој зборува: „Тој е единствениот кој ме дигнал“. Како и да е за респект е што по две изгубени рунди го доби на тактика која не му е најдобра страна.
 
Член од
29 март 2013
Мислења
4.478
Поени од реакции
4.285
Ова беше скоро исто лошо како Нгану-Луис. Не знам колку влијаела евентуална повреда на настапот на Нгану ама делуваше дека и двајцата се поденакво исплашени од силата на другиот за да влезат во размена на удари. На партер и двајцата беа смешни, соборувањата на Нгану реално не беа ради некаква добра техника туку резултат на поголемата физичка сила, али се гледа дека ни едниот ни другиот да ги оставиш 25 минути само да се борат не знаат како да завршат борба во таква позиција.
Франсис се плашеше од гас тенкот.
Батали тие глупости "калм Франсис ис скери дјуд„ ...
Типот знае дека гас тенкот му е мал и се плаши да се троши во вакви борби во кои знае дека ако не упали - лонг најт.

А Гејн (или Гане) ми личеше повеќе на него бе, не ми делуваше нешто поразлично.
Ист пристап имаше и против Луис, кикови во тело или кратки комба и повлекување назад. Едноставно таков му е стилот. Типот е борец на поени. Феноменален страјкер, многу интелигентен али ќе мора да работи повеќе на партер за да се комплетира повеќе.

Франсис како што кажа и во пост фајт пресот... не можеше да го најди ричот, едноставно не можеше да ја игра играта.
Искрено многу тесна борба. Да, имаше тејкдауни кои беа во полза на Франсис ама како да не се потруди ништо повеќе од тоа, едноставно лежеше на него.
 
Член од
29 март 2013
Мислења
4.478
Поени од реакции
4.285
Блахович се повлекол од борбата против Ракич која што беше букирана во март :facepalm::facepalm::facepalm:
Наводно ќе пробале да ја преместат. Ваљда во прашање е повреда. А едвај ја чекав...
 

Kajgana Shop

На врв Bottom