Многу инвестираше Дена Вајт во Мегрегор, Масвидал и Фергусон и сите за неполна година се помножија со нула, што мене ми е мило. Во идентитетска криза е УФЦ според мене, оваа организација е пред се комерцијален проект па потоа спортски, типична американска работа.
Оливеира ми се допаѓа највеќе од овие што се борат за титула во таа класа, ме изненади кога му го дадоа белтот но не затоа што не го заслужи туку ќе му го дадеа на Чендлер ако победеше а оваа му е втора борба. WTF?
Ете ја таа америчка работа на дело, Чендлер е дојден во УФЦ со обеќање дека ќе биде привилегизиран за белтот и ете го после една борба одма шанса. Одличен борец е да не се разбереме погрешно но треба да си чека ред малку... Оливера пример има 30 победи (скоро 20 мислам во УФЦ) и тек сега стана шампион, а што е со Порие и Гејчи...
На Фергусон мислам дека му завршува договорот во однос на тоа уште колку борби треба да има според него, мислам дека ќе оди во Белатор бидејќи тука нема што да бара веќе.