K1-Fight Club, Ultimate Fight, Бокс, Кик-Бокс...

  • Креатор на темата DJ_DEXTER
  • Време на започнување

Која боречка вештина најмногу ве привлекува?

  • Karate

    Гласови: 27 4,6%
  • Taekwondo

    Гласови: 36 6,2%
  • Judo

    Гласови: 11 1,9%
  • Aikido

    Гласови: 38 6,5%
  • Boks

    Гласови: 68 11,7%
  • Kick-Boks

    Гласови: 189 32,5%
  • Muay Thai

    Гласови: 44 7,6%
  • Kung Fu(Wing Chun,ShaoLin,Mantis...)

    Гласови: 74 12,7%
  • Ninjitsu

    Гласови: 30 5,2%
  • Ја нема на листата

    Гласови: 65 11,2%

  • Вкупно гласачи
    582
Член од
4 ноември 2017
Мислења
2.170
Поени од реакции
4.087
За вечер тешко за предвидување. За главната карта ја би идел.

- Масвидал.
- Гастелум.
- Томсон.
- Луис.
- Гилзепи.

За главната, некако Масвидал појако удира (иако неверувам дека тоа ќе биде фактор), но атлетски е понадарен, побрз е. Талентиран е за партер, неверувам дека ќе го фати Диаз со нешто таму, а во боксот/кик-боксот, Диаз нема сила да го нокаутира. Жилав е Масвидал, тешко дека волумен него ќе го среди. Најверојатно 5 рунди. Иако како секогаш, се може да се деси.

Добри борби има и на под-картите. Арловски само што го попи, очекувано и жално.

Предвидувања за таму:
- Таварес.
- Бургос.
- Вокер.

Гуд. Чокагиан и Давуду очекувано тепаа. Еден од подобрите настани на УФЦ оваа година, картиве станаа ѓубре последниве 2 години. Ова го кажувам како некој што активно ги следи овие работи од 2003, а од 2008 нема пропуштено УФЦ настан, и од другиве поголеми организации.
 
S

ski

Гостин
Вечерва Диаз би требало да тепа на поени,не можам да замислам како Масвидал би победил ...освен со нокаут.
На Луис не му е местото на оваа карта во која сите борци се мадафака.
 
Член од
4 ноември 2017
Мислења
2.170
Поени од реакции
4.087
Вечерва Диаз би требало да тепа на поени,не можам да замислам како Масвидал би победил ...освен со нокаут.
Може со удари по нозе, со борење. Масвидал има добро борење. Потценето. Може да го држи, притисне до кафез. Бутне на земја, па да му седи во гард и да го тепа.

Иако, логично е да се предвиди дека ќе боксуваат овие двајца 5 рунди, и чат-пат, ќе се притиснат до кафез. Може некој некого ќе бутне на патос. Најверојатно Масвидал, Диаз ќе го собори.

Сепак, тешко се предвидуваат овие работи. Пример, кога Масвидал се тепаше со Мелендез, си ги скрши двете раце и изгуби во технички бокс меч. Кој знае што ќе се деси.
 
Член од
11 јули 2014
Мислења
3.088
Поени од реакции
4.461
На виделина хајпот околу Вокер.
Ракич и Рејес единствени сериозни конкуренти на Џонс останаа во категоријава.
 
Член од
5 април 2010
Мислења
602
Поени од реакции
214
На виделина хајпот околу Вокер.
Ракич и Рејес единствени сериозни конкуренти на Џонс останаа во категоријава.
Ова ме разочара малце од Вокер, мислев дека ќе може да му парира на јонс.
Каква егзигуција од кевин, со ваква подршка во корнерот има многу да покаже.
 
S

ski

Гостин
Може со удари по нозе, со борење. Масвидал има добро борење. Потценето. Може да го држи, притисне до кафез. Бутне на земја, па да му седи во гард и да го тепа.

Иако, логично е да се предвиди дека ќе боксуваат овие двајца 5 рунди, и чат-пат, ќе се притиснат до кафез. Може некој некого ќе бутне на патос. Најверојатно Масвидал, Диаз ќе го собори.

Сепак, тешко се предвидуваат овие работи. Пример, кога Масвидал се тепаше со Мелендез, си ги скрши двете раце и изгуби во технички бокс меч. Кој знае што ќе се деси.
Статистички Масвидал е подобро рангиран но сепак Диаз има победи против два поранешни шампиони Конор и Антонио Петис од кои Конор дефинитивно има јака снајпер лева рака а Петис е одличен во борење...незнам тешко е да се предвиди но и да иде Масвидал уште од почеток со удари по нозе со цел да му симне кондиција и движење на Диаз сигурно у мегувреме Масвидал ке добива директи во глава.
 
Последно уредено од модератор:
Член од
4 ноември 2017
Мислења
2.170
Поени од реакции
4.087
Статистички Масвидал е подобро рангиран но сепак Диаз има победи против два поранешни шампиони Конор и Антонио Петис од кои Конор дефинитивно има јака снајпер лева рака а Петис е одличен во борење...незнам тешко е да се предвиди но и да иде Масвидал уште од почеток со удари по нозе со цел да му симне кондиција и движење на Диаз сигурно у мегувреме Масвидал ке добива директи во глава.
Добар борач што се разбира во партер, може да го победи Диаз. Двајцата браќа од такви губат цела кариера. Тоа и удари по нозе им се нив криптонит. Они никад не ги бранат тие работи. Дос Ањос го среди Диаз уште во првите 90 секунди. Му ги покоси нозете уште во првата минута и после овој почна да криви и готов беше. Масвидал не е некој борач, но има добра техника и во некои борби се потпирал на тоа, ко пример со Тим Минс. Ама, он не е некој што ќе ти ги фати двете нозе и ќе те сруши. Не му е тоа позадината. Он ќе те бутне до кафез, па ќе те бутне на земја. Ја нема таа техника и експлозивност ко приорден борач.

Ако боксуваат чисто 5 рунди има добри шанси Диаз. Ама, Масвидал е побрз, поексплозивен, со појак удар. Има и некои удари со нозе. Диаз браќава никого немаат нокаутирано со еден удар, они ретко и кој го нокаутирале чисто, се тоа се технички нокаути од премногу волумен на удари. Ќе ги заморат, и ќе ги изрешетаат со боксови.

Ќе видиме што ќе се деси. Јас предвидувам дека Масвидал ќе тепа. Може и со нокаут.
 

Hurin

Pokerface bastard
Член од
3 јуни 2009
Мислења
8.536
Поени од реакции
14.669
можеа уште една рунда да ја остават.
катменот му ја исчисти раната комплетно, немаше крв никаде.
јебигс, очекував анти климачен крај.
 

Ryan Giggs

tearing you apart since 1991
Член од
27 мај 2009
Мислења
11.421
Поени од реакции
20.125
можеа уште една рунда да ја остават.
катменот му ја исчисти раната комплетно, немаше крв никаде.
јебигс, очекував анти климачен крај.
Не дека Diaz не крваел така секоја борба, но Masvidal му отвори женски полов орган на окото :D
 
Член од
4 ноември 2017
Мислења
2.170
Поени од реакции
4.087
Ќе изгубеше Диаз и така најверојатно. Масвидал има добро кардио и е многу издржлив, а Диаз беше у минус 3 рунди и нема нокаут сила у удар. Тешко да се очекува да го фати со нешто.
 
Член од
29 март 2013
Мислења
4.478
Поени од реакции
4.283
Одлични скоро сите борби од картава, освен борбата на Тил и Гастелум која беше помалку здодевна (можеби поради тоа што очекував финиш, нз).

Ме изненадија повеќе работи... како на пример кондицијата на Масвидал, издржливоста на Иванов и Луке (поготово Иванов човече, кој тенк...), потоа камбекот на Томпсон кој имаше оооодлична борба сношти, многу технички спремен борец, браво! А најмногу бев изненаден од поразот на Вокер...
Не, не очекував да биде завршен во оваа борба. Мислам дека премногу го потцени страјкингот од противникот, но се покажа и како доста мек после удар, воопшто не се опорави.
Вокер има скилови и тоа не е спорно, има и доста специфичен стил со кој очигледно беше премногу самоуверен, можеби и повеќе отколку што треба. Можеби е уште еден hyped train, но тоа ќе го видиме во следната борба доколку му дадат високорангиран противник, али после ваков пораз тешко.
 
Член од
24 мај 2014
Мислења
5.294
Поени од реакции
5.853
Почекав некој пред мене да го искоментира KSW 51 ама гледам ве нема :D
На кратко... Јун мислев дека има шански со Мариус ама и не ме изненади поразот, Анте Делија и Антун Рачич само потврдија на кое ниво се, и се "потпишаа" на свој дубровнички начин, Ерслан исто беше одличен, Пејич е преценет лик, Крушич не го ни коментирам. Илке Џокер го потцени противникот и тоа го чинеше многу, покасно рече и дека имал проблеми со симнувањето кила а Васо Психо иако знаеше и кажа дека сакаат да го искористат за да го вратат Борис пак на високо ниво, успеаја да му го однесат паметот со јаки најави по социјалните мрежи, искрено можеше да победи. Трушчек е самурај во душа, не бил никогаш престижен фајтер ама има срце и дух кои немаат цена.
 
Член од
24 мај 2014
Мислења
5.294
Поени од реакции
5.853
Циркузи не се коментираат.
Контроверзна промоција дефинитивно, туку заборавив во текстот да пишам за квалитетот на тренинг, оноа Солдич што го зборува често... АТТ Загреб многу често одат во АТТ УСА и учат таму од најголемите како Кормир и Кабиб, додека Ахилеј и општо цел Белград функционира на снаоѓање, т.е. крпење еден со друг клуб на припремите.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom