K1-Fight Club, Ultimate Fight, Бокс, Кик-Бокс...

  • Креатор на темата DJ_DEXTER
  • Време на започнување

Која боречка вештина најмногу ве привлекува?

  • Karate

    Гласови: 27 4,6%
  • Taekwondo

    Гласови: 36 6,2%
  • Judo

    Гласови: 11 1,9%
  • Aikido

    Гласови: 38 6,5%
  • Boks

    Гласови: 69 11,8%
  • Kick-Boks

    Гласови: 190 32,5%
  • Muay Thai

    Гласови: 44 7,5%
  • Kung Fu(Wing Chun,ShaoLin,Mantis...)

    Гласови: 74 12,7%
  • Ninjitsu

    Гласови: 30 5,1%
  • Ја нема на листата

    Гласови: 65 11,1%

  • Вкупно гласачи
    584
Член од
10 март 2013
Мислења
59
Поени од реакции
63
Абе што ви кажав за Коста, дечкото е карпа добро очекував да го нокаутира Ромеро но се изненадив и од него машки издржа до крај, капа доле.
Што се однесува до Диаз очекував дека ке победи има солидно џиу џитсу.
Но немате појма колку се израдував за Миочич кога го бутна дебелкото рипав и трчав по соби хахахах
Прејака карта навистина уживав позз момци
 
Hurin

Pokerface bastard
Член од
3 јуни 2009
Мислења
8.537
Поени од реакции
14.670
Pettis ме разочара малку останатото одлични борби.
играв на победа на Стипе пошо ми беше поразот негов ко на среќа ама реално се до последните 90 секунди кога почна the liver shots ја давав на кормиер, права легенда е дебелото, страшен борец, искрено не верував дека ќе биде толку добар, мислев Стипе ќе го држи на дистанца ама изеде 150 удари, штета веќе е при крај со кариерата иначе еден од најдобрите во спортот.

Ромеро ко да беше во длабокот фрлен, ти се чини се дави од толку отворена уста, тесна борба, неможам да се одлучам кој е победникот, најдобро беше нерешено.
 
Член од
10 март 2013
Мислења
59
Поени од реакции
63
Егото е најголемиот противник на секој спортист и во оваа борба Корние го кошташе титула, да го слушаше неговиот тим и да си стои на планираното ова за него ќе беше лесна победа, едноставно требаше да го бутне на земја како во прва рунда и тука нема бегање знаеме дека борењето му е специјалност но како што си изјави после борбата дека се навлекол во Густафсон стајл фајт и тука се занел мислејки дека може да му парира на Стипе, инаку Коста ја доби на decision поради тоа што имаше повеке чисти удари од противникот...
 
Член од
29 март 2013
Мислења
4.508
Поени од реакции
4.331
Петис - Диаз

Нејт е карпа. Предобар на подот и ненopмалнен гас тенк.
Но капа долу и за Петис, одлично се снајде во транзициите и неколкупати се извлече , но подвали во стендапот, Нејт го кракна.
А овој Нејт па во пост фајт интервјуто го предизвика Хорхе Масвидал. :LOL: Прејака борба морам да признаам. Тешка пара ќе чари Масвидал, Нејт е муни фајт! :)

Ромеро - Коста

Во шок и неверување паднав после одлуката. Не сакам да звучам како про, али имаат ли 2 чисти овие што судат? Врз што ли му доделија unanimous decision, за тоа што Ромеро го отвори ко паштета?
Можда имаше повеќе упатени удари али повеќето беа изблокирани и без некаков импакт. Мислам се виде и по суратот на Коста.
Едино што го зашемети во еден момент али тоа беше се. Ромеро ја играше неговата игра и со директи добро го држеше на дистанца. Се покажа како добар техничар Ромеро, за разлика од Коста кој повеќе е bralwer (но е многу издржлив, за тоа капа долу, но не победи). Одлично се снајде Ромеро, покажа техника, repetitive jabs со една рака последователно и back fists, предобро за гледање.
Ни за момент не помислив дека би можело нерешено да одлучат, камо ли на Коста да му ја дадат али јбг. Ова е тоа за кое зборував неколку страни поназад, едноставно судиите му даваат повеќе поени на агресорот во борбата, на оној кој притиска, без разлика на импактот од ударите. А овој па Коста го предизвика Адесања. :LOL: Адесања му е преголем залак, ќе го изрезили болно.

Стипе - Кормиер

Исто како Ромеро - Коста, така и Кормиер го отвори Стипе. Срамота е со толку помал reach да ти ја клати главата 3 рунди... Стипе не ја исористи предноста во големината и премногу штета изеде, али накрај пак најде начин и го читна со тие удари во тело. Секоја чест за тоа но убедливо ја губеше и оваа борба. Премалку се движеше Стипе и премногу му стоеше во дофатот на Кормиер. Ова значи дека за брзо време Нгану ќе го осви појасот. Против Кормиер не верував дека ќе има шанси, Кормиер ќе го издишеше брзо, но мислам дека Стипе ќе го прати на спиење во реваншот.
Не гледам кој друг е on the lane за титула освен Нгану... Евентуално Џонс да скокни во хевивејт што би било мега спектакл, али не верувам.
Автоматски споено мислење:

1566145529298.png

:ROFLMAO:
 
Последно уредено:
  • Ми се допаѓа
Reactions: ski
Член од
1 февруари 2012
Мислења
3.674
Поени од реакции
4.205
Стипе се мачеше да најде дистанца со Кормиер но сепак на крај успеа да се адаптира во трета рунда и да пронајде дистанца, да ја искористи физичката предност што ја има врз Кормиер. Ударите во тело беа брутални и му ја донесоа победата. Нгану против Штипе стварно не знам. Можеби Штипе има проблеми против пониски борци но можеби би се снашол подобро против некој негова големина? Сепак има борци што се мачат повеке кога треба да праќаат удари надоле. Земи го Џошуа за пример, знам дека е бокс не е ММА али сепак. Мислам дека не треба да се потценува Стипе против Нгану, сепак Стипе го победи Нгану убедливо првиот фајт. Но сепак Нгану е подобрен од тогаш. Но стварно не знам што да мислам. Би сакал да видам реванш за појас.

Диаз против Петис беше Диаз на хартија, само не знаев дали е уште во форма послем толку пауза. Петис никогаш не бил добар кога некој му врши притисок. Ме изненади Диаз колку нема изгубена форма. Малце беше зарѓан во боксот, не беше до толку опуштен но и паузата си го прави своето. Очекувам да биде уште подобар нареден пат.

Ромеро vs Коста мислам и јас дека Ромеро победи. Го погодуваше со почисти и позначајни удари. Беше тесно, не велам не, но сепак мислам дека јасно беше дека Ромеро победи. Мислам дека му ја дадоа на Коста поради тоа што е млад и има многу повеќе потенција во иднина за разлика од Ромеро кој е на залез на кариера. Коста има многу кондиција, карпа е и врши јак притисок. Има ептен потенцијал.
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: ski
Член од
10 март 2013
Мислења
59
Поени од реакции
63
Петис - Диаз

Нејт е карпа. Предобар на подот и ненopмалнен гас тенк.
Но капа долу и за Петис, одлично се снајде во транзициите и неколкупати се извлече , но подвали во стендапот, Нејт го кракна.
А овој Нејт па во пост фајт интервјуто го предизвика Хорхе Масвидал. :LOL: Прејака борба морам да признаам. Тешка пара ќе чари Масвидал, Нејт е муни фајт! :)

Ромеро - Коста

Во шок и неверување паднав после одлуката. Не сакам да звучам како про, али имаат ли 2 чисти овие што судат? Врз што ли му доделија unanimous decision, за тоа што Ромеро го отвори ко паштета?
Можда имаше повеќе упатени удари али повеќето беа изблокирани и без некаков импакт. Мислам се виде и по суратот на Коста.
Едино што го зашемети во еден момент али тоа беше се. Ромеро ја играше неговата игра и со директи добро го држеше на дистанца. Се покажа како добар техничар Ромеро, за разлика од Коста кој повеќе е bralwer (но е многу издржлив, за тоа капа долу, но не победи). Одлично се снајде Ромеро, покажа техника, repetitive jabs со една рака последователно и back fists, предобро за гледање.
Ни за момент не помислив дека би можело нерешено да одлучат, камо ли на Коста да му ја дадат али јбг. Ова е тоа за кое зборував неколку страни поназад, едноставно судиите му даваат повеќе поени на агресорот во борбата, на оној кој притиска, без разлика на импактот од ударите. А овој па Коста го предизвика Адесања. :LOL: Адесања му е преголем залак, ќе го изрезили болно.

Стипе - Кормиер

Исто како Ромеро - Коста, така и Кормиер го отвори Стипе. Срамота е со толку помал reach да ти ја клати главата 3 рунди... Стипе не ја исористи предноста во големината и премногу штета изеде, али накрај пак најде начин и го читна со тие удари во тело. Секоја чест за тоа но убедливо ја губеше и оваа борба. Премалку се движеше Стипе и премногу му стоеше во дофатот на Кормиер. Ова значи дека за брзо време Нгану ќе го осви појасот. Против Кормиер не верував дека ќе има шанси, Кормиер ќе го издишеше брзо, но мислам дека Стипе ќе го прати на спиење во реваншот.
Не гледам кој друг е on the lane за титула освен Нгану... Евентуално Џонс да скокни во хевивејт што би било мега спектакл, али не верувам.
Автоматски споено мислење:

Прегледај го приврзокот 215397

:ROFLMAO:
Има едно непишано правило што го кажа Дејна мн одамна во едно од неговите серии ТУФ кое вика дека никогаш не оставај на судиите да ти го изградат патот кон успехот...
Колку и да не мислите дека Ромеро требал да добие бројките не лажат ги имате на официјална страна на уфц, поголем процент на чисти удари имаше Коста ма да и тоа не се гледа како што кажа гледаат и мн работи кој има повеке агресија кој тејкдаун кој повеке ризикува мислам дека се има фактор, според мене Коста заслужено.
Мислам дека Џонс откако ке ги исчисти сите во негова дивизија ке се префрли во тешка категорија и тоа мн брзо ке се деси, мислам дека го чекаше исходот од оваа борба.
 
Ромеро имаше повеќе clean shots, факт! Али си во право, Вајт тоа му го рече на Хендрикс во постфајт конференцијата после поразот од ЏСП, дека не треба да остава на судиите. А овој неколку минути пред тоа рече "70% од неговата сила биле доволни за Џорџ", а Вајт одма му го плесна. :)

Како и да е, знаеме оти Вајт многупати го повторува тоа, затоа што сака нокаути - факт! Вајт форњира финиши.
Ако пратиш редовно не е тешко да дојдеш до тој заклучок.

Али како и да е, држи вода муабетот.
 
dragonsky

Hate leads to suffering
Член од
25 декември 2010
Мислења
42.897
Поени од реакции
84.269
Ау, не ми се верува како сум го утнал евентов...

Читам коментари..викате Стипе се мачел со ДЦ...а ипак победил..
Значи баш Нгану има топ шанса а?

Штета, баш ми е криво што сум го утнал ДЦ-Стипе, звучи хајп од постовиве ко шо читам
 
Член од
29 март 2013
Мислења
4.508
Поени од реакции
4.331
Ау, не ми се верува како сум го утнал евентов...

Читам коментари..викате Стипе се мачел со ДЦ...а ипак победил..
Значи баш Нгану има топ шанса а?

Штета, баш ми е криво што сум го утнал ДЦ-Стипе, звучи хајп од постовиве ко шо читам
Ако не троши сѐ во прва рунда Франсис има големи шанси да победи. Но од друга страна па најголемите шанси за победа му се баш во прва рунда со некој добар удар. Оуверол, Франсис има далеку подобра брада од Стипе, и верувам дека секој добар и прецизен удар ќе го прати Стипе на спиење. Али тешко е за прогноза.

Туку..
Рамбл Џонсон наводно најавил повраток, и тоа замислете во која категорија и против кого? :) - Тешка, против Франсис Нгану.

:drk: дркање од меч!

Рамбл е убица! Не знам во каква форма би бил (ако би бил) во тешка категорија, но ако е истиот од пред неколку години тогаш Франсис би имал тешки приблеми. Рамбл го гледам како сличен профил на Франсис, еднаква моќ но според мене со поголема брзина. Али каков ќе биде со таа екстра килажа останува да видиме.
 
Член од
11 јули 2014
Мислења
3.088
Поени од реакции
4.461
Ау, не ми се верува како сум го утнал евентов...

Читам коментари..викате Стипе се мачел со ДЦ...а ипак победил..
Значи баш Нгану има топ шанса а?

Штета, баш ми е криво што сум го утнал ДЦ-Стипе, звучи хајп од постовиве ко шо читам
Нгану уште ќе чека за шанса :) Следен меч на Стипе е против Кормиер трилогија, или против Џонс.
 
Член од
1 февруари 2012
Мислења
3.674
Поени од реакции
4.205
Нгану уште ќе чека за шанса :) Следен меч на Стипе е против Кормиер трилогија, или против Џонс.
Мислам дека Џонс ќе остане во лесно-тешка и ќе проба да се зациментира таму "како најдобар на сите времиња". Нешто не е многу ентузијастичен за тешка...
 
Член од
24 мај 2014
Мислења
5.296
Поени од реакции
5.864
Мислам дека Џонс ќе остане во лесно-тешка и ќе проба да се зациментира таму "како најдобар на сите времиња". Нешто не е многу ентузијастичен за тешка...
Паматен е, на кого му донесе добро појас во две категории досега?
 
Kajgana Shop

На врв Bottom