K1-Fight Club, Ultimate Fight, Бокс, Кик-Бокс...

  • Креатор на темата DJ_DEXTER
  • Време на започнување

Која боречка вештина најмногу ве привлекува?

  • Karate

    Гласови: 27 4,6%
  • Taekwondo

    Гласови: 36 6,1%
  • Judo

    Гласови: 11 1,9%
  • Aikido

    Гласови: 38 6,5%
  • Boks

    Гласови: 70 11,9%
  • Kick-Boks

    Гласови: 190 32,4%
  • Muay Thai

    Гласови: 44 7,5%
  • Kung Fu(Wing Chun,ShaoLin,Mantis...)

    Гласови: 75 12,8%
  • Ninjitsu

    Гласови: 30 5,1%
  • Ја нема на листата

    Гласови: 65 11,1%

  • Вкупно гласачи
    586

12212112

17.04.2024
Член од
25 октомври 2023
Мислења
155
Поени од реакции
136
Јас со глава гарантирам дека чисто на издржливост и кондиција е шампион. Единствено во борење ако нешто знае, стендапот му е... немам дури ни зборови. Саботно-барска тепачка Стикланд-Ду Плесис.
Сите четворица погори кои ги спомна се класи над овие двајца, али јбг ете.
Борбата им беше под просек, тука нема збор. Но остнатите борби му се многу попривлечни и интересни.
Види иако навивав за Стрикланд, по мене нерешено ке беше најправилно, ама само затоа што Ду Плесис е шампион и по непишано правило изазивачот треба малку повеќе да покаже од шампионот во вакви „блиски“ борби, што не значи дека Дрисус го разбил Шон, напротив.
Ti si hejter tard, ista kategorija na boranija ste so ovoj Sasa Ilic. :jeeee:
 
Член од
23 август 2024
Мислења
287
Поени од реакции
471
Мене овој Топурија ми е досаден за гледање. Се му се сведува на 3-4 удари од боксот, на физичка сила и на брзина. Никаква атрактивност нема во него. High kick не се сеќавам дека сум видел од него, grappling техниките од BJJ му се просечни и воглавно му служат да се одбрани. Се му се сведува на тоа да те притисне кон жицата и да те нокаутира со удари од бокс. Ефективно, но крајно досадно.

Нема повеќе борци како Љото Мачида или Стивен Томпсон, да ти е мерак да гледаш борба.
 
Член од
19 август 2010
Мислења
3.930
Поени од реакции
9.497

Тоа си во право. Ама што не се најде некој мудоња да го реши, пред Илко да го донесе до ограда и да го силуе. Би сакал ептен да го видам тоа. За да го победиш Топуриа треба да се потрудиш да изведеш некои изненадни ствари пред него. Пошо не е вероватно некој да може пет рунди да го избегне. Да можеш да поднесеш еден удар, и не треба да дозволиш да те донесе до ограда и да изведе својата секвенца на удари, од која видовме дека нема спас.
 
Ѕвер е, збор да нема, физички е супериорен. Пред некој ден гледав клип кај Роган од тренинг на Топурија, нереално изгледа колку брзо удира и ескивира удари. Мислев деја е убрзан клипот. Но без разлика на се, повеќе би гледал една рунда на Стивен Томпсон, отколку цели борби на Топурија.

Еве го клипот.

Последно уредено:
Член од
29 март 2013
Мислења
4.626
Поени од реакции
4.467

Јас не му сум баш фан на карактерот, али ликов е баш мој тип на фајтер.
Крепи удар, брз боксинг, тешка рака...
Еднаставно си во исчекување на нокаут, а тоа ги пали фановите.

Пример има борци кои знаат да нокаутираат на спектакуларен начин и да ја запалат публиката, али немаат или па со тек на време ја губат брадата и не крепат веќе удар. Пример од тој тип ми е Витакер. Преголем фан сум и моментално ми е омилен од цел ростер, али борбите му ги гледам со возбуда и страв во исто време.
А Топуриа носи само возбуда засега.
 
Член од
23 август 2024
Мислења
287
Поени од реакции
471
Пример од тој тип ми е Витакер. Преголем фан сум и моментално ми е омилен од цел ростер, али борбите му ги гледам со возбуда и страв во исто време.
Не сум сигурен, но мислам дека на Витакер матична вештина му е Гоџу Рју карате, што е реткост. Може и погрешно да сум го запаметил ова. Муабетот ми е, поинтересните борци за гледање воглавно од карате доаѓаат.
 
Последно уредено:
Член од
20 јули 2014
Мислења
3.249
Поени од реакции
8.558
Јас малку покмплициран сум ако збориме за вкусови. Вака естетски за око, тој карате stance-от на МеКрегор, Вондербој, GSP, Maчида итн. ми е најпривлечен, додека самиот напад, размена на удари отсекогаш ми се допаѓале кик-бокс/мај-таи борци од типот на Роби Лоулер, Физиев, Дарен Тил, Бас Рутен, Ернесто Хуст, Жером Ле Банер итн., или некои неортодоксни стилови како Магомедшарипов, Тони Фергусон или моментално Шара Магомедов.

За најефективен/најсовршен дефинитивно го сметам Самбото...

Две легенди на боречките спортови... само малку во поодминати години...

ПС. За мене еден од најфасцинантните ликови во боречките спортови, Masahiko Kimura...
 
Последно уредено:
Член од
23 август 2024
Мислења
287
Поени од реакции
471
За најефективен/најсовршен дефинитивно го сметам Самбото...
Не постои совршен систем. Идеално би било од секоја боречка вештина да се земе она што е најдобро и да се комбинира. Ова се разбира е возможно само во теорија.

1. Удари и техики со раце, бокс и муаи таи за техники со лакти.
2. Движење, бокс.
3. Удари со нозе, карате иако многумина би одбрале муаи таи. Сметам дека каратето им најголем број на удари со нозе, плус пософистицрана техника на изведба.
4. Фрлања, се разбира џудо.
5. Борба на земја, бразилско џиу џицу.
6. Зајакнување на телото (body conditioning) муаи таи.
7. Ментален став, карате.

Вака некако би изгледал совршен борец. А ако сакате да одберете една боречка вештина, мислам дека најдобар избор е јапонското џиу џицу или самбо.
 
Да, во ред, јасно ми е дека нема совршена. Мислев од овие што егзистираат како засебни боречки вештини, според мене Самбо е најкомплетната.
5. Борба на земја, бразилско џиу џицу.
Овде не се согласувам. И од тоа што го гледаме кај професионалците, во борбите меѓу wrestling-first борци против BJJ, обично причично доминантни се борачите (без разлика дали грчки-римски или слободен стил).

Борењето учи на подобро позиционирање што е речиси секогаш подобро од субмисија. Дагестанците го комбинираат слободниот боречки стил со Самбо и се апсолутно неприкосновени на партер...

Единствен пораз на борач од BJJ на кој што се сеќавам, е Кејн Веласкез (D1 дивизија во колеџ) против Вердум, ама треба да се земе во обѕир и тоа дека Кејн се врати по долга пауза од тешка повреда и ни приближно не беше истиот...
 
Вердум беше заебан тип, сигурно знаеш дека тој му го нанесе првиот пораз на Федор после мнигу години со triangle choke. Ме замисли за ова со борењето, секогаш си земав здраво за готово дека BJJ с најдобра вештина за борба на земја, но борачите се неверојатно силни физички, плус се во борењето се сведува на тоа да се најдеш во доминантна позиција над противникот. Не сум изгледал многу борби на борачи против BJJ, всушност само неколку на Gordon Ryan во кој беше доминантен, но Gordon Ryan е најдобриот на сите времиња, па не е некое мерило.

За Кејн, иако матична вештина му беше борењето, мислам дека беше многу подобар во борба на нозе. За време на неговите најдобри години, беше машина за убивање. Еден од најдобрите на сите времиња.
 
Последно уредено:
Член од
20 јули 2014
Мислења
3.249
Поени од реакции
8.558
Вердум беше заебан тип, сигурно знаеш дека тој му го нанесе првиот пораз на Федор после мнигу години со triangle choke. Ме замисли за ова со борењето, секогаш си земав здраво за готово дека BJJ с најдобра вештина за борба на земја, но борачите се неверојатно силни физички, плус се во борењето се се сведува на тоа да се најдеш во доминантна позиција над противникот. Не сум изгледал многу борби на борачи против BJJ, всушност само неколку на Gordon Ryan во кој беше доминантен, но Gordon Ryan е најдобриот на сите времиња, па не е некое мерило.
Да се сеќавам, во Strikeforce беше. Легендарна борба е веќе тоа. :) Вердум искусно го наседна Федор, класичен bait дека е зашеметен од удар и си создаде идеална позиција за triangle... Мислам и во други борби го имам видено да го проба истото, ми се чини против Стипе исто така, ама без успех.
За Кејн, иако матична вештина му беше борењето, мислам дека беше многу подобар во борба на нозе. За време на неговите најдобри години, беше машина за убивање. Еден од најдобрите на сите времиња.
Според мене најдобриот (или еден од најдобрите, да бидам поскромен) brawler pressure fighter во историјата. Тука некаде со Фергусон од најдобрите денови, Ковингтон и Хамзат во тој поглед. Инаку целата MMA кариера беше во АКА (American Kickboxing Academy), каде спаринг и тренинг партнер му беше Кормие. :)
 
Partizanen banditen

Психијатриски случај
Член од
24 август 2016
Мислења
5.755
Поени од реакции
17.194
Белал добил инфекција на прстот на ногата, така да борбата против Шавкат на УФЦ 310 е откажана, а наводно на Переира и Магомедов им е понудено да бидат хедлајнери.
 
Член од
23 август 2024
Мислења
287
Поени од реакции
471
Да се сеќавам, во Strikeforce беше. Легендарна борба е веќе тоа. :) Вердум искусно го наседна Федор, класичен bait дека е зашеметен од удар и си создаде идеална позиција за triangle... Мислам и во други борби го имам видено да го проба истото, ми се чини против Стипе исто така, ама без успех.

Според мене најдобриот (или еден од најдобрите, да бидам поскромен) brawler pressure fighter во историјата. Тука некаде со Фергусон од најдобрите денови, Ковингтон и Хамзат во тој поглед. Инаку целата MMA кариера беше во АКА (American Kickboxing Academy), каде спаринг и тренинг партнер му беше Кормие. :)
Зависи како дефинираш brawler pressure fighter. За многумина тоа значи помалку вештина, повеќе сила и пресија. Тоа сигурно не важи за Кејн, кој имаше одлична техника. Инаку да, вистинско динамо, неверојатна кондиција. Удар по удар, едноставно не престануваше. Штета што кратко траеше.

Што се однесува на поразот на Федор од Вердум, мислам дека најмногу се должи на тоа што Федор пред тоа два пати го претепа Ногеира кој во тие години се сметаше за најдобар BJJ борец, па Федор беше некако убеден дека лесно ќе помине со Вердум. И вистина го намести, глумеше дека е многу удрен и го чекаше Федор да започне со ground and pound.
 
Имам доста заборавено да бидам искрен, по 15-20 години се поминати од настаниве...

Имаше Федор и километража во моментот кога се бореше против Вердум. Федор најголем дел од кариерата помина во Прајд, други беа правилата, а поважно и далеку поисцрпувачки беа рундите. Таму се бореа во три рунди, првата беше 10 минути, втората и третата по 5.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom