K1-Fight Club, Ultimate Fight, Бокс, Кик-Бокс...

  • Креатор на темата DJ_DEXTER
  • Време на започнување

Која боречка вештина најмногу ве привлекува?

  • Karate

    Гласови: 27 4,8%
  • Taekwondo

    Гласови: 34 6,0%
  • Judo

    Гласови: 10 1,8%
  • Aikido

    Гласови: 37 6,6%
  • Boks

    Гласови: 64 11,4%
  • Kick-Boks

    Гласови: 183 32,6%
  • Muay Thai

    Гласови: 40 7,1%
  • Kung Fu(Wing Chun,ShaoLin,Mantis...)

    Гласови: 74 13,2%
  • Ninjitsu

    Гласови: 29 5,2%
  • Ја нема на листата

    Гласови: 64 11,4%

  • Вкупно гласачи
    562

Partizanen banditen

Психијатриски случај
Член од
24 август 2016
Мислења
4.238
Поени од реакции
13.028
Даириуш - козојебон, Колби - Масвидал, Ракиќ - Блахович, ако ги иземеме борбите за појасите, убаво шоу уште на почетокот ни спрема господин Дена.
 

курајбер

млад, потентен
Член од
29 јануари 2007
Мислења
13.834
Поени од реакции
28.645
Прес-конференцијата ќе биде појака од борбата. Колби очекувам да го расштрафи.
 
S

sim4e

Гостин
Каква борба на Кејтар и Чикадзе! Колку само се зборуваше за тоа каков ќе се врати Кејтар по оној нечовечки, домородно-хавајски ќотек што дваесет и пет минути му го удираше Макс. И Кејтар се враќа со ваков импресивен настап. Секогаш сум запрепастен од тоа за што се способни овие луѓе. Воини!

Кејтар со константен притисок го тераше Чикадзе да се движи наназад и со тоа ефективно му ги неутрализираше киковите како негово најсилно оружје. Понекогаш стратегијата не е којзнае колку сложена, само треба да си мудоња да ја имплементираш во текот на цела борба. Кејтар знаеше дека со константното одење напред и влегување во покет ќе изеде по некој чист удар од Гига, но знаеше и дека тоа му е патот до победа. За малку не го заврши на крај. Браво и за Грузиецот што се бореше до последен атом и до крај не се предаде.
Одлично отворање на годината.

Нареден викенд тешкашите за обединување појас. Мојот тип оди на Ган. Мислам дека нема да биде погоден од Енгану и систематски ќе го решава. Сепак, сѐ што му треба на Френсис е една да помине за да му облече пижами на Ган. Ќе биде јако.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom