Греота е за Колби Ковинтон таман му зарасна скршената вилица сега пак најверојатно ке му биде скршена.
Интересна треба да биде Чендлер и Џастин Гатје според тоа што го знаеме и за двајцата не би требало да трае долго борбата очекувам нокаут во прва рунда од Чендлер.
Роуз и Жанг 50/50 се шансите без разлика што Роуз има психолошка предност како победник од претходната борба.
Роуз Намајонез што би рекол Колби можеби го одбрани појасот затоа што се бореше дома, можеби затоа што е шампионка, но не е незаслужено. Според мене она беше чисто нерешено, али авај.
Колби штета што дојде подоцна на мечот. Покажа дека е единствен кој може да го загрози Камару. Едвај чекам да му закажат борба со оној талибанот. Ај што ке дигнат голем хајп, туку и мислам дека ке го пребие здраво и ке го спушти на земја.
Колби касно го фати ритамот, првите две рунди (а поготово во втората) Усман го скрши.
Сигурен сум да имаа уште 1-2 екстра рунди Колби ја земаше оваа
Во трета и четврта рунда Колби успеа да го пронајде Усман со ударите. Штета што не можеше да направи тејкдаун, фак ит, Фејкњузман е тенк.
Прекрасна борба помеѓу Гејџи и Чендлер исто така. Штета што и двајцата се потрошија во првата рунда.
Да беше Чендлер малку поискалкулиран можеше да го финишира Гејџи, али ептен се остави отворен за контри.
Едвардс дал изјава дека не сака борба против резервен борец на Масвидал, туку ќе чекал борба за титула. Иначе тројца изразија желба да го заменат Масвидал против Едвардс, Белал Муахмед, Брнс и Хамзат.
Oн може што сака, ама ако го стегне газда Дана нема каде да мрда. Иначе зборував со колегата на работа и он прати ММА, што мислите дали би дошло до борба помеѓу Конор и Ел Кукуј, посебно сега кога и двајцата се паднати, а може да се извадат добри пари на нивната борба поради медијската рпеутација на двајцата?
Oн може што сака, ама ако го стегне газда Дана нема каде да мрда. Иначе зборував со колегата на работа и он прати ММА, што мислите дали би дошло до борба помеѓу Конор и Ел Кукуј, посебно сега кога и двајцата се паднати, а може да се извадат добри пари на нивната борба поради медијската рпеутација на двајцата?
Тони е во низа од 3 изгубени, не верувам дека држи кредит кај челнициве од UFC за борба со Конор.
Мислам дека Конор и 10 да загуби во низа, секогаш ќе се бори со бр. 2 или 3. Тони е факинг 7 така да не ми се верува.
Конор и Чендлер ко да се договорија неформално за борба преку Твитер.
А иначе да, и јас прочитав за Чимаев дека наводно „сакал„ да улета против Едвардс, али неговите намери не ми се за верување. Кучето само шпекулира и сака да биди во центар пажња.
Оваа страница користи колачиња за персонализирање на содржината. Со продолжување на користењето, се согласувате со нашата политика за користење колачиња.