K1-Fight Club, Ultimate Fight, Бокс, Кик-Бокс...

  • Креатор на темата DJ_DEXTER
  • Време на започнување

Која боречка вештина најмногу ве привлекува?

  • Karate

    Гласови: 27 4,6%
  • Taekwondo

    Гласови: 36 6,2%
  • Judo

    Гласови: 11 1,9%
  • Aikido

    Гласови: 38 6,5%
  • Boks

    Гласови: 69 11,8%
  • Kick-Boks

    Гласови: 190 32,5%
  • Muay Thai

    Гласови: 44 7,5%
  • Kung Fu(Wing Chun,ShaoLin,Mantis...)

    Гласови: 74 12,7%
  • Ninjitsu

    Гласови: 30 5,1%
  • Ја нема на листата

    Гласови: 65 11,1%

  • Вкупно гласачи
    584

Hurin

Pokerface bastard
Член од
3 јуни 2009
Мислења
8.537
Поени од реакции
14.670
Wooooooooow

не ми се верува еј

цело време доминираше Конор и на крај го фати во ќош

Буквално сега да продолжат одма ќе тепа Конор

не ми се верува
Има разлика од доминација и водење.
Не беше лош Конор ко за рекреативец во спортот ама се гледаше дека ја препушта борбата на Дастин а Дастин си е експерт за вакви работи, класичен финиш од негова страна.

Чендлер исто финишира брзо што значи 155ка станува интересна.
ЧАРЛС ОЛИВЕИРА
МАЈКЛ ЧЕНДЛЕР
ДАСТИН ПОИРЕР
РДА
МАКАЧЕВ
ТОНИ ФЕРГУСОН
ЏАСТИН ГЕЈЏИ

good time to be alive
 

Ryan Giggs

tearing you apart since 1991
Член од
27 мај 2009
Мислења
11.455
Поени од реакции
20.227
После ова со Дастин всушност се гледа колку Конор влегува неспремен во борбиве. Прва грешка му е што воопшто прифати тепачка со топ фајтер кој е цело време активен во УФЦ, втора работа е што му треба компетитивна форма која се добива со борби во рингот а не во вежбална и со кревање тегови. Истата грешка ја направи и со Кабиб, сега и со Пориер. Далеку од тоа дека е готово Конор, но доколку продолжи да го практикува овој начин, верувам дека нема да добие ниту една борба во иднина ... во превод треба да иде step by step за да проба да стигне онаму кај што беше.
Како и да е, хајпот кога е во рингот Конор со било кој е многу поголем во цела УФЦ отколку кога е надвор од него, и секој борец секогаш ќе сака да влезе и да се докаже против него.
Инаку очигледно е променет на полето на јадење бубрези пред борба, зашто овој пат не видов ништо друго освен респект од него пред и после поразот.
 

курајбер

млад, потентен
Член од
29 јануари 2007
Мислења
16.291
Поени од реакции
45.801
Инаку очигледно е променет на полето на јадење бубрези пред борба, зашто овој пат не видов ништо друго освен респект од него пред и после поразот.
Па обично така е, кога ќе се нанижи изеден ќутек, секој човек малце по малце си ја прибира муцката :icon_lol:

Многу ги потцени low kick-овите на Дастин. Многу го разниша со нив и не смееше да не ги брани. Аматерска грешка. Нема тука материјал ни hype за трета борба, иако Дастин би сакал.
 

Ryan Giggs

tearing you apart since 1991
Член од
27 мај 2009
Мислења
11.455
Поени од реакции
20.227
Па обично така е, кога ќе се нанижи изеден ќутек, секој човек малце по малце си ја прибира муцката :icon_lol:

Многу ги потцени low kick-овите на Дастин. Многу го разниша со нив и не смееше да не ги брани. Аматерска грешка. Нема тука материјал ни hype за трета борба, иако Дастин би сакал.
конор покажа репект и пред борбата, така да не ти држи муабетов
 

курајбер

млад, потентен
Член од
29 јануари 2007
Мислења
16.291
Поени од реакции
45.801
конор покажа репект и пред борбата, така да не ти држи муабетов
не не, сакам да кажам дека од Хабиб навака е позрела особа во тој поглед. Знам дека кај него воглавно треш токот е шоу и дека има почит кон противниците ама некогаш си треба и малце ќутек за да те стаи во ред како човек :D
 

Ryan Giggs

tearing you apart since 1991
Член од
27 мај 2009
Мислења
11.455
Поени од реакции
20.227
не не, сакам да кажам дека од Хабиб навака е позрела особа во тој поглед. Знам дека кај него воглавно треш токот е шоу и дека има почит кон противниците ама некогаш си треба и малце ќутек за да те стаи во ред како човек :D
Kога ќе ги споредиме бројките на добивка 20+ милиони (Конор) наспроти 1милион (Дастин), човек да се запраша кој уствари победи !!!
 
Член од
6 јануари 2020
Мислења
326
Поени од реакции
320
Мислам дека ниските удари на Дастин беа огромен фактор а и на крај Поириер ја најде дистанцата и тајмингот. А и прими доста добри удари од Конор во прва рунда па и втора па доби самодоверба да се приближи со бокс.

Мислам дека неактивноста на Конор исполнета со виски и бело си го прави своето. Послаба вилица, издржливост, експлозивност итн

Ако не е многу повреден со потрес на мозок итн, би сакал да се врати за брзо со некој лесен меч, да биде повеќе активен па да видиме како ќе му оди со повеќе активност и фајт кампови.
 
Член од
29 март 2013
Мислења
4.508
Поени од реакции
4.331
Искрено, изненаден сум што Дастин успеа уште во втора рунда онака да стави раце на Конор.

Но од друга страна... уште во првите секунди од првата рунда добив впечаток дека Конор ќе има многу проблеми во борбава, се осети дека ја нема доминацијата и крволочноста која ја имаше во борбата со каубоецот.

Втора работа- Дастин ги изеде најдобрите удари на Конор, што само по себе му бустираше самодоверба да го смени текот на борбата и да го пласира својот волумен кој му е едно од подобрите алатки на Дастин.

Конор не успеа да го најде тајмингот, доби претепано колено со кое не можеше да стои и тоа е тоа.
Знае Ирецот да изгуби тафнес кога ќе му наметнат волумен, истиот случај беше и со Диаз.

Не можам да речам дека не сум изненаден. Изненаден сум, ама повеќе сум изненаден од Дастин. Знаев дека издржливоста му е подобрена откако премина во лајтвејт, но не очекував дека е до тој степен да можи да го тестира Конор. Мислам... Конор реално го погоди неколкупати каде што очекував дека Дастин ќе падни, али не!

И покрај тоа што бев за Конор, мило ми е за Дастин, имам преголем респект за човекот пошто е ептен голем спортист и со големо срце. Ми се допаѓа нековиот начин на размислување и тоа што е има респект према секого. Има поминато низ тешки времиња во кариерата, па и после поразот од Конор во првата борба ова му е потпослно заслужено!

........

Ме изненади и Мајкл, очекував Хукер да го растури од дистанца но премногу си даде фора во обидите да го прочита Мајкл.
 
Член од
1 ноември 2019
Мислења
357
Поени од реакции
356
За мене изненадување беа поразите на Хукер и Мегрегор.

Очекував Хукер партали да направи ама не покажа ништо, цело време држеше дистанца Чендлер го маваше и си го местеше за на лева.

Не навивав, но очекував Мегрегор уште во прва рунда да заврши работа. Порие ме изненади со тактиката со ногата и да прима удари, да го цеди физички уште на старт, подобро да прими лева од Мегрегор во прва отколку во петта рунда.

Прво Фергусон, сега и Мегрегор, Дена Вајт како да сака да сврти нова страница и да ги прати во историја момциве, мада Мегрегор го стави во таква позиција да мора да се бори со момци кои ќе му ги наложи УФЦ и ранкингот а не борби што ќе ги побара тој.

Живи и здрави очекувам барем уште три борби на Мегрегор оваа година.
 
Член од
29 март 2013
Мислења
4.508
Поени од реакции
4.331
За мене изненадување беа поразите на Хукер и Мегрегор.

Очекував Хукер партали да направи ама не покажа ништо, цело време држеше дистанца Чендлер го маваше и си го местеше за на лева.

Не навивав, но очекував Мегрегор уште во прва рунда да заврши работа. Порие ме изненади со тактиката со ногата и да прима удари, да го цеди физички уште на старт, подобро да прими лева од Мегрегор во прва отколку во петта рунда.

Прво Фергусон, сега и Мегрегор, Дена Вајт како да сака да сврти нова страница и да ги прати во историја момциве, мада Мегрегор го стави во таква позиција да мора да се бори со момци кои ќе му ги наложи УФЦ и ранкингот а не борби што ќе ги побара тој.

Живи и здрави очекувам барем уште три борби на Мегрегор оваа година.
Да знаеш колку само пати Вајт во моментов... :LOL:
Знаеш ли колку пропушти со тоа што не се деси ништо кое ќе го натера Хабиб да се врати од пензија?
Вајт очекуваше спектакуларна победа од Конор која ќе го тригеруваше Хабиб. Но сега...
Искрено не очекувам а и не очекував Пориер со победа да го намами Хабиб. Тоа го можеше само еден човек - МекГрегор! :D

Исходов фрла голема доза на неизвесност во дивизијава во овој момент.
- не се знае дали Хабиб ќе го брани појасот или ќе мора да организираат Interim.
- доколку Хабиб се врати, против кого би се вратил?
- дали Чендлер би му го украл местото на Дастин во моментов и би скокнал директно до Хабиб.
- или евентуално треба да очекуваме Пориер - Чендлер Interim?
Да не го забораваме и Оливеира, типот си има обезбедено високо конкуренто место после победата над Тони, тешко би го занемариле неговото пристуство.
 
Член од
1 ноември 2019
Мислења
357
Поени од реакции
356
Се нервира за парите што неможе да ги направи од Мегрегор и Хабиб, али и му е мило до некаде пошто овој го прозваше често, до пцуење идеше работата :D

Неверувам дека Хабиб ќе се врати во УФЦ, човек од збор е не е шарлатан како Мегрегор пример. Единствено ако би се враќал тоа би го направил за Оливеира, овој што го врати "незаменливиот", "најдобриот", "најцврстиот", "најспремниот" Тони Фергусон во прво оделение. Тотална доминација му направи, Фергусон како аматер беше. значи според мене само за него би се вратил Хабиб (шансите, пак според мене се 5% дека ќе се врати).

Хабиб можеби би се вратил да се бори но не во рамките на УФЦ, значи титула и рекорди да му се на "коцка", но во некоја егзибиција како што беше Тајсон, сега и Мејведер.

Очекувам:
Порие - Гејчи
Фергусон - Мегрегор

Оливера би се борел со победникот од Гејчи и Порие, а губитникот од нив со победникот од Мегрегор и Фергусон.
 

Hurin

Pokerface bastard
Член од
3 јуни 2009
Мислења
8.537
Поени од реакции
14.670
Во ниеден случај Конор не успеа да наметни негово темпо, мислам дури и го потцени кога изеде неколку контра удари од Дастин. Дастин го излади Конор, се адаптира и го финишира. Перфектно од тактички аспект изигра.
Конор ми беше омекнат, иако физички изгледаше добро за 155ка сепак 1 минута му требаше да губи и да биди финиширан.

Ако Хукер не се пензионира после борбава, мислам дека треба да му го дадат на Тони.
РДА против Макачев,
Чендлер против Поирер за титула,
Гејџи против Оливеира.

Ич немаме Гајле за 155ка.
 
Член од
29 март 2013
Мислења
4.508
Поени од реакции
4.331
Чендлер против Поирер за титула,
Гејџи против Оливеира
Оливеира против Пориер титула (поферски, најферски)
Гејџи - Чендлер за прв контендер (иден предизвикувач)
Фергусон - Конор за перфекција од мечап :cool:
 

Kajgana Shop

На врв Bottom