Само луѓе кои подолго го пратат спортов ("ветерани") знаат дека high level stricker има многу мали шанси против high level wrestler. Поготово во ваков случај во кој борачот добро го проучил противникот, шансите се премали, да не речам непостоечки.
Јас мислам дека првите две рунди беа клучни за Хабиб, го сруши психолошки Конор со самото тоа што инстантно го легна на под и му даде дознаење дека го чека пеколна вечер.
Конор не успеа да го погоди и драстично му падна самодовербата и храброста да тргни напред.
Уште во првите рунди му издренира добар процент на гас и тоа се виде.
Конор е феноменален страјкер, али е контра страјкер, што значи дека опасен е само кога има противник кој напаѓа а Хабиб денеска не беше во таква улога што значи комплетно го неутрализираше.
Единствено нешто што Конор го двои од другите е прецизноста, ништо друго. Нити е нешто wow брз, нити силен во удари, единствено има совршен тајминг и прецизност.
Јас сум Конор фан, али глупави ми се вакви коментари од типот "јас не сакав да гледам гушкање и бацување", па тие што го пратат спортов го знаат стилот на Хабиб.
Ако сакате стендап борби задржете се до Џошуа.
Искрено и јас сум љубител на нокаути и крвави борби, али русинов стварно има греплинг и борење од друга планета и не смееш да не покажеш респект.
Кога аме кај треш талкот и двајцата подеднакво се инволвирани во тоа срање. Откако Конор пред борбата со Мејведер изјави дека го сака Хабиб во Русија следно, русинов почна да јаде гомна прв.
Ќе му дадев респект на Хабиб, али после ова што не се исконтролира и слезе да се пресмета надвор од кафезот мислам дека УФЦ треба да спроведе некакви санкции за да во иднина не се случуваат вакви неспортски и одвратни настани.
Неставањето на појасот на половината од Хабиб е сосем заслужено и оправдано.
Нема никаква врска тоа што Конор го правел пред мечот со ова што се деси после мечот, апсолутно ужасна споредба и обид за некакво оправдување на Хабиб.
Па уште кога прочитав како мешате религии ми се згади, класично блуење на темава.
Е сега интересно е прашањето што со Конор?
Втора борба ли?
Мех, јас не ја гледам поразлична од оваа.
Најдобро за Конор би било да се врати во featherweight и да се фокусира барам на тој појас.
Таму го чека Макс кој стварно е ѕвер, али сепак е стендап фајтер и му одговара на стилот од Конор.
А Хабиб и лајтвејт е завршена приказна, доколку остани има големи шанси да изгуби и од Фергусон.