Јас мислам дека борбата меѓу Конор и Хабиб не е лесна за предвидување, а пред почетокот недавање каква било шанса на Конор за победа и целосна доминација на Хабиб ми изгледа како претерување. Се согласувам дека Хабиб е фаворит, меѓутоа и кај него има празнини, бавно стартува во борбите, проблеми со затворање дистанца, далеку послаб страјкинг итн. Сѐ ова може да направи големи проблеми против Конор. И коефициентите од ЛВ пред борбата го потврдуврдуваат ова со тоа што благо го фаворизираат Хабиб.
Е сега, да ставам и disclaimer, борбата може многу лесно да тргне во двата правци бидејќи и двајцата се елитни борци, но пред да се случи борбата, блага предност за Хабиб е сосем објективно.