K1-Fight Club, Ultimate Fight, Бокс, Кик-Бокс...

Дискусија во форумот 'Останати спортови' започната од DJ_DEXTER, 28 април 2005.

?

Која боречка вештина најмногу ве привлекува?

  1. Karate

    26 гласови
    4,9%
  2. Taekwondo

    32 гласови
    6,1%
  3. Judo

    8 гласови
    1,5%
  4. Aikido

    36 гласови
    6,8%
  5. Boks

    59 гласови
    11,2%
  6. Kick-Boks

    170 гласови
    32,3%
  7. Muay Thai

    37 гласови
    7,0%
  8. Kung Fu(Wing Chun,ShaoLin,Mantis...)

    71 гласови
    13,5%
  9. Ninjitsu

    27 гласови
    5,1%
  10. Ја нема на листата

    61 гласови
    11,6%
  1. Црноризец Храбар

    Црноризец Храбар

    Член од:
    24 мај 2014
    Мислења:
    3.527
    Допаѓања:
    3.384
    Нашиот Иле Ристески освои професионална светска титула во К-1 во Швајцарија во неговиот 444-ти меч во кариерта, пред неколку дена, убаво е и тоа да го прокоментираме :)
     
    На _BerzerkeR_ му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Shepard Fairey

    Shepard Fairey

    Член од:
    20 јули 2014
    Мислења:
    2.308
    Допаѓања:
    5.534
    А Bellator следите? Јас следам тешка категорија и малку велтер, т.е. од велтер само MacDonald го следам. Штета за MacDonald што талентот го троши во Bellator наместо во UFC, а баш би сакал да го видам против некој од Woodley, GSP, Diaz браќата, Usman, Thompson или Covington. Од тешка категорија ги гледав Emilianenko vs. Mir & Bader vs. King Mo. Можам да кажам дека освен Bader, останатите борци се тука некаде по квалитет. Sonnen vs. Emelianenko очекувам да биде интересна борба, типувам на Sonnen, мислам дека е во подобра форма, додека меѓу Bader vs. Mitrione типувам на Bader. Bader ми е еден од поомилените борци уште од UFC, луд knockout artist, по стилот на нокаутите ме потсеќа малку на H-Bomb Henderson. Мислам дека сѐ уште има квалитет за UFC, особено за LHW, не како главен contender, меѓутоа може добро да им парира на борци како Manuwa, Teixeira, Rua, Saint Preux, Blachowicz итн.
     
  3. _BerzerkeR_

    _BerzerkeR_

    Член од:
    29 март 2013
    Мислења:
    2.547
    Допаѓања:
    2.189
    Вудли загуби од МекДоналд пред нeколку години. :)

    МекДоналд е bad ass! :D
     
  4. Shepard Fairey

    Shepard Fairey

    Член од:
    20 јули 2014
    Мислења:
    2.308
    Допаѓања:
    5.534
    Знам дека загуби, ама ме интересира како ќе изгледа бробата меѓу Rory против шампионот Woodley...
     
  5. _BerzerkeR_

    _BerzerkeR_

    Член од:
    29 март 2013
    Мислења:
    2.547
    Допаѓања:
    2.189
    Претпоставувам Вудли би ја добил вторава, судеќи чисто според нивниве позиции во кариерата. Вудли е шампион во UFC а МекДоналд се бори за организација која е скала подолу од UFC.

    Но и не мора да значи, МекДоналд е далеку покомплетен борач, поседува премногу алатки и е доста непредвидлив за разлика од Вудли кој освен overhand right нема ништо друго. Но човекот е шампион и не треба да го потценуваме, одлично се снајде во двете борби против Томпсон а и против Маја кој е страшен граплер и опасен џиуџицу борач.

    А морам да признаам дека сум и негов фан, ме доби со нокаутот против Лоулер, страшна десна!
     
    На Shepard Fairey му/ѝ се допаѓа ова.
  6. 123456

    123456

    Член од:
    6 септември 2007
    Мислења:
    5.434
    Допаѓања:
    2.946
    Миочич го лапна немиен ехех
     
  7. Hurin

    Hurin Pokerface bastard

    Член од:
    3 јуни 2009
    Мислења:
    7.675
    Допаѓања:
    11.988
    уште неможам да се одморам од одвратната борба со луис-нгану
     
    На Tonchie и _BerzerkeR_ им се допаѓа ова.
  8. _BerzerkeR_

    _BerzerkeR_

    Член од:
    29 март 2013
    Мислења:
    2.547
    Допаѓања:
    2.189
    Киеса - Петис - Неочекувано, али драго ми е, премногу нереспективен трешток од Киеса.

    Саки - Раунтри - Бев за Саки во оваа борба али црнецов има тешка рака а Саки сомнителна брада.

    Нгану - Луис - Пичиња, само толку.

    Стипе - Даниел - Е ова воопшто не го очекував. Па кој Стипе беше овај, тотално изгубен, без волумен и притискање, делуваше како да се откажа уште пред да почни. Само споредете го овој Стипе со Стипе кој го нокаутираше Дос Сантос... Тоа беше ненормален притисок проследен со волумен во удари, а ова не беше ни пола перформанс од тоа. Ова е најслабиот Стипе, Стипе од борбата со Струв ако не и послаб.

    Заслужена победа на Даниел, го неќам и верувам ќе загубеше ако Стипе не се поставеше ко пиче.
    --- Споено дупло мислење, 8 јули 2018 ---
    Уау, само што ја изгледав драмава со ДС и Брок Леснар :pos:
    Муни вајт ис коминг што би рекол Конор.

    Одлична драма за организацијата, уште од старт набилдаа ППВ.
     
    Последно уредено: 8 јули 2018
    На Tonchie му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Shepard Fairey

    Shepard Fairey

    Член од:
    20 јули 2014
    Мислења:
    2.308
    Допаѓања:
    5.534
    Фелдер - Пери беше вистинскиот Performance of the Night. Фелдер и покрај поразот, мислам дека ја заслужи најголемата почит од цел Main Card. Некаде во втората рунда доби скршеница на десната рака или контузија и голема исекотина над десното око. Издржа цели три рунди и загуби со split одлука.

    Дерик Луис - Нгану беше мизерна борба, Луис имаше game plan да напаѓа со контра удари, додека дијагнозата на Роган дека постои некој психолошки момент кај Нгану по борбата со Стипе и веќе нема никоаш повторно да го видиме стариот Нгану, е многу точна. Не сум сигурен само дали Луис против Нгану или Кимбо против Дада 5000 беше полоша борба...

    Киеза - Петис, интересна борба. Мислам дека не е далеку денот кога Киеза ќе го гледаме во Белатор.

    Раунтри - Саки, првиот првпат го следев на TUF и ми остави добар впечаток, следно очекувам борба со контендер, Блахович, Манува, Латифи (ова би бил интересен matchup), Oздемир, кој било од првите десет. Саки го имам гледано многу одамна во K1 против Игњашов, Хари, Сефо итн., ама веќе долго време не следам кик-бокс. Mислам дека K1 генерално лошо се пренесува во MMA, одбраната е сосема поинаку структуирана, а малите ракавици целосно го менуваат концептот. Плус турскиот Тајсон веќе изгледа старо и бавно, многу поразличен борец од тој од почетокот на кариерата...

    Стипе - Кормие, искрено наивав за Стипе. Кормие го направи потполно истото што и го најави пред борбата.

    Ги гледав прелиминарните, беа ОК. Посебно ме интересираше како ќе изгледа Хол против Коста. Првата рунда ја доби, ама втората тотално издиша, слаб conditioning. Веројатно беше последната борба во UFC за Ураја Хол, никогаш не ги исполни очекувања во MW... Асунсао против Фонт изгледше добро, одлично чувство за дистанца и одличен timing. И Милендер беше добар против Макс Грифин. Го гледав и Адсенаја против Таварес, тотално го издоминира, ама додека не го видам против кој било од Вајдман, Ромеро, Рокхолд, Џакаре, не признавам ништо...
     
    Последно уредено: 8 јули 2018
    На Hurin му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Hurin

    Hurin Pokerface bastard

    Член од:
    3 јуни 2009
    Мислења:
    7.675
    Допаѓања:
    11.988
    Сабота на 14ти нашиот Александар Волкановски се бори во америка против Дарен Елкинс. Многу тежок тест за Александар особено ко шо гледам оваа му е прва борба во УС и тоа против многу искусен борец.
     
    На Shepard Fairey, Tonchie и Црноризец Храбар им се допаѓа ова.
  11. Црноризец Храбар

    Црноризец Храбар

    Член од:
    24 мај 2014
    Мислења:
    3.527
    Допаѓања:
    3.384
  12. Shepard Fairey

    Shepard Fairey

    Член од:
    20 јули 2014
    Мислења:
    2.308
    Допаѓања:
    5.534
    Овој Волкановски е меѓу подобрите нерангирани борци во featherweight. Смешно е што со Елкинс се борат во undercard, a ликови како Рик Глен, Нико Прајс и Зак Ото се борат на main card. Интересна борба ќе биде, Елкинс има шест победи по ред...
     
    На Hurin му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Hurin

    Hurin Pokerface bastard

    Член од:
    3 јуни 2009
    Мислења:
    7.675
    Допаѓања:
    11.988
    нашиов лаганица :kafence:
     
  14. Црноризец Храбар

    Црноризец Храбар

    Член од:
    24 мај 2014
    Мислења:
    3.527
    Допаѓања:
    3.384
    Адемовски на Белатор прва рунда прва минута TKO, дечкото тренирал и живеел во Италија а има скор 6-0 сите 6 Tko, не само шо после Волкановски е најуспешен наш борец, мене лично ми мириса и на UFC Material дечкото.
     
  15. Црноризец Храбар

    Црноризец Храбар

    Член од:
    24 мај 2014
    Мислења:
    3.527
    Допаѓања:
    3.384

Сподели преку: