K-15 (официјална тема)

Шота Буби

нотар
Член од
4 март 2009
Мислења
3.087
Поени од реакции
1.780
Бубо Каров: Бизнисмените ја сакаат К15, но страв им е да се рекламираат!

Хуморот во светот е скап производ за кој треба дебело да платите, но кај нас во Македонија тоа не функционира, вели Бубо Каров во неделното интервју за Радио Слободна Европа. Човекот кој е член од култната тројка на К15, емисијата која со години дава хумористичен осврт на македонското општество,вели дека ако во соседна Бугарија еден од нивните хумористи е на петто место во првите десет најбогати луѓе во земјата, кај нас тоа е незамисливо.
Друг проблем е цензурата, за која Каров вели, само тука имам страв, бидејќи не е тоа цензура, тоа е…, нема термин за тоа.
„Значи никој нема да се јави и да рече немојте да потпишувате договор со К-15 продукција за да се емитува К-15, туку со самото тоа што и телевизиите и другите луѓе што гледаат што им се случува на тие што соработуваат со К-15 и што ни се случува нам, луѓето се ранлива категорија, нормално е човекот да има разум, нормално е во еден момент да рече – Зошто јас да се рекламирам во К-15, а со тоа излегува дека, зошто така го разбираат политичарите, ја поддржува и финансира нашата емисија и подобро им е да си стојат на страна, зошто да се ставам во уста и во очи на оние кои и мене утре може да ми воведат репресивни методи и мерки“, посочува тој во дел од неделното интервју.
Вели, голем е бројот на бизнисмени кои вистински ја сакаат емисијата, но се плашат да се рекламираат.
„Еден човек кој што ни беше клиент ни понуди да ни плати дел од сумата, но под услов да не го рекламираме, значи луѓето се подготвени и да платат, само да не кажуваме дека ни платиле. Тоа веќе не е бизнис, тоа е помош, човекот сакал да ни помогне. Е такви оваа година има повеќе што се јавија, нормално дека ги одбивме сите, затоа што многу е непријатно кога знаеш дека можеш да си го заработиш лебот многу едноставно и многу чесно, а некој да те спречува со тоа што на другите им забранува да ти дадат да јадеш, не им забранува директно, меѓутоа другите знаат дека ако влезат во таа шема со нас, дека утре може да бидат репресирани“, вели Каров за Радио Слободна Европа.
http://www.time.mk/read/392af2bb12/bf811fe804/index.html
 
Член од
25 февруари 2009
Мислења
1.565
Поени од реакции
417
Има ли некој линк од последните скечеви на АлфаТВ, поточно тој каде што ги имитираат Јанко бурекчијата и Миле Јанакиевски ?
 
Член од
15 јули 2007
Мислења
14.865
Поени од реакции
7.553
Пак ќе има нови К-15 скечови
Еве дел од нов скеч

Само не знам дали на телевизија или ќе ги ставаат на јутјуб.
 
Член од
26 септември 2018
Мислења
33
Поени од реакции
4
Апел до сите фанови на К-15
Во моментов сум во фаза на собирање на СЕ што може да се најде од нив и истото го префрлам во DivX формат.
Така да: ако некој има нешто снимано на касети, или има некое пазарско DVD или пак било каков друг формат пишете...
 
Член од
15 јули 2007
Мислења
14.865
Поени од реакции
7.553
Апел до сите фанови на К-15
Во моментов сум во фаза на собирање на СЕ што може да се најде од нив и истото го префрлам во DivX формат.
Така да: ако некој има нешто снимано на касети, или има некое пазарско DVD или пак било каков друг формат пишете...
На Јутјуб имаш канал Mile Panika тука се еден куп стари и понови скечеви, а имаш исто на Јутјуб канал Andrej Rаnkovski скечеви од К15.
 
Последно уредено:
Член од
5 март 2011
Мислења
841
Поени од реакции
824
Имам видео касета кога иделе на А1 стари мн добри скечеви значи снимани со се реклами кога иделе тогас на тв
 
Член од
15 јули 2007
Мислења
14.865
Поени од реакции
7.553
Почнале на Јутјуб да ставаат стари епизоди цели со се шпица и одјава од на времето А1 со наслов Опремувач на иверици
Скечовите како скечови се повеќето веќе познати но интересно е да се видат тие шпици и те пука носталгија у глава што би се рекло иако јас сум бил сепак детиште недоквакано 90-тите години скоро и крај на 90-тите е ова.

Еве една епизода кај што е и Горан Стефановски и Слободан Унковски






Туку како модератор на овој дел од форумот споив две К-15 теми и ја направив како официјална тема така да секој друг би го замолил во иднина нека не отвара нова тема за К-15, нека пишува во оваа.
 
Последно уредено:

Kajgana Shop

На врв Bottom