K-15 мора да се исплати !

Милојко

Идем Куме Кући
Член од
17 ноември 2008
Мислења
3.072
Поени од реакции
553
СЕ ВРАЌА РЕГРЕСОТ ЗА ГОДИШЕН ОДМОР
К-15 мора да се исплати
Додека на советувањата на сметководителите им се објаснува дека газдите од ноември минатата година мораат да исплаќаат регрес за годишен одмор, работодавците се изненадени и велат дека ако фирмата не е во добра кондиција, нема исплата
Газдите имаат обврска на работниците да им исплатат регрес за годишен одмор. Со измените на Законот за работните односи, ставена е одредба со која работодавците имаат обврска да го почитуваат општиот колективен договор за стопанство, во кој во член 35 стои дека работникот има право на надоместок за регрес за годишен одмор. За газдите што нема да исплатат К-15, Законот предвидува казни.
Исплатата на регресот за годишен одмор се актуализираше на советувањата на сметководствените работници кои се случуваат деновиве. Павле Гацов од Агенцијата за економско-правна поддршка и процена "Про агенс" вели:
"Со новата одредба во Законот за работните односи, општиот колективен договор за стопанството станува задолжителен за работодавците и вработените во приватниот сектор. Законот важи од 5 ноември, и од тогаш е задолжителна и исплатата на регресот, кој е предвиден во колективниот договор за стопанството. Во општиот колективен договор за стопанството висината на надоместокот е оставено да се утврди со колективен договор на ниво на дејност, а многу гранки веќе имаат утврдено дека ќе изнесува една просечна плата, исплатена во последните три месеци на ниво на држава", вели Гацов.
Дел од работодавците деновиве дознале за новата обврска, откако сметководителите им кажале за неа.
"Нашата фирма е претставништво на странска фирма и додека не се консултирам со филијалата, не можам да извршам исплата на регрес. Но за да не бидеме казнети, ќе најдеме начин да го исплатиме задолжителниот регрес", велат во една фирма во Скопје.
Димитар Стојановски, претседател на Организацијата на работодавци, иако е потписник на општиот колективен договор, вчера беше изненаден дека К-15 е задолжителен.
"Тоа е алтернативна можност, фактичко право на работодавецот дали ќе исплати регрес или не. Ако фирмата не е во добра кондиција, нема исплата", вели Стојановски.
Но од "Про агенс" тврдат:
"Ние и на советувањата им укажавме на сметководителите - ако до измените на Законот работодавците можеле да го толкуваат кој како сака, сега имаат обврска. А трудовата инспекција има право да ги казни сите што не исплатиле регрес за 2009".
А.Салтировска

1.600 евра казна за работодавците

Со последните измени на Законот за работните односи, вметната е и нова казна за работодавците што нема да го спроведуваат колективниот договор.
Правното лице ќе биде казнето со 1.000 евра, 800 евра за работодавец - физичко лице и 600 евра за директорот, односно друго одговорно лице кај работодавецот, доколку не го спроведуваат колективниот договор.
Казните ги изрекува Државниот инспекторат за труд.

ССМ задоволен од законските измени

Сојузот на синдикати на Македонија ги поддржува измените на Законот за работните односи, според кои работодавците задолжително треба да им исплаќаат регрес за годишен одмор на вработените, без разлика дали фирмите се потписнички на колективните договори со кои е регулирано ова право.
"Ние тоа и го баравме, сите работници да имаат еднакви права, без разлика дали се потписници на колективни договори или не", ни рекоа вчера од ССМ.

Закон за работни односи - Член 31

Во членот 205 ставот 1 се менува и гласи:
"Општиот колективен договор за приватен сектор од областа на стопанството се применува непосредно и е задолжителен за работодавачите и вработените во приватниот сектор".






Се надам дека овој закон ќе се применува исто ко и законот за забрана на пушењето.
И ме занима дали ќе треба да се исплати К 15 и за 2009 земајќи во предвид дека законот важи од 5 ноември 2009.
 
?

..........

Гостин
И јас се надевам дека ке биде спроведуван секаде, строго на дело како и законот за пушење.
Татко ми спомна уште пред нова година, земал К15, само незнам за кој месец,
 

concrete

alte Esel
Член од
22 март 2005
Мислења
12.248
Поени од реакции
1.703
И јас се надевам дека ке биде спроведуван секаде, строго на дело како и законот за пушење.
Татко ми спомна уште пред нова година, земал К15, само незнам за кој месец,
Само уште една П Е Р Ф И Д Н А.. ДПМНЕ-овска измислена причина за нерегуларно РЕТРОАКТИВНО казнување и прибирање пари во буџет......сега откога заврши годината и трошоците за минатата година заклучени НЕКОЈ ПАК КАЗНУВА!!
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.665
Поени од реакции
12.061
Дел од работодавците деновиве дознале за новата обврска, откако сметководителите им кажале за неа.
Не знаеле или? Ај и ја ќе се правам не знам за забрана за пушење или ставање појас у кола...

Прашање на агол на гледање, ако стоело во правни акти зошто истото не било спроведено? Дали било обавезно или не? Ако да, зошто не е исплатено???
 

Милојко

Идем Куме Кући
Член од
17 ноември 2008
Мислења
3.072
Поени од реакции
553
Со оглед дека износот на регресот односно К 15 треба да изнесува колку една просечна плата може да очекуваме по 20 000 ки :pipi:

Само уште една П Е Р Ф И Д Н А.. ДПМНЕ-овска измислена причина за нерегуларно РЕТРОАКТИВНО казнување и прибирање пари во буџет......сега откога заврши годината и трошоците за минатата година заклучени НЕКОЈ ПАК КАЗНУВА!!
Тоа ти е , сакал неќел ќе мора да им платиш на вработените. Ќе намалиш троа од профитот.
 

leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
Ооо конечно и за нас К-15,нека ја дигнат просечната плата до 60.000 сега :banned:
Каде да се обратам за 2009 што не добив к-15? :)
 
?

..........

Гостин
Само уште една П Е Р Ф И Д Н А.. ДПМНЕ-овска измислена причина за нерегуларно РЕТРОАКТИВНО казнување и прибирање пари во буџет......сега откога заврши годината и трошоците за минатата година заклучени НЕКОЈ ПАК КАЗНУВА!!
Не бе друже, нема врска дека ја подржувам владата или бранам,

вистина, татко ми зема к-15 и работи во приватна фирма.
 

bucio

Урбан индијанец.
Член од
8 јули 2008
Мислења
16.322
Поени од реакции
7.781
Со оглед дека износот на регресот односно К 15 треба да изнесува колку една просечна плата може да очекуваме по 20 000 ки :pipi:
Лап шушки :vozbud::vozbud::vozbud::vozbud:.

За тие што работат државно.
 

bucio

Урбан индијанец.
Член од
8 јули 2008
Мислења
16.322
Поени од реакции
7.781
За приватни фирми се работи, на државните ако дадат ојде Македонија под стечај :wink:
Тоа за државните се подразбира дека ќе добијат, кај приватните тешко законот да се спроведи.
 
Член од
9 ноември 2007
Мислења
9.327
Поени од реакции
1.334
Тоа за државните се подразбира дека ќе добијат, кај приватните тешко законот да се спроведи.
Тешко!!!!!:pos2::pos2:

Се исплаќа принудно К-15, плус 6000 за извршител и плус казна за ненавремено исплаќање......е толку е тешко.:toe:
 

concrete

alte Esel
Член од
22 март 2005
Мислења
12.248
Поени од реакции
1.703
Со оглед дека износот на регресот односно К 15 треба да изнесува колку една просечна плата може да очекуваме по 20 000 ки :pipi:



Тоа ти е , сакал неќел ќе мора да им платиш на вработените. Ќе намалиш троа од профитот.
Null problemo, ke se plati, pa ko popce ke si vratat u kes na ruka, ( minus edno pivo...),ako ne sakaat toa da im bide posledna para koja ja videle :) dobra e ovaa vlada nema sto.....iako ne mi e jasno kako moze nesto da bide retroaktivno kaznivo???? :)
....kako ne im tekne nanazad edno 20 godini da naplatat kazni za toa sexot na Vodno...sea strogo kazniv??? :)
 

bucio

Урбан индијанец.
Член од
8 јули 2008
Мислења
16.322
Поени од реакции
7.781
Тешко!!!!!:pos2::pos2:

Се исплаќа принудно К-15, плус 6000 за извршител и плус казна за ненавремено исплаќање......е толку е тешко.:toe:
Така ама отиде работното место сосе К-15 :toe:.
 
Член од
9 ноември 2007
Мислења
9.327
Поени од реакции
1.334

Kajgana Shop

На врв Bottom