Kоја е последната претстава што сте ја гледале во театар?

La Española

Лекот е отров!
Член од
1 февруари 2007
Мислења
1.808
Поени од реакции
556
"Роналд- кловнот од Mc Donald" во драмски:pipi:

Гостуваше Кумановскиот театар :) Кога слушнав како се вика реков сигурно нешто безвезе е, некои комедии ама после откако ја гледав :vozbud: :vozbud: :vozbud:

Ме воодушеви, просто ме воодушеви :pipi: Која добра тема и порака ја имаше драмата и на каков оргинален необичен начин се тоа пренесена- секоја чест. Секоја чест и на глумата на Кумановките :pipi: Сите беа ептен добри иако една ми остави мене посебен впечаток :)

Имаше многу добри реплики... Како тоа дека љубовта во дешно време станала само средство да прави од нас несигурни во себе суштества и да не тера да се повредуваме себе си...

Имаше многу... Ах тие драми :pipi:
 
Член од
5 јануари 2008
Мислења
532
Поени од реакции
614
Калигула на словенечкиот режисер Томаж Пандур во античкиот театар во Охрид. Напревена е според истоимената книга на Албер Ками.
Ептен добра актерска екипа. Музиката, костимите, атмосферата... се беше извонредно.
 

Бавча

идол на младите
Член од
25 декември 2007
Мислења
11.921
Поени од реакции
11.721
"Патникот" - кореодрама во изведба на студентите од 1ва и 2ра на ФДУ - партали!
Ама пред едно 2-3 месеци ја гледав :pos:
 
Член од
3 август 2008
Мислења
250
Поени од реакции
2
Театарската уметност у Македонија се поише и поише пропаѓа и се помалку луѓе посетуваат театар, мада и јас сум меѓу нив. :wink: Последен пут у театар бев у пето одделение .:wink:
 

Srcee

Unforgettable
Член од
29 април 2008
Мислења
5.275
Поени од реакции
3.496
"Zena mi se vika Boris". Fina bese, se znasmeav.
 
Член од
8 февруари 2008
Мислења
60
Поени од реакции
2
Купидона со Д.Лилиќ , Д.Спасов меѓу останатите и воодушевена сум од претставата..... се изнасмеав :)
 
D

Daftie

Гостин
Последна на чие име се сеќавам беше Ладало, знам дека гледав и после, но не ми текнува на името.
 

еци^^^

Walking the line of nature's palm
Член од
9 декември 2005
Мислења
2.945
Поени од реакции
58
Роденден-Харолд Пинтер. Во изведба на народниот театар Антон Панов од Струмица. Некако не ми остави длабок впечаток, но искрено, иако сум љубител на театарот, никако не ме бива за искажување импресии од истиот.

Од утре почнува фестивалот на камерен театар Ристо Шишков, кај нас во Струмица. Отварањето е со претставата Бегалка-Васил Иљоски, во изведба на Штипскиот театар. Очекувам добра претстава, очекувам и успешни претстави во текот на целиот фестивал, како и секоја година!
 

Justice for All

Tempus fugit
Член од
17 јули 2008
Мислења
1.372
Поени од реакции
85
Wooow. Знаеш дека не се ни сеќавам. Човече треба да се оди во театар. Убава работа е тоа. Е обавезно ќе одам есенва. Само уште да најдам друштво за во театар. Му се иде на некој?
 

Maryah.C

Be a bee
Член од
9 јуни 2006
Мислења
4.001
Поени од реакции
710
Последната беше "Тетовирани души" пред едно 3-4 дена.
Одлична престстава и одлична глума,прикажана борбата на македонскиот народ за докажување на својот идентитет.
Само пофални зборови :)
 

La Española

Лекот е отров!
Член од
1 февруари 2007
Мислења
1.808
Поени од реакции
556
Калигула на словенечкиот режисер Томаж Пандур во античкиот театар во Охрид. Напревена е според истоимената книга на Албер Ками.
Ептен добра актерска екипа. Музиката, костимите, атмосферата... се беше извонредно.
Истава драма и јас...
Атмосферата нормално на антички секогаш е посебна и дава посебен шмек на секое нешто изведено таму...

Глумците одлично си ја завршија својата работа и сите беа лепотани :)

Мене највеќе ми остави впечаток сцената... Подот со вода даваше необичност, а и подвижноста на „ѕидините“ (што испадна после дека внатре во нив луѓе имало што ги движеле така лесно).

И така... Солидна драма :)
 

PSYtisfaction

Царевата ќерка
Член од
30 јуни 2006
Мислења
3.922
Поени од реакции
527
Wooow. Знаеш дека не се ни сеќавам. Човече треба да се оди во театар. Убава работа е тоа. Е обавезно ќе одам есенва. Само уште да најдам друштво за во театар. Му се иде на некој?
И ја ова баш размислував, толку беше одамна што не се ни сеќавам кога било. А тоа е трагично со оглед на тоа што јас екшли го сакам театарот.

Ама кај на театар, за у кафана друштво ќе најдеш одма, спремни во секое време, ама за на театар треба да им плаќаш да дојдат.
Мада ова не е оправдување. :kesa:
Треба да се организираме некогаш.
 

-={K-O-R-U-N}=-

Wanna play a game?
Член од
14 февруари 2007
Мислења
13.045
Поени од реакции
3.301
Силјан Штркот мислам дека беше, во 2ро одд. (значи пред 13 години некаде :) )
 

Kajgana Shop

На врв Bottom