Kалеидоскоп, филм на Сандра Ристовска

  • Креатор на темата n/a
  • Време на започнување
N

n/a

Гостин
САНДРА РИСТОВСКА, РЕЖИСЕРКА
Ќе ја креираме иднината ако се свртиме кон минатото Иако е целосно снимен во Македонија, филмот „Калеидоскоп“ е германско-американска копродукција

Ристовска: Иако проблемот во филмот се чини премногу локален,
тој е светски

Куќата се гради од темелите, не од покривот, а темелот во керамиката е грнчарството - тоа е мислата-водилка на керамичарот Филип Фидановски, кој е еден од учесниците во филмот „Калеидоскоп“ на младата режисерка Сандра Ристовска. Спојот помеѓу традицијата и современото, видено преку неколку занаети и применети уметности, Ристовска го преточи во етнографски филм од 40-ина минути. Промоцијата е вечерва во 21 часот, на отворено, во Музејот на современата уметност во Скопје. Внатре, пак, ќе бидат изложени дела од уметниците и занаетчиите што учествуваат во филмот. Ристовска е стипендист на Универзитетот во Канзас, каде што паралелно студира филм, театар и културна антропологија. Во 2004 година ја добила наградата „13 Ноември“ на Град Скопје.На светската премиера на филмот ќе присуствува кинематограферката Натали Шултан од Германија. Музиката е на Горан Трајкоски. Ристовска го завршила филмот во јануари. Пред „Калеидоскоп“, снимила неколку кратки филма.

- Инсистирав премиерата да биде во Македонија, со оглед на тоа дека е целосно снимен тука. За жал, тој е американско-германска копродукција. Ми беше многу чудно што, иако аплицирав на неколку места овде, не добив позитивен одговор и во филмот нема македонски пари. Филмот го видоа моите професори и беа воодушевени да ја запознаат нашата земја. Заменик-деканката знаеше многу за Македонија, ги знаеше филмовите на Милчо Манчевски - вели Ристовска.Таа влегла во почесната програма на нејзиниот универзитет и од 29.000 студенти, била избрана меѓу 20-мина од цел свет. Во филмот таа разговара со грнчари, керамичар, ткајачки, графичари. Снимен е на повеќе локации во земјава, Велес, Крушево, Маврово, Галичник, во Вевчани.

- Прво одев по места во кои очекував да најдам одреден занает. Се изненадив кога во Велес не успеав да најдам грнчари. Дури го подготвував филмот, читав книга од британски историчар за навраќањето кон традицијата и особено ми се допадна делот во кој велеше дека во Европа се случила масовна адаптација на старата традиција. Кога зборував со уметниците, речиси сите ми кажаа дека ако сакаме да ја креираме иднината, мора да се свртиме кон минатото. Се прашував дали може таа традиција, за која тврдиме дека е застарена и не одговара на урбаното живеење, да ја употребиме и да ја приспособиме на денешните услови. За мене таа го создала нашиот културен идентитет - рече Ристовска. Таа додава дека една од главните поенти на филмот е да зборува за проблемот на културната едноликост како последица на глобализацијата.

- Иако проблемот во филмот се чини премногу локален, тој е светски. Во Германија се замислија малку и се прашаа гласно, која е нивната традиција. Денес начинот на живот тука е многу сличен на тој во САД или во Германија - вели Ристовска. За промоцијата на филмот, во Скопје беше поканета и режисерката Катја Есон, која била номинирана за „Оскар“ за документарен филм, но поради работни обврски, таа не можела да дојде. Нејзин текст ќе биде прочитан на промоцијата. Ристовска вели дека сака да се обиде и во играниот филм. Една од идеите и' е да сними филм во Македонија, а другата во Перу. Не сум човек што сака да живее на едно место. Но, секогаш сакам Македонија да ми биде мое свртилиште. Америка е чудна мешавина на се'. Таму не е битно од каде си, доколку си квалитетен. За нив не е битно од која земја си, ти си од Европа и толку. Борбата е огромна - вели младата режисерка. По Скопско лето, филмот ќе учествува на фестивали низ светот.
 
N

n/a

Гостин
До пред неколку саати седев со оваа млада дама која што многу ја почитувам.
Сандра е...one of a kind.
-Ненаметлива
-Позитивна
-Насмеана
-Промислена
-Преубава
...Просто,вистинска Македонка.
Ме фасцинира со самата појава.Со нејзиниот став,самодоверба...

Би сакал да го видите нејзиниот документарец (што е само старт,увод во нејзината кариера-која што со двете раце однапред може да потпишам ќе биде многу плодна и богата).
МУЗЕЈ НА СОВРЕМЕНА УМЕТНОСТ
08 07 2008
21h.
Нема да зажалите,ви ветувам.
НАРОДОТ ПОСТОИ СЕ ДОДЕКА Е ЖИВА НЕГОВАТА КУЛТУРА.
 

Bacillus gagous

Biohazardous
Член од
21 јануари 2006
Мислења
7.380
Поени од реакции
168
Влез слободен е или се плаќа?
Докторот, нашата филмска продукција е толку мала што навистина жално е да прашуваш дали е бесплатен влезот. Без разлика дали е бесплатен или треба да си платиш карта, терба отидеш и да видиш, така секако допринесуваш за развојот на културата, дури и да не е твој вкус покажуваш почит со тоа, спрема малкуте кои навистина се трудат да ја развиваат нашата култура.
 
Член од
4 јануари 2008
Мислења
611
Поени од реакции
9
Докторот, нашата филмска продукција е толку мала што навистина жално е да прашуваш дали е бесплатен влезот. Без разлика дали е бесплатен или треба да си платиш карта, терба отидеш и да видиш, така секако допринесуваш за развојот на културата, дури и да не е твој вкус покажуваш почит со тоа, спрема малкуте кои навистина се трудат да ја развиваат нашата култура.
Абе добро е тоа, ама мене како 18-годишен уште толку не ме интересира да инвестирам во културниот ни живот!
 

Kajgana Shop

На врв Bottom