Kако Македонија може да излезе од економска сиромаштија ?

Член од
20 септември 2008
Мислења
12.719
Поени од реакции
9.829
Скоро се може да се приватизира.
Не знам зошто би те плашело приватно здравство и образование?
Не значи ако е приватно дека доприносите нема да бидат задолжителни.
приватно здравство и образование али под строга контрола на државата.. не да се меша таа во менаџирањето туку да има улога на судија.. државата увек е најлошиот менаџер,тоа многу добро се отсликува во МК.
 
Член од
14 мај 2009
Мислења
323
Поени од реакции
7
Економските проблеми на Македонија се примарно од политичка природа. Така да Македонија може да излезе од економска сиромаштија само ако ги реши проблемите прво со внатрешната политика, а потоа преку тоа и проблемите со надворешната политика.
Инаку економски идеи ние може да имаме на хартија најдобри, некои фиктивни проекти кои никогаш нема да се остварат и кои некој можеби ќе ги злоупотреби за да води предизборни кампањски ветувања. Но за да се решат економските проблеми треба да се решат недостатоците и нечистотиите во политиката, каде лежат најголемите пропусти. За таа цел младината треба масовно политички да се активира, и објективно да почне да ги согледува и да реагира на работите кои не понижуваат како народ во целина.
 
Член од
14 ноември 2009
Мислења
17.289
Поени од реакции
15.490
Скоро се може да се приватизира.
Не знам зошто би те плашело приватно здравство и образование?
Не значи ако е приватно дека доприносите нема да бидат задолжителни.
1. Здравството не влегува во јавна администрација.
2. Не ме плаши приватизирање и напротив сум за приватно здравство, но тоа не го намалува трошењето на буџетот што претходно го спомна.
3. НЕМОЖЕ СВЕ ДА СЕ ПРИВАТИЗИРА!!!! ЈАВНАТА АДМИНИСТРАЦИЈА НЕМОЖЕ ДА СЕ ПРИВАТИЗИРА!!!!! Министерствата, фондовите итн можеш да ги приватизираш? НЕМОЖЕШ !!!!
4. Доколку е приватно образование ме плаши и тоа премногу... можеш да видиш што озборувања кружат за приватните факултети...
 
Никола

Државник
Член од
18 април 2005
Мислења
5.074
Поени од реакции
333

Поимот администрација, барем е јасен и поголемиот дел од луѓето го поистоветуваат со буџетски корисници.
Образованието и здравството може да бидат приватизирани.
како што реков и претходно родителите ќе се обврзани да ги школуваат децата, но системот ќе биде приватен.
А ако ти имаш некаков лош личен проблем со приватното образование, не треба и во дискусија да го натураш.
Образованието ќе си е на ниво, на кое заслужува да биде.
Не верувам дека сиромашна земја ко Македонија, би требала да инвестира и има којзнае колку квалитетно образование.
Колку да се заврши работа и вработи некој.
 
naumdb

Кајгана Менаџер!!!
Член од
5 јуни 2007
Мислења
8.948
Поени од реакции
5.506
Хмммм... Никола, не знам што работиш ти, но баш ме интересира дали некој може да те натера да одиш на нива и да ораш... доколку си немал работа се разбира.
Гледам сите сме стручњаци кога кажуваме од страна, мислите во државната администрација не работат? Да, има и такви кои не работат и кои си нишаат врата, а земаат плата, но тоа го има и по приватните фирми, секогаш ќе има такви кои ќе се провлекуваат покрај другите. Образованието и здравството не смее да бидат приватизирани, не во нашава земја... Имаме приватни факултети, колеџи, приватни средни школи... Таму цените се астрономски, доколку се приватизира здравството во целост луѓето нема да се разболуваат од страв од цените кои ќе бидат поставени во здравствените установи. Да не зборувам за приватното образование, еве имаме сега неколку такви образовни институции... на кои можат да се запишат сите кои во средно школо не отвориле книга, се разбира доколку имаат за фрлање најмалце десет илјади евра за 3-4 години... Алооо, гледа ли некој колкави се платите... Една година на приватен универзитет е еднаква на едногодишна просечна плата... Зар уште си за приватизација на образованието... Да не зборувам за нултиот квалитет, 80-90% слаби професори, учење од скриптички, кажани прашања... Сиромашната земја Македонија и тоа како има квалитетно образование, зборувам за областа од Економијата, има висококвалитетни учебници, воглавно солидни кадри, добри наставни програми... на државните факултети. Уствари и приватните имаат добри наставни програми, без се друго... а и студентите се неколку класи послаби од оние кои се на државните.
Што се однесува до невработеноста... најпрво нема никаква логика да е толкава колку што е прикажана...
Албанија во 2008 имала стапка на невработеност од 12.50%, Србија 18.80 во 2007, Црна Гора 14.70% во 2007, Хрватска 9.60% во 2009, БиХ 20% во 2007, Словенија 5.90% во 2009, Грција 9.20% во 2009, Бугарија 7.60% во 2009... А нашата Македонија 33.80% во 2008 :kesa: Или сме многу слаби, или статистичарите не си ја работат работата како што треба, или нашиве не лажат дека во соседниве земји има економски кризи, рецесии... или нашите соседи и ЕКС-ЈУ земји се идеални места за живот :pos: Доколку бројките се точни, мислам дека Македонија има најголема невработеност во Европа... Доколку бројките се точни во Македонија 50% од населението е на леб, вода и шеќер... Доколку бројките се точни... немаше ни да има „пазар“ за приватните факултети... Се разбира дека бројките не се точни, треба законот и инспекциите да проработат, а богами и статистичарите да ги засукаат ракавите... Овие 33.80% изгледаат смешно. Од сиромаштијата нема да излеземе со лаги, прво нека се прикаже реалната состојба, реалните бројки, а дури потоа можеме да заздравуваме, да се опоравуваме и да чекориме напред.
 
Никола

Државник
Член од
18 април 2005
Мислења
5.074
Поени од реакции
333
Хмммм... Никола, не знам што работиш ти, но баш ме интересира дали некој може да те натера да одиш на нива и да ораш... доколку си немал работа се разбира.
Мене не ме интересира што кој работи.
Мене ме интересира моите придонеси од плата за пензиско, здравствено, даноци итн се намалат.
Ако нешто ми треба ќе си платам.
 
naumdb

Кајгана Менаџер!!!
Член од
5 јуни 2007
Мислења
8.948
Поени од реакции
5.506
Па гледам си запнал за администрацијата, па уште да се враќале по селата... :pos: А што ако не се од село? :raz:
Патем, да се надополнам на бројките од погоре... Македонија има повеќе интернет корисници од сите земји кои ги набројав во претходниот пост... А стапката на интернет корисници по некое правило би требало да биде обратно пропорционална од стапката за невработеност... Изгледа таквите правила не важат и за нас, нашето население не сака да работи, поубаво им е да си сурфаат и мирцаат на интернет... :)
 
Член од
14 ноември 2009
Мислења
17.289
Поени од реакции
15.490
Мене не ме интересира што кој работи.
Мене ме интересира моите придонеси од плата за пензиско, здравствено, даноци итн се намалат.
Ако нешто ми треба ќе си платам.
Што запна сеа за придонесите од плата за пензиско и здраствено осигурување... Ако ти се намалат тие придонеси автоматски ке ти се намали и пензијата, а ќе ти се зголеми партиципацијата при користењето на здраствените услуги...
Наместо да сакаш да се зголеми просечната плата ти сакаш трошки...

@Naumdb... Колега не си баш во право за здравството.. еве и сега е приватизиран еден дел од здравството и да ти кажам и подобро е... Пред некој ден бев во една приватна клиника и за во државна болница кај што треба да чекаш 6-7 дена за да дојдеш на ред, јас закажав за 1 ден, и си платив бедни 100 денари:smir: (до 4 саат си работи со картончиња а после 4 саат кој сака му е 3000 денари, јас мислам фер)
 
Eдна од многуте предности на приватниот сектор,во било која област,на приватно те третираат како човек,затоа што бизнисот им зависи од тебе, за разлика од држанвното,каде те гледаат како животно... уште еднаш ќе кажам.. државата сегде у свет е најлош менаџер.
 
Член од
7 март 2009
Мислења
1.127
Поени од реакции
788
Вака,мое мислење:
1.Секој проект кој го прави оваа влада да се истера до крај и тоа саглам и домаќински,а не како сега половично и ориентирано кон полнење на некој џебови(пр.компјутеризација на школите)
2.Подитно да се направи ефикасна,модерна и партиски независна администрација(погледнете сега што се случува со увозот на коли)
3.Да се разреши веќе еднаш засекогаш катастарот,да се знае земјиштето на кој припаѓа(за да не се случи потенцијален инвеститор да заглави)
4.Судството,заедно со неговите придружни елементи-судскиот совет,врховниот суд,апелација и др. да се исчисти од КОРУПЦИЈА,криминал и сенешто да не набројувам примери,за да имаат потенцијалните странски инвеститори правна сигурност(која е ептен битна заради евентуална заштита на капиталот)
5.Да се активираат сите научни умови и навистина одлични инвентори и пронаоѓачи кои ги има Македонија и нивните идеи да се реализираат во извозно ориентирани производи.
6.Државата да се ослободи од СТЕГИТЕ на олигарсите кои ја држат намерно како затворено село каде тие ги диктираат цените и го ду...ат народот,додека тие се сончаат на Карибите.
7. Груевски да воведе РЕД во државата(сетете се на рампите за паркирање кои секој хулиган ги поставува каде сака,т.е.дивите паркинзи).
Има и др.ама мислам дека и ова е доста како за почеток,Поздрав :helou:
 
leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
Економските проблеми на Македонија се примарно од политичка природа. Така да Македонија може да излезе од економска сиромаштија само ако ги реши проблемите прво со внатрешната политика, а потоа преку тоа и проблемите со надворешната политика.
Инаку економски идеи ние може да имаме на хартија најдобри, некои фиктивни проекти кои никогаш нема да се остварат и кои некој можеби ќе ги злоупотреби за да води предизборни кампањски ветувања. Но за да се решат економските проблеми треба да се решат недостатоците и нечистотиите во политиката, каде лежат најголемите пропусти. За таа цел младината треба масовно политички да се активира, и објективно да почне да ги согледува и да реагира на работите кои не понижуваат како народ во целина.
Во никој случај,тоа би било погубно за нас.Младината треба со ланци да се држи настрана од политика,бидејќи многу лесно се труе и манипулира.А затруен мозок не размислува правилно.
Исто така,економските проблеми на Македонија никако не зависат од политичката ситуација во која се наоѓа.Тие ниту се производ на надворешната политика на земјата.Производ се на глупавоста на Македонските политичари кој не водеа,а немаат газ да застанат зад своите потези.И кога се греши се продолжува.Типичен пример ти е моменталната ситуација кај нас.Имаме политика која е подржувана од народот и економија која е на црвена линија.Од големата политичка заблуденост никој не ги гледа и мери вложените пари.После друг ќе ни биде крив,Грција,Еу свети Еу и слично.
Нас не ни требаат проекти на хартија,нас не ни требаат економски програми,нас ни требаат луѓе кој ќе ги засукаат ракавите и ќе почнат од корен да го менуваат ова труло општество.
 
Член од
23 јуни 2008
Мислења
403
Поени од реакции
7
кога сите македонци ќе станат курви, што уствари и се во душа.
 
Член од
15 мај 2008
Мислења
947
Поени од реакции
99
Вака,мое мислење:
1.Секој проект кој го прави оваа влада да се истера до крај и тоа саглам и домаќински,а не како сега половично и ориентирано кон полнење на некој џебови(пр.компјутеризација на школите)
2.Подитно да се направи ефикасна,модерна и партиски независна администрација(погледнете сега што се случува со увозот на коли)
3.Да се разреши веќе еднаш засекогаш катастарот,да се знае земјиштето на кој припаѓа(за да не се случи потенцијален инвеститор да заглави)
4.Судството,заедно со неговите придружни елементи-судскиот совет,врховниот суд,апелација и др. да се исчисти од КОРУПЦИЈА,криминал и сенешто да не набројувам примери,за да имаат потенцијалните странски инвеститори правна сигурност(која е ептен битна заради евентуална заштита на капиталот)
5.Да се активираат сите научни умови и навистина одлични инвентори и пронаоѓачи кои ги има Македонија и нивните идеи да се реализираат во извозно ориентирани производи.
6.Државата да се ослободи од СТЕГИТЕ на олигарсите кои ја држат намерно како затворено село каде тие ги диктираат цените и го ду...ат народот,додека тие се сончаат на Карибите.
7. Груевски да воведе РЕД во државата(сетете се на рампите за паркирање кои секој хулиган ги поставува каде сака,т.е.дивите паркинзи).
Има и др.ама мислам дека и ова е доста како за почеток,Поздрав :helou:
Го имаше сето ова направено и спроведено (посебно болдираниот дел) во една земја.... Утопија мислам дека се викаше :smir:
 
Член од
20 септември 2008
Мислења
12.719
Поени од реакции
9.829
Бајруш Сејдиу го осудија на 5 години затвор :jaj: убаво....
Ете ги најголемите крвопијци на Македонија, судиите :zid: :nerv: корумпираните гадови! Со овакво судвство никад нема да не биде како држава.
 
STARTER

Firestarter
Член од
31 август 2007
Мислења
935
Поени од реакции
246
Па ништо не правиме мислиме со кадри и дејности од општествените науки ќе ја оправаме економијата, мора да се ојачаме индустриски и наместо да извезуваме суровини, да започнеме да произведуваме за извоз готови производи (пример зошто да извезуваме вино во буриња на големо, а не флаширано), значи нема развиток без индустрија.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom