KОСОВО НЕ ИМ ДАВА ДОКУМЕНТИ НА МАКЕДОНЦИТЕ ЗА ДА НЕ ЗАВЛАДЕАТ ВО ГОРА

Член од
7 октомври 2008
Мислења
6.055
Поени од реакции
6.443
KОСОВО НЕ ИМ ДАВА ДОКУМЕНТИ НА МАКЕДОНЦИТЕ ЗА ДА НЕ ЗАВЛАДЕАТ ВО ГОРА



Kосовските власти им го отежнуваат процесот на добивање документи на Македонците таму оти нивното официјално регистрирање значи и зголемување на бројот, што, пак, претставува закана Македонците на следните избори да ја добијат власта во областа Гора.

Според претседателот на Сојузот на Македонците со исламска вероисповед, Исмаил Бојда, ова е еден од начините да се спречи Албанците во Гора да ги загубат шансите да раководат со областа. Тој нагласува дека ваквата намера се реализира тактички и промислено, односно никаде јавно не се спречувани Македонците да аплицираат или да добијат документи. Но, бирократските процедури одземаат нерви, пари и многу време, па Македонците брзо се откажуваат.

- Бројот на луѓе кои не успеале да земат косовски документи е сведен на минимум, значи станува збор за околу 15-20 случаи, оти сега е скратена процедурата за разлика од порано кога беше многу потешко. Но проблемот е друг, проблемот е во стравот дека бројот на македонски гласачи ќе расте. А во Гора разликата меѓу бројот на Македонци и Албанци, изразена во гласови, е околу 150, што значи многу блиску. Тоа претставува директна закана за Албанците дека Македонците ќе ја преземат власта во Гора. Затоа се изживуваат, објаснува Бојда. Kако пример го наведува својот случај кога во 2005 година вадел косовски документи.

- Условите за добивање државјанство и други документи се да си роден во Kосово, односно во Гора или да докажеш дека по татко, мајка потекнуваш оттаму. Потоа приложив и имотен лист од мојата куќа. И на крајот откако приложив с`, ми побараа да приложам зошто не плаќам струја, односно данок на имот. Им објаснив дека струјата с` уште не е спроведена до моето село и дека живеам со агрегат што го земам од најблиската бензинска, раскажува тој. Порачува Македонците да не креваат раце по првата кочница зашто треба само да се поупорни кога си го бараат она што им следува.

Шеесет и тригодишниот Асан Kаскани од селото Брод во Гора, пак, вели дека најголемиот проблем во врска со документите не се бирократските процедури, туку фактот што, како што потенцира, немаат никакво значење.

- На крајот, документите мора да се дадат, тоа е неизбежно, но проблемот е што со косовски пасош, на пример, не можеш никаде да мрднеш без виза. А работа внатре нема, особено не за нас. И да сакаш да си ја пробаш среќата надвор, за секаде треба виза, додава Kаскани.

Според Бојда, наспроти свесните бирократски притисоци од косовските власти, сепак има Македонци-староседелци, жители во Гора, кои се корисници на косовски пензии.

- Оние што се родени во Гора, и имаат минимум 63 години, земаат околу 75 евра пензија месечно. Македонците во Гора, пак, што во времето на Србија работеа како државни службеници, с` уште земаат надоместок од Србија. Особено поранешните наставници и професори. Па во моментов тие добиваат речиси двојно повеќе пари месечно отколку регуларните наставници, на пример во Лесковац или некое друго српско место, вели Бојда.

БУГАРСКИ ПАСОШ - ВИЗА ЗА РАБОТА НАДВОР

Според нашите соговорници, неможноста да се патува без виза со косовски пасош е една од причините што Македонците во Kосово с` повеќе се интересираат да дојдат до бугарски пасош. Според податоците на специјалната инспекција на бугарското министерство за правда, стотици државјани на Македонија, Kосово и Албанија се обидуваат да добијат бугарско државјанство преку Државната агенција за Бугари во странство. Од сите барања, само 16 проценти биле поткрепени со соодветни докази. Во апликациите често се наоѓаат само изјави, а како доказ за бугарско потекло прифаќано е и членство во бугарски организации.

Искра Kоровешовска
http://dnevnik.mk/?ItemID=37B46E76229C564797479F9080585301
 
Ф

Флеш

Гостин
Не е прв и последен случај некоја соседна земја на Македонија да иде по исти пат со негирање на Македонците . Албанија,Бугарија,Грција... Сеа Косово .... Следно ..... Војводина ?! :giggle:
 

iksimkd

ШшшШшшШ...
Член од
31 јули 2007
Мислења
5.000
Поени од реакции
2.183
Ако де, ние пак ќе дозволиме уште 200.000 да влезат во Македонија и ќе им дадеме државјанство. Не е тоа ич проблем.
 

Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
43.070
Поени од реакции
78.291
И како нашата патриотска власт реагира на ова?
Колку пати до сега го поставила прашањето за Македонците од Гора, пред косовските колеги?

Да не се лажеме, они не можат обвинети за масакр врз деца на Велигден да им побараат, па за ова....
 
Член од
13 декември 2011
Мислења
218
Поени од реакции
43
И како нашата патриотска власт реагира на ова?
Колку пати до сега го поставила прашањето за Македонците од Гора, пред косовските колеги?

Да не се лажеме, они не можат обвинети за масакр врз деца на Велигден да им побараат, па за ова....
По вчерашната контрола на дуканите на Албанците и некој што донесоа обвинети од Косово добивам надеж дека полека но сигурно ке ги реши Грујо...само да ги мава така и на бит пазар почнаа да не им се плашат секојдневно ги тепаат тие телефони што продаваат и ги оданочија продавачите...Ваше мислење?
 
Ф

Флеш

Гостин
По вчерашната контрола на дуканите на Албанците и некој што донесоа обвинети од Косово добивам надеж дека полека но сигурно ке ги реши Грујо...само да ги мава така и на бит пазар почнаа да не им се плашат секојдневно ги тепаат тие телефони што продаваат и ги оданочија продавачите...Ваше мислење?
Точно е ова,Сарај вчера околу 21 ч беше полно гужва луѓе,доаѓав од Шишево,бавно можеше да се помине ,читам на вести дека и БитПазар,поготово Чаир било полно инспекции со придружба на полиција ...
 

Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
43.070
Поени од реакции
78.291
По вчерашната контрола на дуканите на Албанците и некој што донесоа обвинети од Косово добивам надеж дека полека но сигурно ке ги реши Грујо...само да ги мава така и на бит пазар почнаа да не им се плашат секојдневно ги тепаат тие телефони што продаваат и ги оданочија продавачите...Ваше мислење?
Наше мислење е дека толку многу двоаршински постапува оваа власт, по основа на националност, што уште којзнае колку треба да се докажуваат дека законите, казните, давачките, ги применуваат подеднакво, а не според тоа како што си се родил.

Инаку можда некој ќе си помисли дека израчувањето на овој од Планинска Бура, акцијава на УЈП и други некои работи кои се случија во периодов, имаат врска со изјавата на Заев, и евентуално ќе им служат како бафер на ефектот што би требало да го предизвика откровението најавено од Заев, а кое ги допира меѓунационалните односи.
 

Bitcoin

Член од
24 мај 2005
Мислења
5.530
Поени од реакции
13.903
Косово не давало документи,
Србија не ни ја признават црквата,
За Бугариве сме един народ,
Грција да не прам муабет,
а
Албанија + Косово чак и територијални претензии имаат кон нас.

Ко ќе видиш....

 

Kajgana Shop

На врв Bottom