ЈЗУ Универзитетска клиника за радиотерапија и онкологија Скопје

  • Креатор на темата Креатор на темата bijons
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
7 септември 2016
Мислења
25.992
Поени од реакции
43.960
onkologija-1.jpg

Како едно од поактуелните здравствени проблеми кои во последно време, посебно после пандемијата со коронавирусот завзема голем подем кај населението од било која возраст, а и неспремноста и проблемите со просторот, апаратура (акцелератор), специјализираниот кадар, онколошки и биолошки лекови, мислам дека заслужува посебна тема во овој подфорум.


TlyDGE2.jpg brahiterapija.jpg


Би било добро споредбено да видиме како се справуваат нашите соседи со простор, кадар, биолошки лекови, апаратура и сл за да се подобриме и да ги земиме како пример, каква здравствена услуга даваат државните клиники, а какви приватните.

Медицинска онкологија е важна и за превенција од канцер, методи на рано дијагностицирање, а не само лекување на пациенти со канцер кое се изведува со помош на интравенозни или орални лекови, третман со т.н адјувантно лекување со цел да се намали ризикот од повторување на болеста,па потоа т.н. неадјувантно лекување, да се овозможи хируршки третман или да се заштитат органите со што лекувањето може да биде поединечно или во комбинација со други терапии.

Хемотерапијата има за цел да ги уништи канцерогените клетки кои растат неконтролирано поради некои промени во нивните структури во повеќето случаи целта е да се убијат канцерогените клетки со препишување на неколку лекови кои делуваат преку разни механизми или со супстанции кои имунолошкиот систем природно ги произведува и се користат за да се идентификуваат и за да се уништат канцерогените клетки со активирање на имунолошкиот систем на пациентот.

Онколошките лекови се применуваат при канцер на матка, јајници, тестиси, мочен меур, простата, бубрег, канцер на дојка, канцер на бели дробови, дебело црево и ректум, канцер на желудник, на панкреас, на црн дроб, па и при тумори на глава, врат, тумори на коски, тумори на меки ткива итн.

И во поново време лекувањето канцер со високо ефикасни лекови -биолошки лекови кои имаат релативно малку несакани ефекти кои идентификуваат цели кои се присутни во канцерозните клетки, но не и во нормалните клетки особено кај канцер на дојка, црева, бубрег и малигниот меланом на кожа,

Протоколи (дијагностицирање, третман и следење на крацином), водичи за пациенти при терапија со Х зрачење, контакти и слично.
 
Да се распушти Министерство за Здравство, во шума некаде.
 
...јас не разбирам зашто сите ја осудуваат фирмата ,,Др Пановски" околу доминантноста на набавка и дистрибуција на биолошки лекови за ЈЗУ Универзитетска клиника за радиотерапија и онкологија Скопје? :toe:

...ами, фирмата ниту работи на црно, ниту склучува договор во четири очи, ако све е тоа транспарентно процедурата за набавка и си има решение за регистрација за тие биолошки лекови како единствени или пак со пониски цени од другите фирми што е единствен услов и си добиваат на тендер?

...ако има било што неправилности во смисла на приоритет за добивање решение за тие биолошки лекови, а тие како најскапи лекови ја етикетираат фирмата дека се збогатува на таков начин, се знае кој дава решение тоа е институцијата МАЛМЕД која е под ингиренции на Влада т.е. Премиер, а не под Министерство за здравство и неговиот министер.

Image_1738112800.jpg

...и сега кој е првиот кривец? колку вработени има 43? што прават цел ден, пасат трева?
...оффф, колку глупи новинари имаме или се програмирани што да кажат ама све погрешно ја изодуваат трасата на новинарско известување и откривање на вистината ако не друго да имаат разумни коментари.

...еве извадок од Јавни набавки за биолошки лекови за 2024 год (наместо да легнам колку е касно, пффф се глупирам, ама ај во интерес правилно информирање).

Image_1738109222.jpg

...поприличен висок износ за овие биолошки лекови што ги доби на тендер Др Пановски.

Image_1738109720.jpg

...на второ место Алкалоид помалку од пола од износот на Др Пановски, ама тука се негде, ама не се спомнува ништо за нив.

scv20250129_004017.jpeg

...и тука се другите фирми со пониски добиени износи на тендер.

...е сега, недостигот на биолошки лекови причини се највероватно следниве:


...дали ја имаат ставено во функција КАТО програмата која не дозволува злоупотреба на биолошки лекови и се врши евиденција за секој мл биолошки раствор каде, кога и на кого се аплицира,

...договорите склучени се на 04.2024 за една година тоа значи важат до 04.2025, а веќе сега, 4 месеци порано се завршени количините можеби поради зголемен број на пациенти, неефикасен скрининг и следење воопшто на зголемен број на пациенти,
...можно продолжување на старата навика на продажба под рака на црн пазар, поради никаква разврска и одговорност на аферата за која никој веќе не ја спомнува, а не пак да кривично одговара.

...и Да, вакви осетливи набавки на специфични лекови како што се биолошките, мислам дека се поефикасни на шест месеци да се направи тендер поради непредвидливиот сооднос на нови пациенти и веќе постоечките на кои им е од живитно значење овие биолошки лекови, ама кој да им каже, ниту имаат асални менаџери, ниту советници, економски експерти како оператори, ниту овие кои се со функции кои можат да сопрат и решат вакви ситуации ја знаат проблематиката, работава во здравството и онкологијата ,,тапа џонсон".
 
Последно уредено:
...доколку некој има близок или општо се заинтересирани околу онколошка и биолошка терапија на ЈЗУ Универзитетска клиника за радиотерапија и онкологија, моментално според транспарентно поставени податоци би требало на клиника да има нови количини на :

Screenshot 06-11-2026 20.32.47.png

додека другите онколошки и биолошки лекови се во тендерска процедура од 21.05.2026 година, значи месец дена процедура до таму 21.06.2026, па склучување договори уште недела, две (евентуални жалби итн), па таму на средина на 07.2026 ако би било све во ред, ќе можат пациентите да ја добијат терапијата, во спојлер ќе ги наведам сите лекови со дотичните фирми кои го имаат лекот доколку на некој му е ептен неопходен и не може да чека да се информира за купување со сопствени средства, па потоа барање рефундација од ФЗОМ, кој враќа износ на одредена референтна цена на лекот, а не колку се купува со фискална лекот, барем да помогнеме со информации колку се може!
Screenshot 06-11-2026 20.32.13.pngScreenshot 06-11-2026 20.31.50.pngScreenshot 06-11-2026 20.31.33.pngScreenshot 06-11-2026 20.31.14.pngScreenshot 06-11-2026 20.30.57.pngScreenshot 06-11-2026 20.30.33.pngScreenshot 06-11-2026 20.30.16.pngScreenshot 06-11-2026 20.29.53.pngScreenshot 06-11-2026 20.29.35.png
 
 
КАТО системот што е тоа?
е систем за автоматска подготовка, мерење и контрола на цитостатици и биолошка терапија на Клиника за радиологија и онкологија, набавен бил во 2016 година, работел кратко време и бил тргнат од употреба и потоа со години стоел неискористен и заклучен во соба, со што се создало сомневање за можна (не)контролата и злоупотребата на терапијата и прашање зошто се подготвува терапија „рачно“ кога постои милионска вредна опрема оставена во подруми или заклучени простории.

КАТО системот е од големо значење во примената поради прецизно мерење на дозите на лековите за секој пациент преку компјутерска контрола, оневозможува пренамена, намалување на дозата или кражба на скапите цитостатици, следејќи до крај искористувањето на секоја вијала, со што се спречува фрлање вишоци или злоупотреба на тие преостанати вишоци.

...иако биле дадени ветувања за негово рестартирање по скандалот на Клиниката за онкологија во 2023 година, во моментов, КАТО системот сè уште не е целосно вратен во секојдневна функција,

... првичните најави од Министерството за здравство биле дека системот ќе профункционира најдоцна до јуни 2024 година, но неговото целосно интегрирање во системот за подготовка на лекови е спречено порадисе соочување со технички, финансиски и софтверски пречки, а и сеуште биле под истражна постапка за случајот „Онкологија 2“ каде откриле дополнителни системски пропусти, како што се недостаток на официјални медицински протоколи и упатства и набавка на биолошка терапија без одобрение од стручен колегиум.


... и покрај унапредувањето на дел од опремата за зрачење (пуштањето во употреба на нов линеарен акцелератор за зрачење), контролата врз дозирањето на ампуларните лекови сè уште зависи од рачна подготовка и внатрешни болнички проверки, што остава простор за јавен скептицизам сè додека КАТО системот не биде комплетно автоматизиран и применлив, за што се дадени високи финасиски средства.


КАТО системот како изгледа во пракса?

Специјална комора со ламинарен проток (Laminar Flow Hood):
ова е централниот дел каде што се подготвува терапијата, затворена, високостерилна стаклена кутија (слична на лабораториски аспиратор) која ги штити лековите од надворешно загадување, но и медицинскиот персонал од токсичните испарувања на цитостатиците.
Интегрирана дигитална вага (Мерна станица):
внатре во комората е вградена исклучително прецизна електронска вага поврзана со компјутер и секоја ампула и секој шприц се мерат пред и по растворањето, а КАТО истемот точно знае колку тежи празната вијала, а колку тежи со лекот – доколку тежината отстапува дури и за милиграм од пропишаната доза за пациентот, системот се блокира и не дозволува понатамошна работа.
Баркод скенери и камери:
пред да се подготвува лекот, мора да го скенира баркодот на ампулата, на шприцот и на алката (нараквицата) на пациентот, камерите во комората го снимаат целиот процес за да има визуелен доказ дека е земен точниот лек.
Компјутерски терминал и софтвер:
покрај комората има монитор на кој се прикажуваат чекорите во живо, лекарот-онколог ја внесува дозата во компјутер, а софтверот на КАТО системот ги дава инструкции на сестрата: „Влези со иглата во оваа вијала, извлечи точно 12 милилитри“.
Автоматски печатач за етикети:
откако дозата ќе се подготви и измери, системот автоматизирано печати етикета со баркод, име на пациентот, точната доза и времето на подготовка, која се лепи на кесата со инфузија.

... накратко, КАТО системот не е само еден апарат, туку цела дигитализирана лабораториска станица во која човечката грешка и рачното „од око“ дозирање на скапата терапија се сведени на нула, а богами сведено на нула и манипулирање со скапата терапија и злоупотреба, сега многу појасно ќе да е зошто КАТО системот се острани од примена во Клиниката за онкологија и радиотерапија.
 

...додека не се расчисти долгот и не се постави КАТО системот, нема да се среди на Клиника за онкологија, судскиот процес за аферата на онкологија се тегне може со години ќе трае, Министерот за здравство д-р С.Клековски треба да пресече и да се почне од нула од негово министерување со што ќе го постави КАТО системот и не ќе има можност за злоупотреба, предимство во терапијата и ќе има одговорност, вака во продолжеток по стар тек само директорите ќе се менуваат, па и овој после 4, 5 години ќе му најдат нешто несоодветно што сработал, затоа КАТО системот нема да го дозволи тоа, кому не му одговара за поставување на така скапо платена платформа за работење со лековите на онкологија, тој ќе прави проблем иво иднина со рефлектирање на недостаток на лекарства, иако бројот на пациентите рапидно расте!
 
Апаратите на ЈЗУ Универзитетска клиника за радиотерапија и онкологија

Како што ги гледам фотографиите поставени транспарентно на ФБ со фалбаџиско групно селфие, ми доаѓа таков бес невиден, толку сум револтирана кога ги гледам ваквите испади на вработените кои немаат три чисти што значат тие осетливи апарати за пациентите и воопшто какви делови има, како се калибрира и што значи на таква „терапевтска маса“, апаратот дизајниран да опслужи ЕДЕН легнат пациент со максимална тежина до 160 кг и тоа централно поставен на маса, па после ќе слушнеме дека „апаратот се расипал“ - е па ќе се расипе, тоа не значи секогаш да пукне некој дел доволно да не може да се калибрира и да се наруши на внатрешната геометрија на деловите на апаратот.

577836736_122144339012888948_2420204217032025420_n.jpg

.. на ова фотографијата е прикажан медицински и технички тим (ни едните ни другите не се запознати со софистицираната апаратура што секој мора да биде запознат ) или не е уклучен, па пу пу пу „не важи“ тежината од пет души позирајќи селфие во специјално изолирана просторија (бункер) пред медицински линеарен акцелератор - LINAC, кој се користи за прецизна радиотерапија и зрачење при третман на онколошки пациенти.

... седнати три дебели задници и две полуседнати тоа се вкупно 5 задници на осетливиот скап апарат со која цел? да направат групно селфие човече, „видете не' колку сме среќни и насмеани“, како да е тоа породилно, а не простор каде идат онколошки пациенти кои се со една нога во другиот свет! :facepalm:

... седењето или потпирањето на повеќе лица директно на медицинската маса во никој случај не е препорачливо и теоретски може да претставува ризик за прецизната калибрација на апаратот, иако во реалноста тој не е скршен или оштетен, ваквото однесување е апсолутно надвор од сите медицински и технички протоколи за ракување со толку скапа и сензитивна опрема.

...овие пет задници вршат механички притисок врз моторите и шините, средината на масата е поврзана со софистициран систем од шини, запченици и роботски мотори кои овозможуваат движење во три или шест димензии (горе-долу, лево-десно, напред-назад), товар од три/пет лица наеднаш создава огромен притисок врз тие преносни механизми.

... самата подлога на која лежи пациентот е направена од карбонски влакна (за да не ги сопира зраците), иако е цврста, таа е дизајнирана за рамномерно распоредена тежина на едно легнато лице, концентрирана тежина од три седнати лица на една точка може да предизвика микро-пукнатини или трајна деформација на материјалот.

... ако апаратот преку своите внатрешни сензори детектира дека масата се поместила или отстапува од рамнината дури и за 1 милиметар, системот автоматски се блокира поради безбедност на пациентите, за да се врати во функција, мора да се повикаат овластени инженери од странство (најчесто од фирмите производители како Varian или Elekta) за да направат комплетна ре-калибрација.

... додека апаратот се прегледува и калибрира по вакви инциденти, тој не смее да зрачи пациенти, со оглед на долгите листи на чекање на онкологија во Скопје, секој ден или час поминат во дефект или вонреден сервис директно влијае врз терапијата на тешко болните луѓе, сега ви е јасно зошто „се расипуваат апаратите“???


524697067_122123118986888948_5330423417307381682_n.jpg


... на оваа фотографија на групното селфие, каде се седнати целосно две задници и потпрени дополнително уште две лица, е апарат Varian Halcyon, еден од најмодерните и најнапредните медицински линеарни акцелератори (LINAC), за разлика од класичните линеарни акцелератори кои имаат голема подвижна „рака“ (Gantry) која кружи околу пациентот, овој модел има т.н. прстенест дизајн (слично на КТ или МРИ апаратите) каде што целиот механизам за зрачење е скриен во внатрешноста на самото куќиште.

- видете ја ногата од техничко лице што е седнат на терапевтската маса, што ја има подигнато ногата и стапалото потпрено на метална сигурносна рачка и заштитна ограда, која служи за рачно управување и безбедност на пациентот при легнување, а не како потпора за седење на персоналот, овие софистицирани терапевтски маси (наречени и роботски кушетки) работат како високопрецизни роботски системи управувани од компјутер, нивната главна задача не е само да го држат пациентот, туку да го позиционираат неговото тело со субмилиметарска прецизност (помала од 1 милиметар) точно на патеката каде што треба да помине невидливиот зрак.

... поточно, тие се седнати на самиот преден, најистурен крај (врвот) на масата, кој во овој момент на групно селфие е целосно извлечен нанадвор од тунелот и на таа позиција притисокот е најкритичен бидејќи:

- тоа е најдалечната точка од главниот носечки столб и мотор кои ја држат масата, кога се седи на тој дел, тежината дејствува како огромна сила на лост која буквално ја влече и ја свиткува целата конструкција надолу.

- на тој дел обично се поставуваат и специфични додатоци од јаглеродни влакна за фиксирање на главата и вратот на пациентот., ваквите делови се дизајнирани да држат само тежина на глава (околу 5 килограми), а не цела телесна тежина на возрасен човек.


720250107_122179847114888948_8275934549036924546_n.jpg


.... е сега овој медицински тим може стручен но недостручен, затоа што не го знае „алатот“ со што работааат со нивна стручност т.е. апаратите, што според Дирекцијата за радијациона сигурност (е самостоен орган на државната управа со својство на правно лице и врши управни и стручни работи од областа на заштита од радијација) конкретно за медицинска радиоактивност ТРЕБА СЕКОЈ ДА ЗНАЕ ОД ШТО Е СОСТАВЕН АПАРАТОТ, КАКО РАБОТИ,


Screenshot 08-11-2026 17.00.33.pngScreenshot 08-11-2026 17.01.29.png


но само одредени лица со име презиме заведени одговорни за работата со апаратот, а не групно да се седи на него повеќе лица за групно селфие, а одредно е само за еден пациент (се воздржувам да не пишува погрдни зборови, толку сум револтирана) и доколку се расипе апаратот - со овие фотографии како доказ на технички оптоварување и оштетување од седењеето на вработените, овие пополнети листови кои сигурно има одредени лица да се викнат на одговорност, а не се расипал апаратот се чека дел, оти е многу скап, а вработените нека продолжат да седат на карбонската терапевтска маса (плоча за пациент) на апаратот Varian Halcyon,


Screenshot 08-11-2026 16.32.17.png


- под местото каде што седат се наоѓаат фините телескопски шини кои ја вовлекуваат масата во внатрешноста на прстенот, вертикалниот притисок од две лица одеднаш на тоа место може да ги искриви тие шини, по што масата повеќе нема да може да влезе во тунелот за да почне зрачењето.



523123325_122123118998888948_6159052565711311043_n.jpg


ова е уште еден исклучително скап и софистициран линеарен акцелератор, но со различна конструкција од претходниот Halcyon кој е во облик на затворен тунел, овој апарат има голема роботска глава која кружи и се ротира околу пациентот во сите правци за да го насочи зракот под точно одреден агол.

... означено со црвен прашалник (?), каде седат две задници од вработените, во овој случај карбонската терапевтска маса излегува како долг, целосно отворен мост од својата бела носечка база., кога некој ќе седне на средината или на крајот на ваква конзолна маса (каде што седат двете жени за време на групно селфие во моментот), притисокот врз внатрешниот хидрауличен столб на базата е уште поголем поради лост-ефектот и овој модел користи паметна карбонска маса која се движи со милиметарска точност во неколку оски и има строги фабрички ограничувања за тежина на еден пациент - најчувствителниот дел од конструкцијата.

Сега е појасно зошто овие софистицирани апарати кои треба стручно да се чуваат и работаат, а не како трактор на нива, затоа и често се расипуваат.

720361604_122179847090888948_6685273133363918805_n.jpg

Директор на ЈЗУ Универзитетска клиника за онкологија и радиологија Д-р Игор Стојковски специјалист за малигни и коскени тумори и за карциноми на кожата и толку, понатака за софистицираната апаратура нека одговара сервисерите, ами како дозволуваш вакви групни фотографии во проториии (бункери) со потпрени и седнати вработени на тие софистицирани терапевтски маси??
Оти појма немаш ни ти ете затоа, го имаш занаетот, ама алатот не го познаваш, на жалост!


П.С.
... начинот на пишување поради големиот револт, зошто не се испочитуваат протоколите ниту за време на работа, ниту кон софистицираните апарати и просториите- радиоактивни бункери, што за пациентите живот значи, излезете бре во двор направите групна фотографија, не ги уништувајте скапите апарати, затоа ни пропаѓа здравството, не заслужуваме ниту вакви скапи софистицирани апарати!
 
Последно уредено:
PTW BEAMSCAN софистициран систем со т.н. „воден фантом“ кој служи за дозиметрија, односно за калибрација, тестирање и прецизно мерење на зраците пред тие да се применат врз пациенти,

579086682_122144339000888948_6116532782654620078_n.jpg

... медицински бункер за линеарен акцелератор кој се користи за радиотерапија (зрачење) на пациенти со малигни заболувања, додека во преден план се наоѓа PTW BEAMSCAN – софистициран систем со т.н. „воден фантом“ кој служи за дозиметрија, односно за калибрација, тестирање и прецизно мерење на зраците пред тие да се применат врз пациенти, дотичните несовесни (неедуцирани) вработени изнапикале шарени балони без да размислат дека при можност на пукање на тие балони се создава нагли воздушни бранови и вибрации, што директно под нив, на врвот на водениот фантом, се наоѓаат екстремно прецизни и скапи чекорни мотори (stepper motors) и кабли кои ја придвижуваат јонизирачката комора, еден силен удар од пукање на балон или парче гума што ќе заглави во запчениците може да го декалибрира или сериозно да го оштети механизмот, триењето на гумените балони создава статички електрицитет, како огромен ризик за високосензитивната електроника и дигитални сензори кои мерат струи во опсег од пикоампери и искра од статички електрицитет може трајно да изгори некој од микрочиповите на дозаторот!

Сега јасно ли е како се расипуваат скапите софистицирани апарати?

... која е потребата да се става шарени балони (бр 5 на фотографијата) во таква апаратура, колку тој мозок размислува за последиците на тој апарат кога ќе се расипе и не ќе може да се калибрира акцелераторот и онколошките пациенти ќе останат без него и на јавни медиуми ќе кажат ,,Се расипа акцелераторот скап дел треба да се смени“ одговара некој пред, после, како тоа „се расипал“ ???
Јок, затоа и во продолжеток „ќе се расипуваат“, важно да се прослави, групна слика селфие, балони, каде бре во бункер просторија наменет за онколошки пациенти? јас да бев сите одговорни што дозволиле ваква демократија како дома да се, би им дала кривична за уништување на државна скапа имовина за онколошки пациенти!

... според протокол никогаш не смее да се користи како просторија за складирање (магацин), поставени разни пакети на фотографијата означени со (бр1, бр2), скала (бр 3), мобилна сервисна количка на која се наоѓаат компјутерски единици, кабли (сини мрежни кабли), мерни уреди и документација.

...картонските кутии се запалив материјал и извор на микроскопска прашина, прецизната електроника и оптичките системи на акцелераторот се исклучително чувствителни на прашина, која може да се вовлече во вентилацијата и да предизвика дефекти или прегревање,

... пациентите кои се наоѓаат на онколошки третман (радиологија или хемотерапија) имаат екстремно ниско ниво на бели крвни зрнца (леукопенија), нивниот имунолошки систем е речиси нефункционален., секој дополнителен човек во просторијата внесува милиони бактерии, вируси и микроорганизми преку зборување, дишење и облека што за здрав човек ова е безопасно, но за онколошки пациент, обична настинка или бактерија од персоналот (присутни за групна слика селфие 8 души) може да биде опасна по живот.

...за пред, после за време на третманот, просторијата мора да биде ПРАЗНА, кога линеарниот акцелератор е вклучен и испушта јонизирачко зрачење, ниту еден вработен не смее да биде внатре, персоналот го управува апаратот од надворешна контролна соба зад масивни оловни врати и го набљудува пациентот преку камери,.

Ваквите сцени, иако направени во момент на неформално одбележување на професионален празник, се сериозно отстапување од меѓународните стандарди за безбедност во радиологијата, просторијата каде што се применува јонизирачко зрачење мора да биде целосно расчистена од секакви немедицински и нетехнички предмети за да се елиминира дури и најмалиот ризик по опремата и луѓето.


Screenshot 08-11-2026 18.07.54.png


... софистицираниот систем PTW BEAMSCAN со т.н. „воден фантом“ кој служи за дозиметрија, односно за калибрација, тестирање и прецизно мерење на зраците пред тие да се применат врз пациенти, пред да започне процесот, водениот фантом механички се носи точно под главата на акцелераторот и се користи софистицираните ѕидни и тавански ласери во бункерот за да ја порамнат водената површина со центарот на ротација на акцелераторот (изоцентарот) со прецизност помала од милиметар


Screenshot 08-11-2026 18.08.27.png


Кога акцелераторот ќе се пушти во работа, тој испушта јонизирачко зрачење (Х-зраци или електрони) директно одозгора кон водената површина, водата тука го симулира густината на човечкото тело, роботските раце во внатрешноста на фантомот го движат сензорот (јонизирачката комора) низ водата и во реално време го „снимаат“ профилот и продорноста на зраците, апаратот BEAMSCAN нема кабли кои одат до акцелераторот, тој има сопствен вграден електрометар и компјутерски контроли во базата.

Податоците од мерењето се испраќаат безжично преку Wi-Fi или мрежна врска до компјутерот во контролната соба., каде софтверот ги споредува добиените резултати со математичкиот модел за планирање на терапијата на пациентите, овој процес осигурува дека кога пациентот ќе легне на масата, акцелераторот ќе ја испорача точно онаа доза која е препишана од лекарите, без отстапувања.

И сега вие сите таму вработени, поради ФБ фотографирање на групно селфие, ги злоупотребувате овие софистицирани апарати кои живот значат за онколошките пациенти, како да ви е забавен парк со играчки, Бога да чува, па после се распуваат апаратите, скапи делови и слично, да бидат работите појасни ги постирав овие фотографии јавно поставени на ФБ, да се превземат мерки и почитуваат протоколите за чување и одговорност кон овие софистицирани апарати!
 
Последно уредено:
Се наредиле сите доктори како Министри за здравство и сите „признале“, но сеуште тераат политика со исти зборови,


-Дали решиле барем делимично проблемите на онкологија од 2022 година?
Не!

- Дали е внесена КАТО програмата (систем што не дозволува манипулација и злоупотреба на онколошки и биолошки лекови?
Не!

- Дали продолжуваат со групно фотографирање по болничките оддели и поставување на ФБ? дали така се оштетуваат софистицираните апарати кога 5 задници од вработени седнуваат на осетлива терапевтска маса за еден пациент?
ДА!

577836736_122144339012888948_2420204217032025420_n.jpg720361604_122179847090888948_6685273133363918805_n.jpg523123325_122123118998888948_6159052565711311043_n.jpg

- Дали одговара некој за вакво седнување на софистицирани осетливи терапевтски маси со што со расипување на механизмот цел акцелератор нема да работа?
НЕ!

- Дали ваква појава има и во други светски онколошки центри?
и Да и НЕ! зависи од нивото на едуцираност на медицинскиот кадар околу тоа како работаат овие скапи асцелератори и од протоколите на болницата доколку се почитуваат, еве за утеха неколку застрашувачки фотографии за непочитување на акцелераторот поради групна фотографија и тоа во ЕУ, на жалост не сме единствени, но по сиромаштија да купуваме други акцелератори сме единствени!

v2-66e25f97452dc7d6a27878f70c31f9cc_720w.jpg

...португалски имигранти како голем здравствен бенефит вработени во онколошкки центри испоседнати на терапевтска осетлива маса дизајнирана за само еден пациент!!


riparata-la-tac-a-cantu-emergenza-finita-in-radiologia_87b6249a-dedf-11e8-81d7-b34f09bc7be1_51...jpg

Болница „Сант'Антонио Абате“ во Канту (Ospedale di Cantù), гратче во италијанската провинција Комо, апаратот е нов КТ скенер од моделот Toshiba/Canon Aquilion Lightning, поради групно селфие, група на медицински лица испоседнати на терапевтска софистицирана терапевтска маса исклучиво геометриски дизајнирана само за еден пациент!

... сликата е направена за време на свеченото пуштање во употреба на новиот апарат, опремата била купена со помош на донации од локалната заедница, па вработените од одделот за радиологија сакале да направат „заедничка празнична фотографија“ за медиумите, штом локалните медиуми во Комо ја објавија оваа слика, италијанската јавност и стручните медицински здруженија реагираа и јавно осудена како недопустлив пример за непрофесионализам.

... стручната јавност во Италија веднаш алармираше дека терапевтската маса е прецизен и скап инструмент со микро-сензори за позиционирање, концентрираната тежина на шест лица кои седат на неа може сериозно да ја наруши калибрацијата на апаратот, што подоцна може да влијае на точноста на дијагностиката кај пациентите, кај нас кој реагира на фотографиите во нашиот онколошки центар?
 
Последно уредено:
Се наредиле сите доктори како Министри за здравство и сите „признале“, но сеуште тераат политика со исти зборови,


-Дали решиле барем делимично проблемите на онкологија од 2022 година?
Не!

- Дали е внесена КАТО програмата (систем што не дозволува манипулација и злоупотреба на онколошки и биолошки лекови?
Не!

- Дали продолжуваат со групно фотографирање по болничките оддели и поставување на ФБ? дали така се оштетуваат софистицираните апарати кога 5 задници од вработени седнуваат на осетлива терапевтска маса за еден пациент?
ДА!

Прегледај го приврзокот 485132Прегледај го приврзокот 485133Прегледај го приврзокот 485134

- Дали одговара некој за вакво седнување на софистицирани осетливи терапевтски маси со што со расипување на механизмот цел акцелератор нема да работа?
НЕ!

- Дали ваква појава има и во други светски онколошки центри?
и Да и НЕ! зависи од нивото на едуцираност на медицинскиот кадар околу тоа како работаат овие скапи асцелератори и од протоколите на болницата доколку се почитуваат, еве за утеха неколку застрашувачки фотографии за непочитување на акцелераторот поради групна фотографија и тоа во ЕУ, на жалост не сме единствени, но по сиромаштија да купуваме други акцелератори сме единствени!

Прегледај го приврзокот 485138

...португалски имигранти како голем здравствен бенефит вработени во онколошкки центри испоседнати на терапевтска осетлива маса дизајнирана за само еден пациент!!


Прегледај го приврзокот 485139

Болница „Сант'Антонио Абате“ во Канту (Ospedale di Cantù), гратче во италијанската провинција Комо, апаратот е нов КТ скенер од моделот Toshiba/Canon Aquilion Lightning, поради групно селфие, група на медицински лица испоседнати на терапевтска софистицирана терапевтска маса исклучиво геометриски дизајнирана само за еден пациент!

... сликата е направена за време на свеченото пуштање во употреба на новиот апарат, опремата била купена со помош на донации од локалната заедница, па вработените од одделот за радиологија сакале да направат „заедничка празнична фотографија“ за медиумите, штом локалните медиуми во Комо ја објавија оваа слика, италијанската јавност и стручните медицински здруженија реагираа и јавно осудена како недопустлив пример за непрофесионализам.

... стручната јавност во Италија веднаш алармираше дека терапевтската маса е прецизен и скап инструмент со микро-сензори за позиционирање, концентрираната тежина на шест лица кои седат на неа може сериозно да ја наруши калибрацијата на апаратот, што подоцна може да влијае на точноста на дијагностиката кај пациентите, кај нас кој реагира на фотографиите во нашиот онколошки центар?
И ти јадеше радиоактивна чоколада со осиримашен ураниум па никожу ништо. :icon_mrgr:
 
 
Back
На врв Bottom