John Butler (Trio)

Forrest Gump

низа1
Член од
12 ноември 2009
Мислења
7.038
Поени од реакции
29.616
Бог е на земјата. Вистина е!



John Butler не е само млад, мултиталентиран музичар, гитарски виртоуз и „раџачу ти дјецу као колачиче“ мен. Он е најголемиот од кенгурите со незауздана потреба за слобода! Малу Битлси, малу Хендрикс, тук там по некој цитат од Цепелин. Мрази големи корпорации, ја има почувствувано улицата како своја сцена, репродуцира звук шо најблиско би се опишал ко стружење од врвовите на афион биче - момент.

Прв пат заплакал во 1975 година во Калифорнија. Мајка му Јенки, татко му од Острелија. Го именувале по неговиот дедо, шумски работник, кој загинал во далечната 1952г. гасејќи пожар. Тоа му е првата конекција со неговиот дедо и трасирање на неговиот понатамошен животен пат.



Со 11г. ја напушта Америката, а со веќе наполнети 16 години почнува да свири на дедовата гитара од 1930 година која ја добил на поклон од грандмадер. Всушност, таа била легитимно наследство на некој од дедините деца (ака чичковци), но бидејќи никој не пројавил интерес за неа, гитарата станува неговото најголемо богатство.

Во 1996 година тргнува на колеџ во Перт за да стане професор по уметност, но таму успеал да совлада посебна техника на свирење гитара „open finger tuning“ која му овозможила додирнујење со келтската и индиска музика, што посебно доаѓа до израз на „Bound To Ramble", „Mist" и „Damned To Hell" каде всушност ја потврдува својата виртоузност, талент и генијалност. На повеќето песни каде има електрични гитари користи и „bottle neck" техника на свирење, при што немилосрдно се мува со идеалното.



Триото некогаш го сочинуваа John Butler на гитарче, Shannon Birchall - бас, контрабас и Michael Barker на тапани. Сега триото му се состои од он самиот на гитарче, Byron Luiters на бас и контрабас и Grant Gerathy на тапани.

Студиски албуми:

John Butler (1998)
Three (2001)
Sunrise Over Sea (2004)
Grand National (2007)
April Uprising (2010)
Flesh & Blood (2014)

Live албуми:

Living 2001-2002 (2003)
Live at St. Gallen (2005)
Live At Red Rocks (2011)

Ако некогаш сте се обиделе да дефинирате совршенство, тогаш веројатно резулатот ви бил:





 
Член од
15 септември 2012
Мислења
112
Поени од реакции
123
Еден од ретко вредните артисти кој создава музика во овој век. :)
 

Anne.

~ Happiness In Slavery.
Член од
4 декември 2009
Мислења
4.602
Поени од реакции
10.275
Се дур си го имаме Форест, не треба да се плашиме дека нема да иаме што да слушаме. :X3:
Одма симнувам се што ќе можам да најдам. :)
п.с. убаи нокти :love::D
 

Kajgana Shop

На врв Bottom