Jethro Tull

Коловрт

Озимандија
Член од
12 април 2010
Мислења
4.015
Поени од реакции
9.164

Jethro Tull

Jethro Tull е британска музичка група, жанровски грубо сместена под капата прогресивен рок, која претставува уникатен феномен во историјата на популарна музика. Со оглед на тоа кој сѐ нема своја тема на подфорумот, мислам дека и Џетро Тал заслужуваат своја.

Ептен како за почеток, Џетро Тал не е името на хипикот во преден план на сликата подолу. Тоа е фронтменот Ian Anderson. Џетро Тал е името на цела група, не е соло изведувач. Многу се нервирам кога некој мисли така.


Формирани се негде во средината на шеесеттите како блуз-соул бенд. Настапувале под повеќе различни имиња, бидејќи биле толку бедни што никој не би им отишол на две свирки по ред. Тоа сѐ ќе се смени кога фронтменот Anderson, исфрустриран од фактот дека никогаш нема да биде гитарист добар колку Хендрикс и компанија, почнал да учи да свири флејта. Од ’67 се задржуваат на името Jethro Tull, по изумителот на механичката сејалка, колку и без врска да звучи, и брзо го привлекуваат вниманието на себе пред сѐ поради појавата на фронтменот „облечен како питач кој свири на флејта дури одржува рамнотежа на една нога“.


Првиот албум This Was го издаваат во ’68 во правец опишан како „прогресив блуз со троа џез“. Во основа се работи за истата музика што ја свиреле по лондонските локали. Во наредните два албума Stand Up (1969) и Benefit (1970) ќе се оформи препознатливиот звук на Џетро Тал, со вметнување повеќе џез, но пред сѐ народни елементи. Тука Андерсон се издвојува како песнописец и ќе стане мозокот на бендот. И тука ќе ја напише Hotel California без да знае, ама Eagles кои тогаш им биле предгрупа знаеле.

Најголемо внимание привлекуваат со Aqualung (1971) и препознатливиот риф на насловната песна. Во екот на прогресив рокот ова бил оценет како уште еден концептуален албум. За инат, групата следната година го издава Thick as a Brick, „мајката на сите концептуални албуми“, со непрекината музика во сите можни тактови и скали, надреални стихови напишани од измислено 12-годишно дете и весник како омот. Весник! Измислен, од измислен град со измислени вести на 24 страници напишани од членовите на бендот (тие галиба не се измислени).

Следните неколку години продолжуваат со слични концепти (Minstrel in the Gallery, Too Old to Rock 'n' Roll: Too Young to Die!...), но кон крајот на ’70-те постепено преминуваат повеќе кон фолкот (Heavy Horses, Stormwatch...). Експериметираат малку и со електрониката (’80-тите, нели...), но со се враќаат кон изворниот звук со Crest of a Knave (’87). За албумов ќе добијат и Греми, во категоријата Hard Rock/Metal изведувач во конкуренција на Metallica, AC/DC и Iggy Pop, што ќе дигне многу прашина. Но сепак, флејтата е heavy metal инструмент, нели?

 
П

Пе Џо

Гостин
Браво браво, добар вовед, фала за силуетата од Иан, ако некад сакам поголеми муда ќе си ја истетовирам, страва од чоек.
Кратко време ми беа на плејлиста, и од опусот иам преслушано само Aqualung, Thick As A Brick, и Heavy Horses.
Како и да е, еден од покарактеристичните и попрепознатливите артисти во Прог-рок жанрот/ерата. И кога би ја извадил флејтата би останал на Андерсон jolly баритон/тенорот, и одличните поетички вештини со добра комбинација на епика и лирика и одличен delivery (ораториски однос спрема публика) во текстовите.
Браво за темата, ме чуди што е отворена во 2015та година.


:anco: - Вака најверојатно изгледа Aqualung.
 
Член од
11 октомври 2010
Мислења
1.942
Поени од реакции
1.750
Locomotive Breath :love:

Ама како Cross Eyed Mary што ми влегла во уво од прво слушање сеуште не сум нашол песна. :pipi:

Jethro Tull почнав да ги слушам некаде 2-ра средно откако еден пријател беше кај мене и си заборави едно dvd со музика и не издржав да проверам што има на дискот :icon_mrgr:
 

Коловрт

Озимандија
Член од
12 април 2010
Мислења
4.015
Поени од реакции
9.164
Мислам дека една од првите песни што сум ги чул, покрај класиците нели Акваланг, Локомотив и сл. беше оваа:

Jethro Tull - Beside Myself

Доцен Тал, ’90 и некоја. Многу ми се чу јака на првото слушање и да не беше таа можеби и немаше толку да се заразам со бендов.
 

Scirea

ZARDOZ
Член од
4 август 2010
Мислења
26.568
Поени од реакции
81.076
Едни и единствени... Луѓево како да излегле од Нотингемската Шума во средниот век, и успеале некако да ги поврзат Англискиот фолклор со класичниот рок зачинет со блуз. Е тоа се Џетро Тул. На Јутуб има цел концерт од нив, и го гледам Иан, и неможам да поверувам како скока на сцена, колку ли само енергија има(л) човекот.

Видете го... Thick As A Brick


И се разбира, во живо настапот на Аквалонг.... ова видео често одеше на Рок Кафе на МС Телевизија, кај Влатче :coffee:


За да го доволиш вистинскиот амбиент на слушање на нивните песни, треба на ушите да ставиш слушалки, и да го почуствуваш секој сегмент од нивната музика :angel:
 
Последно уредено:

Andrew

ќ
Член од
27 октомври 2011
Мислења
5.832
Поени од реакции
15.261
Jethro Tull - Nothing is Easy

Тука имат јаки гитари.

Jethro Tull - Bouree

Оваа ми е ногу празнична, божиќна, со тоа кавалчето.

Интересни ми се. Имаат интересна музика. Фронтменот е закон човече, шират некоја позитива и се баш оној првичниот експериментален прогресив шо е уствари најјак.

A воведот, :cuc:.
 

Коловрт

Озимандија
Член од
12 април 2010
Мислења
4.015
Поени од реакции
9.164
Џетро Тал момент на денот:
Гледав сега на 24Кitchen, фронтменот на Queens of the Stone Age, со уште некои батки таму, поставија плоча од Tull како мета за стрелање. И стрелаа на неа со лак, да! Рекоа било одмазда за гремито за најдобар heavy metal изведувач. :pos:[DOUBLEPOST=1420587050][/DOUBLEPOST]Еве ги! :D
 
Последно уредено:

AniMagus

ペルソナ
Член од
20 октомври 2012
Мислења
1.161
Поени од реакции
4.292
Го дознав бендов одамна, благодарение на татко ми.
Се сеќавам, одевме со кола накај Црна Гора, 15 часа патување, се досадувавме со сестра ми, пуштаме радио - ништо немаше добро, и од негде татко ми извади касети од Jethro Tull и ги пушти да свират. Уште од самиот почеток ми се допаднаа. Вокалите на Иан, солата, флејтата... убавини! Колку беше подобар патот потоа. (y)

Сè уште дома чуваме цедиња, касети, па дури и плочи од нив. :cool:

Албумот Broadsword and the Beast ми е омилен. :love:
 

AceCaleb

Деспот на Адот
Член од
31 декември 2007
Мислења
5.814
Поени од реакции
10.946
Џетро Тал момент на денот:
Гледав сега на 24Кitchen, фронтменот на Queens of the Stone Age, со уште некои батки таму, поставија плоча од Tull како мета за стрелање. И стрелаа на неа со лак, да! Рекоа било одмазда за гремито за најдобар heavy metal изведувач. :pos:[DOUBLEPOST=1420587050][/DOUBLEPOST]Еве ги! :D
И Justice for all од Металика во 1988ма ја има изгубено наградата за најдобро хард рок/метал издание од некој албум на Џетро :)[DOUBLEPOST=1420807244][/DOUBLEPOST]Едит.
Го гледав видеото, токму за тоа Греми е одмаздава :)[DOUBLEPOST=1420807688][/DOUBLEPOST]Ај уште еден едит.
Веќе си спомнал за ова во воедниот пост де, али мрзи за читање :D
 
Последно уредено:

Коловрт

Озимандија
Член од
12 април 2010
Мислења
4.015
Поени од реакции
9.164
И Justice for all од Металика во 1988ма ја има изгубено наградата за најдобро хард рок/метал издание од некој албум на Џетро :)
Го гледав видеото, токму за тоа Греми е одмаздава :)
Па таа е таа случка. Овие на видеото само ја згрешија годината. А богами и албумот. Сељаци! :D
 

КвикСилвер

Модератор
Член од
28 март 2010
Мислења
4.544
Поени од реакции
5.855
Изгледа сите ги знаеме по татковците :pos:. Исто и јас. Многу често еден пријател на татко ми знае да засвири нешто од Ти Рекс и Џентро. Од таму ги знам. Знам дека татко ми ги обожава, пред 2-3 години ме тераше да му пуштам песни од Џентро на јутуб. Од таму и ги знам. :D
 

Коловрт

Озимандија
Член од
12 април 2010
Мислења
4.015
Поени од реакции
9.164
Во филмот Anchorman: The Legend of Ron Burgundy, главниот лик, игран од Вил Фарел, свири џез на флејта во еден локал. Целиот негов настап е еден вид на пародија на сценските настапи на Ијан Андерсон. На крај дури и го отсвирува познатиот риф извикувајќи „Hey Aqualung!“, што е дирекна референца кон Jethro Tull. Интересно, Aqualung е една од ретките песни на Jethro Tull кадешто нема флејта.

(Бидејќи не е ова песна може и вака со цело видео)
 

Kajgana Shop

На врв Bottom