JeepMkd
Scratch model builder
- Член од
- 25 јуни 2008
- Мислења
- 1.576
- Поени од реакции
- 468
Еве и една тема за најстариот производител на теренци во светот - Jeep. Приказната започнува со армискиот Jeep Willys MB а традицијата продолжува и денес преку Compass, Patriot, Commander и секако, Wrangler. Ме интересира дали некој од форумџиите поседува возило на Jeep, може слободно да стави слики, да продискутираме и заедно да решиме некој проблем. Ме интересира каде и на каков терен возите и дали до сега сте се нашле пред непреодна препрека (нешто што мене ми се нема случено).
Ако некој има друг џип (ланд ровер, тојота, мицубиши, нисан, мерцедес, уаз, лада) може слободно да стави слики но под услов да каже и кој Jeep би сакал да го има.:smir:
Секако, и сите останати членови се добредојдени на дискусија.
Првиот џип на сите времиња.
Нешто што јас лично би сакал да го поседувам е ова (не знам колку пати веќе пишувам) CJ 7
Не дека не ги признавам останатите теренци (ЏИПОВИ) , но за мене Jeep секогаш ќе биде на прво место.
О|||||||O True Jeeper