Јавни претпријатија во Македонија- Општа дискусија

  • Креатор на темата Креатор на темата PloTwist
  • Време на започнување Време на започнување
Тендерот за чистење на снег им припаднл на 2-3 приватни компании.Па која е потребата од постоењето на Македонија Пат?Зошто тие пари шо ќе им ги платат на приватните компании не ги употребиле за купување на механизација?Абе до кога со вакви финти во проклетово Арамиско Гнездо?
 
Мене најкриво ми е за ова претпријатие затоа што секојдневно ги користам нивните услуги. Месечниот билет е 1.400 ден, можам да се возам неограничено. Линијата дома-работа-дома ми е погодена во однос на тоа дека станиците се речиси почетни односно ретко кога има гужва (плодот ми е тоа слободно време кое го коритам за читање, слушање музика, гледање филм/серија или нервирање некого на форумов). Исклучок некогаш се пензионерските денови, ама за нив треба временско ограничување. Нека се возат кога надвор од почетокот и крајот на работното време.

Не мора и они тогаш, со торбите, да се туркаат и вработените да пропуштаат автобуси затоа што овие решиле дека мораат да одат на пазар. Го знам и аргументот за МојТермин, ама баш сите одат тоа време...

Во економската теорија нема бесплатен оброк, пензионерите не се возат бесплатно, некој тоа го плаќа. Изгубениот доход може единствено да се пресмета врз база на валидизација на овие билети. Во спротивно, тоа што викаш, линијата ќе помине, независно дали автобусот е полн или празен. Кој го губи доходот? ЈСП. :)
Во иста положба сум и јас, го користам ЈСП секојдневно за секаде и не е забавно да се чека 30 минути автобус на -5 степени ниту на +30. Кога ќе дојде обично е преполн, се распаѓа и смрди* па како на човек да не му пукне филм и почнува со автомобил да си брка обврски.

Пензионерите имаат нивна карта која мислам дека кошта 300 денари и со која можат да се возат кога ќе посакаат но голем број не сакаат денар да дадат па едвај чекаат да им дојде "денот" и да се напикаат со се торби, кромиди, лукови... За студентите и учениците ајде имам разбирање сепак нели иднина на државата, не заработуваат свои пари бла бла ама па зошто да не плаќаат карта макар и симболична сума ако не за секој ден барем за викенди или преку лето те периоди кога не одат во училиште? За албанците што карта или сметка за вода немаат платено во живот па е сосема нова тема. Сарај кога се приклучи неодамна решението не беше да им се наплаќа на паразитите туку нас ни ги зголемија сметките за вода.

Но ова барање се да е ефтино или ако може бесплатно е присутно и во други сфери како на пример ФЗО што сега по повеќе од 10 години ги зголеми цените за специјалистички прегледи од 40 на 60 денари и настана анархија, значи за цигари - одвратна навика која нема никаква позитива - може да се спичкаат по 3000 денари во месец ко од шала ама лелеле како тоа ќе се дадат 60 денари за пример интернистички преглед. Нема бесплатно ништо но повеќето уште сонуваат за СФРЈ и митовите од тогаш како се било беспари и се функционирало беспрекорно. Во ред можеби и било така, роден сум по распадот, но времињата се сменети, неиздржливи се овие социјални програми.

*Да не биде дека мрчам цело време ама луѓе бањајте се бе да му ебам мајката како не ви е срам да смрдите на мочки и пот?

Тендерот за чистење на снег им припаднл на 2-3 приватни компании.Па која е потребата од постоењето на Македонија Пат?Зошто тие пари шо ќе им ги платат на приватните компании не ги употребиле за купување на механизација?Абе до кога со вакви финти во проклетово Арамиско Гнездо?
Тоа е исто посебна приказна кога се најмуваат трети страни за работи кои државата е сосема способна да ги обавува. На пример користење агенција за вработуавање, приватни компании за обезбедување јавни објекти итн, само парите да се украдат, да се спичкаат на јадење и пиење е сега што само во Македонија се умира од заб јебига тоа е.
 
И јас сум За неколку долги линии кои ќе одат низ целиот град, од Ѓорче до Бутел, или од Кисела Вода до Бутел, или од Гази Баба до Ѓорче. Нека бидат ретки, ама нека постојат.

Проблем се и депониите. Во овој момент го имаме Вардариште, кое претставува еколошка закана, имаме неколку диви депонии, во Гази Баба, Бутел и Ѓорче, односно на периферните области во овие општини плус "Беласица", а ја имаме и Дрисла.

Секаде во светот од ѓубрето се прават пари, само ние прелеваме буџетски средства од ова претпријатие. Претпријатие, само по себе, нема финансиски средства да се модернизира, да има систем за селекција и преработка на отпадот. Отпадот се закопува и се чека истиот да се разгради. Со ова ем се загадува животната средина, ем се губат ресурси. Можеби требаат стимулативни мерки за населението да рециклира. Пишував, во Словенија ти враќаат 25 центи за секое пластично шише. Може нешто слично и ние да направиме, пред се од стимулативен карактер. Пластичните контејнери за рециклирање не дадоа со плод. Металните поставени за селекција на отпадот одамна ги нема. Ние ја гледаме Словенија како функционира, но како граѓани не сакаме да вложиме личен напор да дојдеме до тој степен на управување.

Плус, една мерка за решавање на проблемот со сметот се подземните контејнери, а такви има низ градов. На ништо не личи ѓубре на секој чекор. Сликата на градот не е убава.
 
Во иста положба сум и јас, го користам ЈСП секојдневно за секаде и не е забавно да се чека 30 минути автобус на -5 степени ниту на +30. Кога ќе дојде обично е преполн, се распаѓа и смрди* па како на човек да не му пукне филм и почнува со автомобил да си брка обврски.

Пензионерите имаат нивна карта која мислам дека кошта 300 денари и со која можат да се возат кога ќе посакаат но голем број не сакаат денар да дадат па едвај чекаат да им дојде "денот" и да се напикаат со се торби, кромиди, лукови... За студентите и учениците ајде имам разбирање сепак нели иднина на државата, не заработуваат свои пари бла бла ама па зошто да не плаќаат карта макар и симболична сума ако не за секој ден барем за викенди или преку лето те периоди кога не одат во училиште? За албанците што карта или сметка за вода немаат платено во живот па е сосема нова тема. Сарај кога се приклучи неодамна решението не беше да им се наплаќа на паразитите туку нас ни ги зголемија сметките за вода.

Но ова барање се да е ефтино или ако може бесплатно е присутно и во други сфери како на пример ФЗО што сега по повеќе од 10 години ги зголеми цените за специјалистички прегледи од 40 на 60 денари и настана анархија, значи за цигари - одвратна навика која нема никаква позитива - може да се спичкаат по 3000 денари во месец ко од шала ама лелеле како тоа ќе се дадат 60 денари за пример интернистички преглед. Нема бесплатно ништо но повеќето уште сонуваат за СФРЈ и митовите од тогаш како се било беспари и се функционирало беспрекорно. Во ред можеби и било така, роден сум по распадот, но времињата се сменети, неиздржливи се овие социјални програми.

*Да не биде дека мрчам цело време ама луѓе бањајте се бе да му ебам мајката како не ви е срам да смрдите на мочки и пот?

Тоа е исто посебна приказна кога се најмуваат трети страни за работи кои државата е сосема способна да ги обавува. На пример користење агенција за вработуавање, приватни компании за обезбедување јавни објекти итн, само парите да се украдат, да се спичкаат на јадење и пиење е сега што само во Македонија се умира од заб јебига тоа е.
Затоа и ја отворив темава, знам дека имам интерес, има серија на критики, но недостасуваат мерки и препораки на санација на јавниот сектор.

Никогаш не сум имал против студентите и учениците да се возат бесплатно, сум бил студент, сум ги користел овие плодови. Критиката ми беше кон министерството за образование кое редовно не ги сервисира долговите кон ЈСП.

Имам океј примања, финансиите за превоз со кола не ми се проблем, причината поради која го користам јавниот превоз е тоа слободно време, поради тоа и ништо повеќе. Имам неколку клучки во мојата дестинација, каде секој ден се заглавува. Некој друг нека се нервира, ќе ми помине времето со некое филмче или книга.

Дефинитивно има превработеност, дефинитивно треба да се вклучи мобилноста на работна сила. Нема потреба од голема администрација кога фокусот ти е давање на јавна услуга. Колку луѓе отпушти администрацијата на Орце првата недела? Преку 500.

Се бањаме, бе. :icon_mrgr:
 
@Macka12345 , дали го најде ревизорскиот извештај за КХС? Дали го читна/разгледа годишниот финансиски извештај (за 2024 г., рано е за 2025 г.)? Ме интересира и економско гледиште на проблемот. Нешто што ти паднало во очи, било што.

Еве и јас малку да симплифирам. Јавните претпријатија имаат неколку извори на финансисрање, но делумно се финансираат од буџетот на Град Скопје. Оттука имаат финансиски примања по две стапки, по Програма односно по договор и потешкотии при работењето. За ова (по договор) фактурираат од Градот Скопје. По фактурите, каде што ги бараат средствата по договорот, плаќаат 18% ДДВ! Океј, има пребивање влезно-излезно ДДВ, но нема да навлегувам во економско теоретизирање. Така, ако имаат, пример, лупам, 100 милиони денари по договор, имаат чисти 82 милиони и 18 милиони плаќаат како ДДВ, на што, ако задоцнат, плаќаат и камата. Овие средства како влегуваат, така излегуваат.

Максим имаше убава идеја, јавните претпријатија да бидат ослободени од овој ДДВ или средствата целосно да им бидат за потешкотии од работењето, за што не се плаќа ДДВ. Овој приказ на реалноста никаде не се прикажува. Мислам дека овие нивни чисти приходи ќе ја подобрат финансиската слика и ќе го олеснат работењето.
 
Го немам прочитано.
Ќе отворам сега не ми е проблем.
Па ќе се вратам да позбориме. На ЈСП го имам читано и на Луна.
Автоматски споено мислење:

Го нема. Сајтот на ДЗР е хаос. Не ни има редовно апдејти за секое претпријатие. И претходно го имам барано за КХС.

А ова што го најдов е од 2016..
и баш ме занима зошто ангажирале тогаш куќа од Прилеп за да ревидира претпријатие во Скопје:).
1767713966597.png

За да шибаат уште трошоци, затоа.
 
Последно уредено:
ЈСП знам. Имаат и на ДЗР. А КХС, нема ни на нивниот сајт, ни на сајтот на ДЗР, нити кога гуглам.
Еве ЈП Патишта и улици, исто имаат на вебсајтот.
Секое претпријатие е задолжено во делот ,,Инфо за јавен карактер'' да стави ревидирани извештаи, дали од ДЗР или од екстерен ревизор.
До лани на повеќето им беше една приватна компанија, ги чешлаа убаво. Сите праат превари со договорци, се фрлаат пари на непостоечки договори, нереални трошоци, лажирање патни трошоци, фиктивни трошоци.
За ЈСП какви мислења има, а на ТВ лажат ќе купувале електрични автобуси. Таму наод до наод.
Баш го цепкав мислам во темата за ЈСП.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom