Јавни претпријатија во Македонија- Општа дискусија

  • Креатор на темата Креатор на темата PloTwist
  • Време на започнување Време на започнување

PloTwist

...
Член од
24 октомври 2013
Мислења
12.470
Поени од реакции
27.813
Еден од најголемите предизвици на секој поединечен градоначалник е справување со работењето и финансиската состојба на јавните претпријатија. Истите се соочуваат со долга историја на лошо управување, лош менаџмент, политизација, што резултирање со длабоки долгови и континуирани блокирани сметки. Најголемиот дел од нашите јавни претпријатија се во црвен, негативен баланс. Амортизирачки момент е тоа што истите треба да даваат одредена јавна услуга, а не да акумулираат профит. Под капата на Град Скопје има 8 јавни претпријатија, сите во различен домен на работење.

Најголемото прашање на последните локални избори во Скопје беше справувањето со отпадот, односно работењето на Колунална хигиена Скопје. Оттука произлезе акцијата “72 часа“ со која започна функцијата на акциелниот градоначалник на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски. Како резултат пасивното работење на претпријатието, против поранешниот дикретор беше поднесена кривична пријава поради загрозување на животната средина и злоупотреба на службената положба.

Сериозни критики трпи и ЈСП (јавното сообраќајно претпријатие) поради нередовноста на автобусите односно доследното непридржување на возниот ред. Истите се соочуваат со недостаток на автобуси, како и недостаток на возачи. Јавноста беше потресена кога за краток временски период се запалија неколку автобуси во движење. Треба да се потенцира и фактот дека билетот не флуктуира многу последниве 20 години, односно се движи помеѓу 30-40 денари а притоа и платите и горивото диспропорционално се покачија во однос на цената на картата за една употреба.

Секако, има и државни јавни претпријатија, темата е општа, ќе ги опфати и нив. Темава ја отворам поради тоа што во темата „Загадување на воздухот“ беше зачната, имаше извесен интерес, а не гледам да постои соодветна на форумот. Целта не е плукање по јавниот сектор, туку критичко размислување, предложување на идеи и да се најдат излезни решенија од посочениот проблем. И секако, со оглед на тоа дека не сум запознаен со локалните претпријатија во останатите градови од државава, може да се споделат и други искуства.

Дали јавните претпријатија ја оправуваат својата улога и функција? Дали сте задоволни од услугата која ја даваат? Дали треба, сегментално, обемот кој е делегиран на јавните претпријатија да се приватизира со цел да има конкуренција на пазарот? Дали треба да се зголеми таксата/цената која ја плаќаат граѓаните со цел да се подобри финансиската слика на претпријатијата, а со тоа и да се подобри нивната услуга? Дали има политика на спас на јавните претпријатија? Дали градот има доволен политички авторитет и доволно финансиски средства да биде сервис на граѓаните?
 
Па скоро секој директор позицијата ја гледа како богатење и затоа пропадаат јавните претпријатија.Но да не се лажеме дека крадат само директорите крадат буквално сите од лицата задолжени за јавни набавки па до магацинери шофери на механизациа инкасатори и контролори на пазари.Имаше скоро случај како намерно затајувале наплата на блиски лица и фирми за да застари делото и да им се опростат долговите.Стотици илјади евра штета е направено ан тој начин.Исто така преку нив се пумпаат пари и услуги во секоја кампања.Никој не работи одговорно штом е на сметка на фирма се јаде и пие најсакпо и се земаат строго ајфони.Арно и функционираат.Решение е само поднесување кривични пријави и сите да одговараат од чувар до директор.Ама со институции и судство како нашето тешко.А и таму каде што некој ќе пријави ако е жена ќе дојде инспектор од финансова да и се пушта прво како демек вршел услуга на неа лично не на фирмата и не на институцијата што го плаќа а ако е маж ќе бара подароци ручеци итн.Полицајци и инспектори манијаци и коцкари.Затоа сме каде што сме.
 
Последно уредено:
Дефинитивно постои општо незадоволство, па и широка недоверба во работењето на јавните претпријатија. Од една страна се плаќа за одредената услуга (комуналии т.е. ѓубретарина, осветлување, одржување на јавно зеленило, вода), од од друга страна нередовно се добива посакуваната услуга.

Пишував, пред неколку години, за нашата улица. Секоја втора сијалица, од уличното осветлување, не работеше. Едно време имплементираа некои чудни мерки, струјата се гаснеше, мислам, после 1 часот по полноќ. Дали ми скратија од сметката? Ноуп.

Друг проблем е тоа што, ЈП, имаат ограничени извори на финансирање. Или тоа е исклучиво од буџетот на градот, или комбинирано, и преку сметки, а имаат сериозен проблем со наплатата на средствата.

Водовод се жалеше дека со децении цената за кубик вода е идентична, а регулаторна не сака да ја зголеми поради непопуларните политики. Чинам пред некој месец се зголеми за некои 3 денари. Најнизок степен на наплата имаат од Чаир, Шуто Оризари и Сарај. Сериозен проблем, кој би сакал да го потенцирам, е количеството на загуба на вода.

Министерството за образование има активен долг кон ЈСП, кој поради несогласувањето помеѓу централната и локалната власт, не сакаше да го сервисира. Одамна имаат и некој тренд на рекламирање, автобусите станаа подвижни рекламни паноа.

Основната задача на општината односно на градот се обезбедување пивка вода, одржување на јавната чистота и јавниот превоз. Ако една општина односно град не може да ги сервисира овие три елементарни услуги, тогаш треба сериозна реорганизација на локалните (административни) единици.
 
Последно уредено:
нужно зло ти се овие претпријатија. Краде кој ќе стигне, но мора да ги имаш. И овде, и низ светот, не верувам да е приказната многу поинаква.
 
Кај нас ЈП може да се реименуваат во Партиски Претпријатија.
И врапците знаат како се влага во државна служба кај нас. Не служиш на државата и народот, него на партијата и нејзините интереси.
Најосновни работи не функционираат, КХС не постои, ЈСП исто, Паркови и зеленила се перална на пари такоџе, претпријатието Луна исто, што си протестира така на 3-4 месеци, а со договорци се расфрлаат. Епа да.
ДЗР си спие. Продадени души и тие. Ќе речеш колеги, независна проценка, објективност. Наоди за секое претпријатие, де од државни ревизори, де од приватни, закочен главен град и општини во и надвор од него. Битно треба да зборуваме за убави работи. И да се веселиме.
 
Да се приватни со 1/3 од моменталниот број на вработени ќе функционираат, подобра услуга на граѓаните ќе даваат, и многу подобри плати ќе зимаат. Вака пикаат само еден куп неспособни партиски ботови и нормално јавното претпријатие секогаш ќе биде во загуба

Плус е тоа што оние што се навистина квалитетни профи од таму си заминуваат, мора да се „солидарни“ да делат плата со неспособните
 
На гугл срч е линк до аи извештај за љубљански комуналец.

Љубљана, еден од најзелените градови во свет, јп за чистоќа последните години има нето пораст и вк пораст на средства.
Не сите градови одат со профит ама бар се чисти.

Башка главни фактори сдс, дпне и дуи-пдп по секои избори мора да си го наградат членството ем да си лапнат тендери.
 
Баш сега видов, нивниво јп за водовод и канализација има 850 вработени а кај нас водовод и канализација скоро 1400 вработени

Јавното претпријатие за транспрот кај нив околу 900 вработени кај нас 1300+

За квалитетот на услугите таму и тука ич да не споредуваме
 
Цел систем е дизајниран да биде нефункционален бидејќи така се останува на власт а рајата не гледа подалеку од нос па затоа од една страна комшијата ќе лепи плакати и аплаудира на сите луди изјави на лидерот со цел да го бутнат синот во МВР или ЕСМ а од друга страна пцуе по социјални мрежи како нема автобуси и како нема термини за операција. Епа другар ко ти што си го пикнал синот таму така некој друг го пикнал ваму и резултатот е тој што е.

Од директор до хигиеничар е примен преку партија и врска и затоа не ни може никој да им каже абе оди чисти доста џаболебариш. Како да се реши овој проблем, мислам дека никогаш нема да се реши, евентуално за некоја деценија кога ќе снема кредити и пари и сакаш неќеш ќе мора да кратиш при што овој процес ќе биде многу болен за македонското општество ама па не заслужуваме ништо повеќе од тоа.

Да го занемариме овој мал проблем, треба да се направат промени за кои немаме способни власти промени како на пример редизајнирање на цел систем на функционирање на цели претпријатрија (па и останати системи), сакаме да живееме во 2025 со модели од 1991. Мислам дека цела мрежа на ЈСП треба да се избрише и да се почне одново со нови линии, да се поскапат картите и месечните за автобуси и да се укинат некои слободни денови за пензионерите, мислам дека моментално имаат слободни 4 дена од 7. Ќе речам дека треба да се наплаќаат сметките за вода, струја и комуналии кај автохтоните ама па на народот не му е важно за тоа гледајќи дека гласа континуирано за партии кои немаат со прст мрднато тоа да го сменат.
 
И самите работници се научени да забушаваат.Гледаат да се скријат да не работат да мавнат некое пивце или ракија.
 
Да го занемариме овој мал проблем, треба да се направат промени за кои немаме способни власти промени како на пример редизајнирање на цел систем на функционирање на цели претпријатрија (па и останати системи), сакаме да живееме во 2025 со модели од 1991. Мислам дека цела мрежа на ЈСП треба да се избрише и да се почне одново со нови линии, да се поскапат картите и месечните за автобуси и да се укинат некои слободни денови за пензионерите, мислам дека моментално имаат слободни 4 дена од 7. Ќе речам дека треба да се наплаќаат сметките за вода, струја и комуналии кај автохтоните ама па на народот не му е важно за тоа гледајќи дека гласа континуирано за партии кои немаат со прст мрднато тоа да го сменат.
Пред 20 години, билетот на ЈСП беше 30 или 35 денари. Сега е или 35 хартиен билет или 40 денари преку телефон. Тогаш просечната плата беше 15-16.000 денари, а денес е 45.943. Сега, некој јаде месо, друг јаде леб, заедно јадеме пита со месо.

Цената на горивото, кое оди таму на тендер, ама ние тука одиме со просеци, била 50тина денари по литар. Денес е околу 70 денари по литар.

Тука влегуваат и другите трошоци, сите се покачени, но ова се елементарните, гориво и плата. Ако цената на билетот е симболична, донекаде е и социјална мерка, сите да можат да го користат ова јавно добро, зошто ова претпријатие не стане столбот на рашевање на проблемот со аерозагадувањето? Може да се прелеваат средства и од министерството за јавна администрација, во форма на солидарна мерка, и они бесплатно да го користат. Од министерството за образование, покрај учениците и студентите, и наставниците да го користат. Па и од вашето министерство, и вие да си го користите. Идејата е утопистичка, нема да се реализира, ретко кој дополнително ќе го користи, ама нема биде како мерка за подобрување на состојбата на претпријатието, плус чекор или обид за справување со аерозагадувањето. За ова, постоечкото претпријатие, секако, нема капацитет. Требаат нови линии, нови автобуси. Едно време, во мандатот на минатиот градоначалник, повторно хармониките беа вратени на улица. Немаа делови за двокатните. Користат делови од веќе расипаните автобуси со цел да имаат каков-таков возен парк.

Ова претпријатие не може да си ги сервисира кредитите. Не може тековно да им исплаќа за услугата на приватните превозници, вака поставено ниту е ликвидно, ниту е ефикасно. Во Германија, пример, најголемиот дел од населението користи јавен превоз. Што не спречува нас да го модернизираме ова јавно претпријатие?
 
Се се врти околу партизацијата, како што сите знаеме (освен Мицкоски) во сите јавни установи речиси се е партиски или непотистички влезено, во секое министерство, во секое претпријатије (кои се мини верзија на првите) и се додека не дојде нешто што ќе примора да се направи промена како банкрот на државата, никогаш нема да се смени. Можеме да имаме дискусија кои линии да се воведат, кои да се укинат, какви автобуси да се купат но се е бесполезно бидејќи сето тоа е невозможно да се направи поради овој проблем. Затоа директор не може да му нареди на општ работник да престане со безделничење или пак првиве ждерат бифтеци на државна сметка; нема одговорност и никој никому не може да му заповеда бидејќи сите имаат грб од некого поради што цела држава е нефункционална. Дополнително цело општество е еден организам, не можеме да очекуваме комунална хигиена да одржува хигиена и чистота кога самиот граџанин е наклонет да формира депонии или да рка каде ќе му текне, тука треба образование, казнување дали парично дали со општествена работа...

Но ајде на страна мојот думерски менталитет, сметам дека треба ЈСП да си направи статистика кои линии во кое време се најкористени, каде се качуваат а каде се симнуваат патниците и според овие податоци да ја создаде новата мрежа, некои линии кои немаат оправдување да постојат нека се укинат, подобро да има пример 10 автобуси со број 5 отколку по еден автобус од сите линии и сите да каснат. Понатаму, за студентите одговорен е МОН а за пензионерите ПИОМ колку што знам а исто колку што знам двете институции должат милиони, ова е лудило да мораш да ги услужуваш без да ти плаќаат. Едноставно или нека се укинат целосно или пак нека важат бесплатни карти во некои периоди од денот/неделата.
 
Мене најкриво ми е за ова претпријатие затоа што секојдневно ги користам нивните услуги. Месечниот билет е 1.400 ден, можам да се возам неограничено. Линијата дома-работа-дома ми е погодена во однос на тоа дека станиците се речиси почетни односно ретко кога има гужва (плодот ми е тоа слободно време кое го коритам за читање, слушање музика, гледање филм/серија или нервирање некого на форумов). Исклучок некогаш се пензионерските денови, ама за нив треба временско ограничување. Нека се возат кога надвор од почетокот и крајот на работното време.

Не мора и они тогаш, со торбите, да се туркаат и вработените да пропуштаат автобуси затоа што овие решиле дека мораат да одат на пазар. Го знам и аргументот за МојТермин, ама баш сите одат тоа време...

Во економската теорија нема бесплатен оброк, пензионерите не се возат бесплатно, некој тоа го плаќа. Изгубениот доход може единствено да се пресмета врз база на валидизација на овие билети. Во спротивно, тоа што викаш, линијата ќе помине, независно дали автобусот е полн или празен. Кој го губи доходот? ЈСП. :)
 
Автобуската мрежа во Скопје е замрзната со децении, иако градот драстично се смени. Се изградија нови булевари, населби се проширија, сообраќајните текови се пренасочија, а автобуските линии на ЈСП останаа исти. Исто како да живееме во Скопје од пред 20 - 30 години.

Еве пример за тоа што го зборам е трета македонска бригада. Зошто нема директна линија од Лисиче и Аеродром до Клинички центар преку трета македонска бригада?
Клинички е една од најпосетените дестинации во градот (пациенти, вработени, студенти), булеварот е широк, реконструиран и наменет за поголем проток. Луѓето од овој дел се осудени на седмица и да го кружат цел град и мора да менуваат автобус на рекод, а може тоа лесно да се изведи со нова линија од кај тутунски комбинат. Со една две ретки линии не се решава проблемов. И уште многу такви примери има.

Луѓето не бегаат од автобус затоа што не сакаат, туку затоа што им одзема двојно повеќе време од автомобил. Ревизијата на линиите не е луксуз човече. Затоа е градот таков каков што е, хаотичен.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom