Jamiroquai во Скопје - 03.07.2011

Член од
31 јули 2008
Мислења
2.767
Поени од реакции
1.461
ОК, ако беа во салава и Балашевиќ и Џо Кокер и сите, зошто тогаш звукот бил ОК тогаш? Бил ОК, нели?
 
П

Паган-др

Гостин
Ќе го оставам постот на Паранормал да биде пример за тоа како не треба да изгледа еден пост на темава.

Продолжете со дискусија за концертов.
 
Член од
5 јули 2011
Мислења
1
Поени од реакции
2
PREZEMENO OD KIRILICA, KOMENTAR NA TEMATA JAMIROQUAI
Малку е да се каже дека сме шокирани од соопштениево што го имате добиено од "Борис Трајковски" поготово после предпладневниот разговор со директорот којшто буквално не молеше да не пуштаме соопштение во врска со акустиката на салата која не постои и невозможноста за организација на концерти тамо. Единствените светски концерти којшто се подалеку од Белград и Загреб во таа сала ги има организирано Авалон Продукција за да покаже дека во оваа земја и во таа сала може да настапат артисти коишто не се Цеца и Северина. Тоа се концертите на Underworld, ZZ Top, 50 Cent, Joe Cocker и Jamiroquai. Без овие концерти во таа сала настапувале Харис Џиновиќ, Жељко Јоксимовиќ, Цеца, Брена, Северина и Здравко Чолиќ.
Се испоставува дека организаторите на овие концерти се поголеми организатори од Авалон Продукција, а овие изведувачи се многу подобри и поквалитетни свирачи и пејачи од овие што сме ги работеле ние тамо, но има само една вистина. Во таа сала единствен концерт којшто имал нормален звук е концертот на Ѓорѓе Балашевиќ, исто во наша организација бидејќи сопственикот на рентал компанијата од Словенија три дена го местеше звукот и кажа дека нешто вакво страшно никаде во живот не видел, слушнал или доживеал. Можеби поради начинот на свирење на оркестарот на Балашевиќ тоа беше единствена светла точка во организирањето концерти во таа сала. Срамно е да се обвинува Авалон Дека не донел доволно звук и затоа под полна морална и материјална одговорност тврдиме дека:
"КОМПЛЕТНАТА ОПРЕМА ОД ПЕТОЧНОТО ШОУ НА ЈUDAS PRIEST И WHITESNAKE ВО БЕЛГРАДСКА АРЕНА, KOJA E 2,5 ПАТИ ПОГОЛЕМА ОД САЛАТА БОРИС ТРАЈКОВСКИ И ДЕКА ИСТАТА БИНА И ИСТАТА КОЛИЧИНА НА ЗВУК И СВЕТЛО ЌЕ СЕ КОРИСТАТ НА ГЛАВНАТА СЦЕНА НА EXIT ФЕСТИВАЛ 2011-ТА ГОДИНА". Да не заборавиме да напоменеме дека со оваа продукција ги работевме концертите на Iron Maiden во Белградски Саем и во Белградска Арена на кои присуствуваа 3 пати повеќе посетители одколку на вчерашниот концерт. И ако на ниеден од споменатите концерти немало никаква замерка за озвучувањето како е можно тоа озвучување секаде да свири освен во Борис Трајковски.
Кратко резиме: Никогаш повеќе во Борис Трајковски додека не се среди акустиката што значи дека македонската публика ќе биде лишена од светски концерти во затворен простор со што се отвара слободен простор да се реализира предвидената турбо фолк агенда во салата во наредниот период.
Уште една мала напомена во текот на минатата година на наша иницијатива и на наш трошок го донесовме во спортскиот центар Борис Трајковски, проф. Миомир Мијиќ, најугледниот балкански акустичар, да изврши мерење и да ја испита акустиката во спортскиот центар Борис Трајковски. Професорот заедно со своите асистенти утврди дека во салата има "ехо" или "delay" во времетраење од 9-12 секунди.
Заради информација, според светските стандарди за добар звук и одржување на концерт, максималното дозволено каснење е 2-3 секунди. Повторно на наше барање и на наш трошок професорот Мијиќ изработи проект за акустична санација на објектот. До денешен ден од спортскиот центар "Борис Трајковски" не прифаќаат тој да се реализира, а повеќе од очигледно е дека не превземаат никакви чекори проблемот да го решат. Уште да ве информираме дека професорот Мијиќ ја има изработено акустиката и во Белградска Арена, која исто така е наменета пред се за спортски настани, и каснењето на звукот го има намалено од 12 на пропишаните 3 секунди. За се претходно наведено имаме релевантни докази, па ако некој е заинтересиран спремни сме да му ги презентираме,
Авалон Продукција
Другар, посебно ме мотивираше твојов пост за прв пут да се регистрирам на Кајгана и да пишам. И ја се слагам дека таа сала за концерт ја бива отприлика колку и купачи костим што го бива да ти држи топло на Гренланд. Само една работа не ми е јасна. Ако ова е вистина:

„Уште една мала напомена во текот на минатата година на наша иницијатива и на наш трошок го донесовме во спортскиот центар Борис Трајковски, проф. Миомир Мијиќ, најугледниот балкански акустичар, да изврши мерење и да ја испита акустиката во спортскиот центар Борис Трајковски. Професорот заедно со своите асистенти утврди дека во салата има "ехо" или "delay" во времетраење од 9-12 секунди. Заради информација, според светските стандарди за добар звук и одржување на концерт, максималното дозволено каснење е 2-3 секунди. Повторно на наше барање и на наш трошок професорот Мијиќ изработи проект за акустична санација на објектот. До денешен ден од спортскиот центар "Борис Трајковски" не прифаќаат тој да се реализира, а повеќе од очигледно е дека не превземаат никакви чекори проблемот да го решат.„

онда побогу зашто па баш таму решивте да го праите концертов? Колкав IQ треба да имаш за да не ти текне дека прошлата година баш тоа си го разгледувал и дека баш горново си го заклучил? Па и краставици и марули да имавте у главите уместо мозоци требаше да ви текне дека ова ќе се деси. И сеа ќе ми продавате овакви за бубрези како не чини салата и раководството е лошо пошто нејќе да реновира? Што му фалеше на саем?

Јес да не ви е лесно и на вас коа ни е пуна земјава со сељачишта што петлето им пее само на Цеца, Чола и остала братија, па не можете ни 5000 карти да продадете за Jamiroquai, али знаеш што? Ама ич не е тоа мој проблем. Сто пати боље решење е да го откажете концертот и никад више да не донесете никој овде отколку вакви фијаска да се дешаваат. Сва среќа што лани си отидов да ги гледам (и слушам) Jamiroquai у Виена (додуше селце едно у близина на Виена), па некако не сум многу разјарен сега. Ама ова е апсолутно последен концерт на кој што јас се појавувам во Македонија. Ќе си идам ко чоек кај било надвор од ова гето и ќе си добивам квалитет за парите што ги плаќам. А вие слободно може да се фатите сите за уши и орце да си заиграте. На музика од Цеца фала богу...
 

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.489
Ја загубил капата со пердуви на афтер парти хаха ќе ја видиме кај некое циганче на семафор.
 

King B

Bears. Beets. Battlestar Galactica.
Член од
24 јануари 2011
Мислења
1.801
Поени од реакции
4.076
Здраво Кајганџии :) Одамна го немам посетено форумов па ова ми се виде како погодна прилика. Ме интересираат мислења; бевте ли на концертот на Џамироквај во спортскиот центар Борис Трајковски? Ви се допадна? Коментари за изведувачите, озвучувањето, атмосферата, картите? :)
 

Acid

Frontman
Член од
22 јануари 2005
Мислења
35.179
Поени од реакции
34.370
Здраво Кајганџии :) Одамна го немам посетено форумов па ова ми се виде како погодна прилика. Ме интересираат мислења; бевте ли на концертот на Џамироквај во спортскиот центар Борис Трајковски? Ви се допадна? Коментари за изведувачите, озвучувањето, атмосферата, картите? :)
Темата веќе постоеше, ти го префрлив мислењето во неа :)
 
Член од
20 мај 2008
Мислења
961
Поени од реакции
41
Дека затаија со озвучувањето, вистина е. Пеењето на Џеј Кеј беше само како некое гласно ехо... За сцената и за енергијата на бендот е излишно да се коментира. Јас се изнаскокав, се изнапеав, иако очекував поспектакуларно да биде и публиката повеќе да “соработува“. Повеќе од половина присутни не знаеја ни песна од Џамироквеј (не знам зошто воопшто доаѓале). И факт е дека Иван Раденов во фан-пит делот беше поголема атракција отколку бендот на сцената.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom