- Член од
- 31 јули 2008
- Мислења
- 2.808
- Поени од реакции
- 1.529
ОК, ако беа во салава и Балашевиќ и Џо Кокер и сите, зошто тогаш звукот бил ОК тогаш? Бил ОК, нели?
Другар, посебно ме мотивираше твојов пост за прв пут да се регистрирам на Кајгана и да пишам. И ја се слагам дека таа сала за концерт ја бива отприлика колку и купачи костим што го бива да ти држи топло на Гренланд. Само една работа не ми е јасна. Ако ова е вистина:PREZEMENO OD KIRILICA, KOMENTAR NA TEMATA JAMIROQUAI
Малку е да се каже дека сме шокирани од соопштениево што го имате добиено од "Борис Трајковски" поготово после предпладневниот разговор со директорот којшто буквално не молеше да не пуштаме соопштение во врска со акустиката на салата која не постои и невозможноста за организација на концерти тамо. Единствените светски концерти којшто се подалеку од Белград и Загреб во таа сала ги има организирано Авалон Продукција за да покаже дека во оваа земја и во таа сала може да настапат артисти коишто не се Цеца и Северина. Тоа се концертите на Underworld, ZZ Top, 50 Cent, Joe Cocker и Jamiroquai. Без овие концерти во таа сала настапувале Харис Џиновиќ, Жељко Јоксимовиќ, Цеца, Брена, Северина и Здравко Чолиќ.
Се испоставува дека организаторите на овие концерти се поголеми организатори од Авалон Продукција, а овие изведувачи се многу подобри и поквалитетни свирачи и пејачи од овие што сме ги работеле ние тамо, но има само една вистина. Во таа сала единствен концерт којшто имал нормален звук е концертот на Ѓорѓе Балашевиќ, исто во наша организација бидејќи сопственикот на рентал компанијата од Словенија три дена го местеше звукот и кажа дека нешто вакво страшно никаде во живот не видел, слушнал или доживеал. Можеби поради начинот на свирење на оркестарот на Балашевиќ тоа беше единствена светла точка во организирањето концерти во таа сала. Срамно е да се обвинува Авалон Дека не донел доволно звук и затоа под полна морална и материјална одговорност тврдиме дека:
"КОМПЛЕТНАТА ОПРЕМА ОД ПЕТОЧНОТО ШОУ НА ЈUDAS PRIEST И WHITESNAKE ВО БЕЛГРАДСКА АРЕНА, KOJA E 2,5 ПАТИ ПОГОЛЕМА ОД САЛАТА БОРИС ТРАЈКОВСКИ И ДЕКА ИСТАТА БИНА И ИСТАТА КОЛИЧИНА НА ЗВУК И СВЕТЛО ЌЕ СЕ КОРИСТАТ НА ГЛАВНАТА СЦЕНА НА EXIT ФЕСТИВАЛ 2011-ТА ГОДИНА". Да не заборавиме да напоменеме дека со оваа продукција ги работевме концертите на Iron Maiden во Белградски Саем и во Белградска Арена на кои присуствуваа 3 пати повеќе посетители одколку на вчерашниот концерт. И ако на ниеден од споменатите концерти немало никаква замерка за озвучувањето како е можно тоа озвучување секаде да свири освен во Борис Трајковски.
Кратко резиме: Никогаш повеќе во Борис Трајковски додека не се среди акустиката што значи дека македонската публика ќе биде лишена од светски концерти во затворен простор со што се отвара слободен простор да се реализира предвидената турбо фолк агенда во салата во наредниот период.
Уште една мала напомена во текот на минатата година на наша иницијатива и на наш трошок го донесовме во спортскиот центар Борис Трајковски, проф. Миомир Мијиќ, најугледниот балкански акустичар, да изврши мерење и да ја испита акустиката во спортскиот центар Борис Трајковски. Професорот заедно со своите асистенти утврди дека во салата има "ехо" или "delay" во времетраење од 9-12 секунди.
Заради информација, според светските стандарди за добар звук и одржување на концерт, максималното дозволено каснење е 2-3 секунди. Повторно на наше барање и на наш трошок професорот Мијиќ изработи проект за акустична санација на објектот. До денешен ден од спортскиот центар "Борис Трајковски" не прифаќаат тој да се реализира, а повеќе од очигледно е дека не превземаат никакви чекори проблемот да го решат. Уште да ве информираме дека професорот Мијиќ ја има изработено акустиката и во Белградска Арена, која исто така е наменета пред се за спортски настани, и каснењето на звукот го има намалено од 12 на пропишаните 3 секунди. За се претходно наведено имаме релевантни докази, па ако некој е заинтересиран спремни сме да му ги презентираме,
Авалон Продукција
Темата веќе постоеше, ти го префрлив мислењето во неаЗдраво Кајганџии Одамна го немам посетено форумов па ова ми се виде како погодна прилика. Ме интересираат мислења; бевте ли на концертот на Џамироквај во спортскиот центар Борис Трајковски? Ви се допадна? Коментари за изведувачите, озвучувањето, атмосферата, картите?