„Јаката Партија“ од Косово

  • Креатор на темата Креатор на темата Dardan-ia
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
30 ноември 2007
Мислења
7.481
Поени од реакции
5.949
Сосема различен кандидат за градоначалник: Целта ми е да добијам власт и да се збогатам!


Висар Арифај е кандидат за градоначалник на Приштина кој признава дека целта му е да се збогати, нема ништо против корупцијата и непотизмот, и нема да се двоуми да ги троши парите на граѓаните. Партијата „Partia e Forte“ на Висар внесе нов дух на пародија, и стана вистински хит. Неговата партија нема членови - тој е претседател, сите други се потпретседатели.

http://kanal5.com.mk/vesti_detail.asp?ID=20135

Partia_e_Forte_Logo.svg

hqdefault.jpg


Лидерот на партијата
kreu.jpg



Во советничката листа на Јаката партија се претежно млади луѓе (највише уметници) , па и подршката ја имаат од младите.
Се служат со пародија и сатира.

А политичките постери не се како на останатите , и тука се посебни

1385007_530817797003217_1702420908_n.jpg


1374942_522606301157700_473146836_n.jpg



За разликата од другите кои имаат 70%мажи и 30% жени , кај овие е спротивното.

Овие ветуваат дека кога ќе дојдат на власт првин ќе работат за себе , потоа за семејството , и на крај ако остане нешто и за народот.
Ветуваат дека кога ќе дојдат на власт ќе работат за лично збогатење.
Првата работа што ќе ја направат ќе биде фрлање на сите ствари од канцеларија , и купување нови.
Некои болести ќе ги прогласат илегални , за да се намали бројот на заболени статистички.
Ќе го сменат Уставот , за да можат и лицата под 35 години да станат претседатели на држава (пошто сегашниот не ги исполнува, има 26)

Ветија изградба на писта за Формула1 , во вредност од 900 милиони.

За време на празникот Бајрам пуштија ваква политичка кампања
30 секунди мир подарок од партијата


1150778_527250964026567_1042454554_n.jpg
 
Бездомник неписмен од улица ќе се кандидира за градоначалник, туку сите такви се таму.
 
Ете ги патриотите оперирани од хумор. Браво за дечкиве, покажуваат дека и во ебаното Косово имаат повеќе смисла за хумор во политиката отколку кај нас, каде што е се сериозно и пак сме ебана заебанција за сите.
 
https://www.facebook.com/partiaeforte/photos_stream
Под секоја од фотките со советниците има опис. Прочитајте (ако треба и гугл транслејт употребете, како на пример јас) и најдете си омилен лик.

Дали е ова шега, или навистина се какдираат, не би можел да кажам, бидејќи кампањата ја фураат по стандарди.

1375076_534749616610035_567888810_n.jpg

1378764_534878876597109_1962719527_n.jpg
 
Им фали уште оној стариот да гукне „А где је печат?“ :pos:


Вакво нешто кај нас јок. Или ќе загинат во чудна сообраќајка каде што поради невремето во западен Таџикистан се преметнал џип на Е-75 или ќе им најдат некоја садница у подрум.
 
Стварно се фаци, нема што :D

Туку видете го оној на сликата кај што се тројца од лево :pos:
 
Ах овој наш чудесен Балкан...

Но сериозно, и јас го делам мислењето на leandra. После сите "чесни" политичари кај нас - за овие одма би го дал гласот.
 
Одлично ги реметат случувањата на Балканот и политичките партии на овие простори. Ова е за поздрав. Само да не добијат навистина на избори, како хумористот во Италија, па после да се чудат што ги снашло :icon_mrgr:
 
Не знам каква им е политичката сцена таму, ама ако е калакурица како кај нас, тогаш ова им е права опција. Луѓево отворено зборат за она што другите го мислат а не го кажуваат. Косово треба да го цени тоа.
 
не верувам дека овие се нешто помалце стручни од нашиве
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom