Jустиниjана Прима

Член од
13 мај 2006
Мислења
78
Поени од реакции
1
Знае ли некоj нешто за град Jустиниjана Прима - VІ в.?
 

TpH_Bo_OkO

Трноризец
Член од
18 мај 2005
Мислења
11.537
Поени од реакции
878
АРХЕОЛОГИЈА

На Таорското Градиште во скопската Општина Зелениково

ТАЈНИТЕ НА ЕДЕН ГРАД СЕ УШТЕ МИТ


* Археолозите вклучени во истражувањата на овој локалитет постојано си го поставуваат прашањето: Ќе ја "најдеме" ли "Јустинијана Прима"?!
* Можеби се уште е рано да се констатира што конкретно нуди Таор, но веќе постојат показатели исклучителни за нашата историја.

Во близина на селото Таор, 20 километри јужно од Скопје, во непосредна близина на Зелениково е откриен археолошкиот локалитет со исто име (Таор). На овој локалитет пронајдени се, еден врз друг, слоеви на три населби од различни периоди. Едната е од праисториското време, од крајот на енеолитот, датирана во 3000 и 2000 година пред Христа, втората од доцноантичкиот период (IV - VI век по Христа), додека третата е од средновековниот период (IX - X век).

На Таор се очекуваат ексклузивни наоди

Иако локалитетот е откриен пред сто години (од англискиот патописец Артур Еванс), сепак тој се уште не е доистражен и крие во себе уште многу потврдувачи за нашата историја. Археолозите вклучени во истражувањата на овој локалитет постојано си го поставуваат прашањето: Ќе ја "најдеме" ли "Јустинијана Прима"?! Ваквите констатации им се наметнуваат поради сличноста на топонимијата на селото Таор со топонимијата на античкиот град Таорисиум каде што е роден по многу нешта најзначајниот владетел од доцноантичкиот период, царот Јустинијан Први. Извесниот факт дека тоа е местото на раѓањето на Јустинијан Први е токму она што нашите археолози ги концентрира најмногу да се позанимаваат со истражувањето на античкиот период на оваа населба.

ЈУСТИНИЈАНА ПРИМА?

Иако локалитетот е откриен пред еден век, сепак систематските истражувања започнаа пред две години од страна на Музеј на град Скопје. Она што е особено интересно во истражувањата на Таор е тоа што археолозите се надеваат дека тамошните откритија ќе ги доведат до фантастичниот град Јустинијана Прима кој, наводно, Јустинијан го изградил многу бргу по реизградбата на Таорисиум, и тоа во непосредна близина. Но, сепак за него историската и археолошката наука досега немат речиси никаков извесен факт дека воопшто постоел.
Од пишувањата на античкиот теоретичар Прокопиј, кој инаку бил биограф на Јустинијан Први, извесно е дека тој бил роден во Таор. Дека по големиот земјотрес во 518 година, чиј епицентар бил на местото на денешно Скопје, а во кој најмногу ќе настрада античко Скупи, тој сега веќе цар, решава да му се оддолжи на своето родно село и да го изгради повторно. Така се создала, според пишувањата на Прокопиј, оваа урбана и за тоа време сосема современа населба. Истиот Прокопиј, во своите биографски забелешки за Јустинијан Први вели и тоа дека тој набргу потоа, во сосема непосредна близина на Таор, го изградил и волшебниот град Јустинијана Прима. Интерсно е што Прокопиј во биографијата со чудење се прашува како е можно таков генијалец да се роди во една таква провинција каква што е Дарданија. За Јустинијана Прима во своите белешки Прокопиј кажува дека во градот биле изградени библиотеки, систем за водовод, градски чешми, плоштади, дека целиот бил во мермер и убавина.

Во двориштето се откриени расфрлани столбови

Археолозите, а меѓу нив најревносен истражувач на Таор е Киро Ристов, немаат објаснување зошто еден таков велелепен град, речиси под нашите нозе, се уште не е откриен. Но, се надеваат дека токму Таор ќе го каже одговорот. И тоа набргу. Од друга страна, Киро Ристов кажува и една претпоставка која се уште е само на ниво на размислување и без конкретни факти.

Јустинијан Први кој владеел повеќе од триесет години (од 527 до 565 година по Христа) и кој пред тоталниот распад на Римското Царство успеал на кратко повторно да го обедини, бил вистински визионер. Тој, имено, уште тогаш го осознал овој дел од светот (Балканот) точно онака како што денес го согледува современата политичка наука, како крстосница помеѓу Исток и Запад, како средба на две култури. Токму поради овој факт имал и амбиција да создаде религиска доминација. Да формира архиепископија која ќе и се наметне на Атинската, а ќе биде независна од Римската, на чија територија требало да се најде Јустинијана Прима како седиште на таа архиепископија. Но, архиепископијата на Јустинијан Први, иако функционира едно време независна канонски, никогаш не заживува сосема, бидејќи е оспорувана и од Исток и од Запад. Токму тој неуспех некои археолози ги наведува на размислата дека Јустинијана Прима, градот седиште на неговата архиепископија, бил само пуста желба и дека никогаш не е ни изграден.

ДВИЖНИ НАОДИ

Можеби се уште е рано да се констатира што конкретно нуди Таор, но веќе постојат показатели исклучителни за нашата историја. Досега се откриени две големи јавни градби чии објекти ги "дели" широка улица. За археолозите посебно е интересна првата градба која е една атриумска просторија. Тие се уште не се сигурни, но тоа може да биде дел од форум. Едната од градбите имала атриум - отворено предворје, со колонада од столбови на кои се потпирал тремот, а во двориштето откриле расфрлани столбови и базиси и два капитела (горни делови од столбови). Пронајдени се и околу 130 монети, фрагменти од керамички садови, оружје, орудие, воена опрема, крстови, женски накит, стаклени садови, прозорски стакла...

Дали Таор е родното место на Јустинијан Први?!

Она што е значајно во истражувањето на локалитетот Таор е што е утврдено дека населбата е градена плански, поточно дека има статус на урбанизирана населба. Материјалот со кој е градена е со неверојатен квалитет. Ѕидовите се со значителна дебелина и исклучително добро се зачувани. На места изгледаат дури и како да се конзервирани, вели Киро Ристов. Исто така, голем интерес кај нас предизвика периодот кога евидентиравме две фази на живеење. Првата населба, од IV век до крајот на V век, била урната за време на големиот земјотрес во 518 година. Втората, која "живуркала" до почетокот на VII век, ја обновил и ја изградил Јустинијан Први. Од фактите на теренот заклучуваме дека во изградбата имало "Царска интервенција". Инвестирал човек што бил моќен.

Архелогот Киро Ристов од Музеј на град Скопје посочува дека она што досега е откриено на локалитетот Таор дава надеж дека до некаков податок за постоењето на Јустинијана Прима, до некаква плоча со натпис или слично, сепак ќе се дојде.




Мислам дека е доволно
 
A

anaveno

Гостин
По најавата за археолошки истражувања на скопското Кале Потрага по раскошниот град на Јустинијан

Можно ли е една од најголемите загатки од минатото на Европа да биде разрешена среде Скопје?


По двовековни обиди на многу истражувачи, македонските археолози и историчари ќе се обидат да ја разрешат една од последните големи загатки од минатото на Европа - да го пронајдат раскошниот град Јустинијана Прима што го изградил императорот Јустинијан во шестиот век. Потрагата нема да почне на никое друго место туку на - скопското Кале!

Многу индиции укажуваат дека загадочниот град постоел токму на Калето, па деновиве во Собранието на Скопје беше обелоденет грандиозниот истражувачки проект што ќе го водат струњаци од Музејот на Македонија и од Филозофскиот факултет во Скопје, а работите ќе почнат на пролет. Всушност, по каков град ќе се трага на тврдините во центарот на Скопје?

Јустинијана Прима бил изграден во шестиот век од императорот Јустинијан , за кој постојат податоци дека е роден во Таурисион, каде што се наоѓа денешното село Таор во Скопско. Откако дошол на власт, во чест на својата мајка решил да изгради раскошен град. Според неговиот личен биограф и историчар Прокопиј, царот Јустинијан сакал да му се оддолжи и на своето родно место и го изградил овој град - споменик. Бил наречен Прима (Прва), бидејќи владетелот сакал овој град според убавината и раскошот да биде прв, односно водечки град во земјата.

Всушност, тој станал и архиепископско и управно седиште на големата префектура Илирик, која се протегала од Дунав па до Крит. Меѓутоа, по смртта на Јустинијан во 565 година значењето на градот се намалува, му се губи сјајот, а потоа, од почетокот на седмиот век, и трагите. И токму затоа, поради кусото (неколкудецениско) постоење, има малку податоци за него и станува загадочен.

За откривањето на местоположбата на овој град, кој бил голем, богат и значаен, има неколку претпоставки (во Јужна Србија, Охрид, Ќустендил), но најсигурните претпоставки, кои се засноваат врз научни сознанија, е дека тој се наоѓал на територијата на денешно Скопје.
Прво, ако Таурисион (Таор) е родното место на царот, логично е тој градот во чест на својата мајка да го изгради во непосредна близина. Второ, и хроничарот од тоа време Прокопиј наведува дека градот се наоѓал мошне близу до тврдината наречена Бедеријана, (денешно Бадер во Скопско), каде што имало место по име Таурисион.

Потоа и познатиот англиски научник сер Џон Артур Еванс (кој ја открил минојската цивилизација на Крит, а во минатиот век престојувал и во Скопје) и Хан тврдат дека Јустинијана Прима се наоѓал во близината на античкиот град Скупи.
 
A

anaveno

Гостин
Градот е наследник на епископијата Скупи, преземајќи ја нејзината јурисдикција, а последниве години македонските археолози открија и материјални остатоци (тврдини) од шестиот век кај денешните скопски села Таор и Бадер.

По уривањето на Скупи од земјотресот во 518 година, набргу во негова близина е изграден нов град - значи многу веројатно Јустинијана Прима, и за таа намена од Скупи е пренесен репрезентативниот градежен материјал, што е констатирано и од досегашните ископувања на Скупи. Како што наведува професорот Иван Микулчиќ, многу столбови и капители, довратници и надвратници, скалила, делкани блокови, украси од фасадите, односно само од театарот околу две илјади големи камени блокови се однесени по земјотресот во 518 година, време што се совпаѓа со градењето на Јустинијана Прима. А многу блокови, римски стели, ари, столбови, повторно употребени, и денес се гледаат вградени во ѕидот на Калето.

Челниот ѕид на Калето ја делел акрополата од станбениот простор - претпоставената Јустинијана Прима, ѕидот е обложен со повеќе илјади травертински блокови, а специфичниот преплетен слог овозможил да ги издржи сите војни и земјотреси во последните 1.400 години. Според сознанијата што ги презентира Микулчиќ, ваков градежен слог потекнува од шестиот век.
Тој вели дека во средновековниот град Скопје постоеле повеќе од дваесет цркви, потврдени со пишани документи. Ниту една од нив се уште не е откриена.

Но, при ископувањата за комунални потреби во Скопската чаршија, е увидено дека јадрото на стариот град лежел на просторот меѓу Калето, Мустафа - пашината џамија, црквата Св. Спас, обиколен исто со одбранбен ѕид. Под него се ширела неукрепена чаршија.
Забележаните цркви укажуваат дека тие биле градени во голем дел врз веќе постари урнати цркви, несомнено врз локацијата на Јустинијана Прима.

И тврдината Маркови Кули на источната страна на Водно, истражувана од 1976 до 1980 година, е изградена во шестиот век, најверојатно за потребите на раскошниот град на Јустинијан - како последна негова одбрана. Освен тоа, аквадуктот (римскиот водовод) што се наоѓа северно од Калето (кај Визбегово) е со градежни карактеристики кои потекнуваат од крајот на антиката, а како голема и скапа инвестиција се поврзува со градот на некогашниот император од Таор, кој многу веројатно лежи под земјените наслаги некаде во центарот на Скопје. И тоа не некаде под денешните бетонски станбени блокови, туку на Калето.

Дали конечно Скопското Кале ќе биде привлечно не само за прошетка на скопјани, туку и за македонските истражувачи и за домашната и меѓународна археолошка и воопшто историска наука?

Веќе два века се трага по Јустинијана Прима. Французите, заедно со своите српски колеги, учествуваа во ископувањата на Лебане во Јужна Србија, каде што некои претпоставуваа дека можеби се наоѓал овој град, но со никакви докази не ја потврдија својата претпоставка. И за другите претпоставени локации засега нема никакви докази. Единствено има за Калето.

Некои од нив датираат од поодамна, но во изминативе два века откако се интересираат научниците, не беше можно да се истражува на оваа локација. До првата балканска војна на Калето беше стационирана турска војска, а потоа југословенската воена команда, се до 1953 година. Сега Македонија има доволно стручњаци за еден грандиозен истражувачки зафат, но има поддршка и од градското собрание. Засега сосема доволно да се почне потрагата по раскошниот град на Јустинијан, за кој е многу љубопитна и европската наука. И навистина, можно ли е да ни се случи една од најголемите загатки од минатото на Европа да биде разрешена среде Скопје?
 
Член од
25 декември 2008
Мислења
1.877
Поени од реакции
1.089
Да ја размрдаме темава:)

АРХЕОЛОГОТ KИРО РИСТОВ ТВРДИ
ЈУСТИНИЈАНА ПРИМА Е ПОД СКОПСКАТА ЧАРШИЈА

Весна И. Илиевска

Загубениот град Јустинијана Прима веројатно се наоѓа под Старата скопска чаршија, вели археологот Kиро Ристов, кустос-советник во Музејот на град Скопје. Toa може да се потврди ако теренот се истражи, иако во археолошката наука, со децении се спротивставуваат две тези за таканаречената bалканска Атлантида. Едната е дека се наоѓа на локалитетот Царичин Град, кај Лебане, Србија, втората дека е близу Скопје. При неодамнешно патување во Србија, неколкумина кустоси низ музејски поставки и археолози го спомнаа Јустинијан, а како негово родно место го посочија токму Царичин Град, односно Јустинијана Прима.

Докрај неистражено

Ристов долги години ја истражуваше доцноантичката населба Таурисиум, кај скопското село Таор, каде што историографот Прокопиус запишал дека е роден Јустинијан Први (482 - 565), големиот император на Источното Римско Царство.

- Родното место на Јустинијан не е Јустинијана Прима, туку Тауресиум. Од Прокопиус знаеме дека тој ја направил Јустинијана Прима во близина на своето родно место. Според неговите кажувања, знаеме дека градот имал големи улици, убави згради и објекти. Но, дека Царичин Град е родното место на Јустиунијан не држи вода. Цел свет знае дека е роден во Тауресиум, кој не може да биде на исто место со претпоставките за Јустинијана Прима. Тоа се два различни поима, топонима. И едниот и другиот се влезени во историските списи, првиот како негово родно место, вториот како град што му го посветил на родното место - вели Ристов.

Според него, додека не се најде цврст доказ за локацијата на мистериозниот град, секој научник ќе ја тврди својата теорија. Тој беше дел од екипата што неколку години интензивно го истражуваше скопското Kале. Од ископувањата не добија резултати дека таму би можела да биде Јустинијана Прима, бидејќи пронајдоа малку остатоци од доцноримскиот период. Освен тоа, и тој локалитет е на височинка.

- Претпоставувам дека градот бил распослан под Старата скопска чаршија, од Kале до Султан Муратовата џамија и Саат-кулата. На Бит-пазар и во Чаршијата се случиле многу работи, а тој предел никогаш не бил сериозно истражен, до здрава земја, кога веќе не постојат културни слоеви. Сите археолози во извештаите не запишале дека до крај ги спровеле археолошките истражувања за да можат да увидат што има под слоевите - тврди Ристов.

Ристов вели дека во книгите на познатиот англискиот археолог Артур Еванс, кој во почетокот на 20 век престојувал во Скопје, има скица на Безистенот во Скопје. Во средината има дел од огромен објект - ѕид поголем од еден метар, со огромни арки, ѕидан по римскиот модел.

Масивни градби во подземјето

- Kога се градел хотелот „Арка“, на околу 3 метри длабочина градежниците пронашле објект со арки, кој сигурно не е од турскиот период, туку многу постар. На 18 метри длабочина наишле на полукружен објект, ѕидан од делкани камења и блокови. Пронашле и два бронзени сада од античко време. Во подрумите на црквата „Св. Спас“ има ѕид од 10-12 метри. Можно е Јустинијана Прима да е пред нашите очи, под нашите стапала - вели Ристов.

Сепак, додава тој, тоа не значи ништо ако не се направи какво било истражување. Тој е категоричен дека во последните десетина години во Скопје се градат многу нови објекти, се копаат страшни дупки, а археолозите, музеите, заводите за заштита на спомениците немаат никаков увид. Истражувања немаше ниту кога се градеше хотелот „Арка“.

- Слична теорија имаше и академик Блага Алексова, пред да почине. Таа беше најголем истражувач и веројатно човек што најмногу сакаше да ја открие Јустинијана Прима. Не тврдеше дека е во Чаршијата, но беше уверена дека е тука некаде, околу Скопје. Истражував да видам што се случувало во минатото. Тргнав од картите. Најдов мапа на Скопје од 1912 и од 1920 година. Улицата под денешната Самуилова, на Kале, се викала Јустинијанова. Сите други улици подолу се нарекувале Градиште и слично. Топонимијата била изменета по 1945 година, но си останале на мапата. Топонимијата ни е на прво место кога се бара некој локалитет. Можно е дека акрополата на тој град била токму на тоа место и оттаму да се спушта градот - вели Ристов.

СИТЕ ЦРКВИ СТАНАЛЕ ЏАМИИ
Остатоци од Јустинијана Прима се најдени дури до Саат-кулата од другата страна.

- Гледајќи го централното градско јадро на Старата чаршија, бездруго тука бил градот. Сосема може да се претпостави дека под нив има други објекти. Анот бил ан и тогаш и сега. Kога дошле Османлиите, сите цркви ги направиле џамии. Местата се исти, вели Ристов.

http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=B651B1A952DCBD4B810D979A9571C488
 
Член од
8 мај 2005
Мислења
542
Поени од реакции
76
Меѓу основните студии за Јустинијана Прима се:
- Бранко Гранић, Оснивање архиепископије у граду Jустинијана Прима (Гласник Скопског Научног Друштва, I/1925, с. 113-33)
- Пётр И. Лепорскиј «Историја Фессалоникского экзархата», Санкт-Петербург, 1901.

Има ли други, нови македонски публикации, и, по-важно, има ли нешто на интернет качено од нив?
 
Член од
29 декември 2007
Мислења
555
Поени од реакции
1.281
Меѓу основните студии за Јустинијана Прима се:
- Бранко Гранић, Оснивање архиепископије у граду Jустинијана Прима (Гласник Скопског Научног Друштва, I/1925, с. 113-33)
- Пётр И. Лепорскиј «Историја Фессалоникского экзархата», Санкт-Петербург, 1901.

Има ли други, нови македонски публикации, и, по-важно, има ли нешто на интернет качено од нив?
Василе, го имаш ли ова видено:
https://issuu.com/sonjcemarceva/docs/___________________________________/162
 
Член од
8 мај 2005
Мислења
542
Поени од реакции
76
благодарам. Има некои несогласувања мегју Зајковски и Гранич. Например, според Гранич солунскиот викариат бил поништен многу преди VI век. Ке мора да го прочета Зајковски по-детајлно.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom