Jуготон - онлајн продавница

Член од
15 јули 2007
Мислења
14.861
Поени од реакции
7.549
Уште се активни Југотон на Facebook, па таму кога прашував ми пишаа дека ќе имаат продавници (придружници или како и да се вика тоа) низ неколку градови и плус онлајн продажба.

За онлајн продавницата тој одговор го добив и многу поодамна и отворија таков сајт но гледам слабо функционира, не верувам некој да има купено нешто.[DOUBLEPOST=1563442576][/DOUBLEPOST]Почитувани пријатели, соработници, аудиофили и клиенти

Ве известуваме за обединувањето на „1/2 Југотон“ и „Југотон Рекордс“ кои продолжуваат да работат под името „Југотон“

Култното место „Југотон“ на простор од повеќе од 100 м2 нуди огромен избор на носачи на звук, винил плочи и компакт дискови, влезници за настани од брендот КупиКартиЗаСе, како и голем број други производи.
Нашиот модерно уреден простор, го има приматот на единствена музичка продавница во целата држава, како и најголема продавница со најбогат избор на музички наслови.

„Југотон“ има душа, но има и своја мисија.
„Југотон“ ја возобновува македонската музичка продукција и придонесува за развој на македонската музичка сцена. Како и досега, еден од нашите главни мотиви ќе биде давање несебична поддршка на сите македонски автори и изведувачи, особено на оние во подем. Воедно во нашата продавница ќе најдете огромен избор на евергрин и актуелни странски музички наслови. Во следниот период „Југотон“ ќе биде музичката продавница која ќе ги промовира насловите на сите популарни странски издавачки куќи, синхронизирано со светската музичка сцена.

Музичката продавница „Југотон“ постои од 1974 година и се наоѓа на истата локација во ГТЦ на 1 кат. Ова место е сврталиште на македонските музички доајени, популарните автори и изведувачи, аудиофили и сите останати музички фанатици. Ние носиме историја и оригиналност, но и одговорност за иднината.

Единствената асоцијација за „Југотон“ е местото каде постоиме повеќе од 40 години и бидете уверени дека продолжуваме понатаму.

Ваш Југотон
 
Последно уредено:

Kajgana Shop

На врв Bottom