Зошто секој еден искрен и чесен Македонец кој сака да си задржи до своето Македонско во себе и до она исконско и вековно Македонско на овој народ, веднаш е оквалификуван како Бугар?
Дали некој мој став, како чесен и искрен Македонец кој сака да си држи до своето е протумачен како бугар(аш/с)ки? Ете, нека се јави кој смета дека е повикан да одговори. Или па, можеби не сум чесен и искрен македонец.
Ма ја предлагам да се затвори темава, не е можна дискусија со вакво плукање, башка 50 евра казна сега се плаќа.
Ќе дојде време кога аргументите на едната страна или другата ќе дојдат до израз.
Тогаш тие што ќе имаат доблест ќе признаат дека грешеле и ќе прифатат вина за сите кажани навреди.
Ќе видиме барем кој има карактер.
Никогаш нема да дојде време кога ќе се договориме. Мислам, не во нашите животни векови. За да дојде до такво време, треба силна економска промена, некои 30 години за мало калибрирање на свеста и подесување на курсот, па потоа и помирување (односно, со твои зборови кажано - вадење на куровите на маса и признавање т.е. прифаќање вина).
Само, бидејќи сме во информатичко доба, а само полошо ќе станува уз годиниве.... Не сакам да помислам дека за 100 години нашите внуци ќе се срамат од нас.
А дека ќе затворам теми ради плукање меѓу Македонци - нема. Јас како дел од една администрација која е максимално либерална давам/е можност да се дискутира и да се пеглаат разлики или -па оштро да се спротистават ставови и да извлечеме една поука, повеќе или помалку оправдана од таа дискусија.
Што зборуваат фактите?
1.Нова Македонија јавува дека на АСНОМ се пеела Изгреј зора на с/в/л/ободата.
2.Музиката е напишана од бугарин, текстот од.....неможам да се сетам кој, Коста Солев прави препев т.е. превод на Македонски.
Со оглед на тоа дека доколку ме служат меморијата и логиката добро (Рацин гине 43-та), песнава се пеела на АСНОМ на Македонски а не на бугарски? Значи, била преведена со причина пред АСНОМ. Едноставно и без тупење, може да заклучиме дека Рацин ја земал како добра ударничка песна, сметал дека ќе подигне морал и ја превел(или па веќе се пеела, овој напрајл превод).
По оваа логика и Марсељезата или Дојчланд Ибер Алес да ги превеле, пак ќе биле мотивирани - а делото ќе било исто - позајмување туѓа песна и користење на моќта на мелодиката и текстот, ритмиката и хармонијата, проткаено со симболиката, за мотивација на борците.
Ќе било делото исто, доколку тој наш "братски" комшиски народ од кој сме ја земале песната (народ кој силом прилике, ради ова или она историски бил покурназ од нас, и честопати се поставил во ситуација да не негира, анектира, асимилира) и ден денес тврди дека Македонците се Бугари, дека Македонскиот јазик не постои него е дериват на бугарскиот. Поранешниот Македонски премиер Љубчо Георгевски, херојот на поборниците за самостојна македонија, македонскиот Че Гевара во раните 90-ти - денес има бугарски пасош и за мене е ништо повеќе од потенцијално шизофренично предавничко гомно, поради тоа. (не само) Емоционалните конекции помеѓу македонските политичари и бугарските политици кои алудираат на "мижи асан да ти баам" политика за самобитност и некакви национални борби на кои се алудира (кога е позната една поинаква позадина - се причина, барем кај мене, за резистентност и емоционален немир при согледување на фактиве, бидејќи од сите страни фрчат ножеви, мајки и шајки - а како реков, тоа ќе потрае според мене уште добри 30-50 години.
Дај Боже да не сум во право.
3. Песната како песна е тотално непозната за 80% од македонците со сигурност - што е причина плус огромен дел од нив од старт да ја прогласат за туѓа. Причините за тоа се (со голема доза на можна реалност) политиките кои завладеале на овие простори како резултат на епилогот по втората светска војна. И тоа е така, како факт.
-----------
Заклучок: Сомнително потекло. Ајде да гледаме од денешен аспект. Точно е дека мора да ја цениме и почитуваме историјата, ама не сметам дека тоа треба да го правиме преку нивото кое самите нас не претвора во нови вардарци, Пиринци и Егејци грабнати на три фронта да се борат меѓу себе. Еднаш не распарчиле, не смееме да дозволиме повторно да се случи тоа.
Ако ја отфрлиме песната, како бугарска - никаков зијан кај Македонците нема да направиме. Кај бугарашите, емоционално пореметување до некоја нова песна, нова панихида или нов споменик - за лечење на тоа емоционално пореметување. Кај оној македонец кој силно верува дека е песната наша и заслужува истакнување, разочараност.
Ако ја прифатиме, априори отфрлајќи секакви двојби за потеклото, него како фактичка химна на АСНОМ - Бугарашите ќе се задоволни, македонците кои веруваат дека е наша песна, такуѓере (дебатите со бугарите ќе продолжат долго после тоа), а македонците во глобала ќе се збунети и ќе треба долго време да се објаснува и појаснува зошто нешто што наликува на негација на Македонизмот, сега се истакнува како најмакедонското нешто што воопшто се случило (бар на полето на музиката) последниов век?
Многу работа треба да се направи за да се расчистат некои сомнежи од минатото. Многу години треба да поминат за на луѓето или да им биде гајле за истите работи,или да го променат начинот или аголот на гледање кон работите. А, пак, некои работи ВЕЧНО ќе останат во сомнеж, просто поинаку не може да биде - освен доколку не се случи некое ново Сан Стефано, па некому сето ова да му заличи на совршено логичен епилог на една сага.
Ситуацијава ми личи како Дејвид Коперфилд да не натера да му најдеме игла во неговиот стог сено. И, пак ќе речам... Бог нека ни е напомош, Македонијо. Не сакам да звучам катаклизмично, но едноставно за толкувањата на овој дел од историјата кој влијае силнои ден денес... немам позитивна мисла.